Филипини, официјалноРепублика Филипини — островска нација воЈугоисточна Азија. Се состои од архипелаг со 7.641 остров наВисајските Острови[5] кој се состои од три дела:Лусон,Висај иМинданао. Главниот град еМанила, додека најголемиот град еКесон; двата града заедно ја формираат метрополитенската област Манила.
На север од Филипините преку Лусонското Море е Тајван;Виетнам се наоѓа на западната страна одЈужнокинеското Море; кон југозападотСулското Море ги одвојува Филипините од островотБорнео, аЦелебеското Море одделува од други индонезиски острови; кон исток излегува наФилипинското Море. Со оглед на тоа што се наоѓа во Тихиот Океан и во близина на екваторот, Филипините се изложени на земјотреси и тајфуни, но изобилуваат со големи природни ресурси, што ги става меѓу земјите со најразновидна флора и фауна. Со површина од околу 300.000км2, Филипините се 64. држава по големина во светот.
Филипините имаат 100 милиони жители,[6] што ги прави седми во Азија и на дванаесеттото место во светот. Филипинската дијаспора е една од најбројните и се проценува дека околу 12 милиони Филипинци живеат надвор од матичната држава. Постојат многу етнички групи кои живеат на филипините. Првите жители биле Негритите кои се населиле уште вопраисторијата. По нив, австронезијските народи пристигнале во неколку наоди. Во текот на вековите тука се населиле припадници на различни народи и нации, и за тоа придонела трговијата со кинезите, малајците, индијците и со исламските земји.
Филипините беа именувани по шпанскиот кралФилип II. Шпанскиот истражувач Руј Лопес во 1542 година,островите Лејтер и Самар, ги нареколФелипинас по принцот од Австрија, така што терминотЛас Ислас Филипинас започнал да се користи за целиот архипелаг. Пред прифаќањето на ова име, архипелагот е исто така познат какоИслас дел Пориенте (островите на запад), а исто така е користено и името кое го дал Магелан,Сан Лазаро.[7][8][9][10][11]
Во текот на историјата овој архипелаг го променил своето име неколкупати. За време на Филипинската револуција, Конгресот на Малолос ја прогласил под иметоРепублика Филипини (шпански:República Filipina). Во првите децении наXX век, американските колонијални власти оваа држава ја нарекувалеОстрови Филипини (англиски:Philippine Islands), што е превод на шпанското име. Од крајот наВтората светска војна, официјалното име за оваа земја еРепублика Филипини.[12]
Старите доселеници ги нарекле Филипините Дајав, па така е донесен предлог колонијалното име да биде заменето со Република Дајав,[13] покрај другите предлози.
Филипините сеархипелаг кој опфаќа 7.107 острови со површина од околу 300.000км2.[14] Единаесетте најголеми острови заземаат 94% од површината на Филипините. Двата најголеми острова сеЛусон, кој опфаќа 105.000 км2 иМинданао, со површина од 95.000км2. Должината на брегот е 36.289 км, што ги прави Филипините петти во светот.[15] Филипинскиот архипелаг се наоѓа помеѓу 116 ° 40 ', и 126 ° 34' ИГД и 4 ° 40 'и 21 ° 10' ТСВ. Кон исток, се граничи соФилипинското, кон запад соЈужнокинеското и на југ со Целебеското Море . ОстровотБорнео се наоѓа на само неколку стотици километри југозападно, додека Тајван се наоѓа северно од Филипинскиот архипелаг. Молучка и на островитеСулавеси се наоѓаат јужни и југозападно, додека Палау се наоѓа источно од Филипините.[1]
Островите на Филипинскиот архипелаг имаат вулканско потекло и главно се ридски. Во нив доминираат тропските дождовни шуми. Највисоката планина е планината Апо, со висина од 2954 метри, на островотМинданао. Најдолгата река е Кагајан, на север од островотЛусон, додека Лагуна де Бај е најголемото езеро на островот. Поголеми заливи на Филипинскиот архипелаг се Субик, Давао и Моро .
Земјиште на стрмните планини на северот на Филипините
Тајфунот Меги(исто така познат какоХуан ) над Филипините
Филипините имаат умерена тропска клима која се одликува со голема влажност и топлина. Филипинскиот архипелаг има три сезони:таг-init илитаг-арав ,оваа сезона е сува и многу пријатна сезона која трае од март до мај; дождовната сезона е од јуни до ноември; итаг-lamig, ладно и суво време и трае од декември до февруари. Од мај до октомври, југозападниот дел на архипелагот е изложен на монсун познат како Хабагат, додека монсунот Амихан е присутен на североисток од ноември до април.[16] Температурата најчесто се движи од 21 до 32 °C, иако може да биде значително повисока или пониска во зависност од сезоната. Најстуден месец е јануари, додека најтопол месец е мај.[17]
Просечната годишна температура е 26,6 °C.[16] Без оглед на географската широчината и должината температурните варијации на нивото на морето се минимални, додека со промената на надморската висина ова не е случај. Просечната годишна температура во Баги, на надморска височина од 1500 метри, изнесува 18,3 °C.
Филипините се демократска република со претседателски систем на власт.[18] Тие се унитарна држава, со исклучок наАвтономниот регион во муслиманскиот Минданао, кој во голема мера е исклучен од надлежноста на републиканската влада. Од владеењето на Рамос, имало обиди за промена на организацијата на владата, со тоа што државата станала федерализирана.[19][20]
Во земјата живеат 88,5 милиони жители,по податоците од 2007та година.Тие се делат на 50 етнички групи меѓу кои најбројни се Тагали околу 30%,Илокано,Моро...Од доселеници најбројни се кинезите со околу 1,5 милиони.Со доаѓањето на Шпанците на овие простори придонело до ширење на христијанството,па така денес околу 95% од Фиилипинците се христијанска вера.Најповеќе се каотолици со околу 85%,6% се припадници на филипинската црква,4% се протестанти,додека во останатиот мал дел се со исламска вероисповед. Како службени јазици се англискиот и филипинскиот(стандардизиран јазик заснован на јазикот тагалог).Овие два јазика често се комбинираат во јавниот живот и медиумите.
Филипинската економија е една од најразвиените земји во АСЕАН, но на светско ниво се смета за земја во развој. Голем процентот на работоспособното население, кое работи во текстилната индустрија и во производството на облека и обувки. Од земјоделските производи најмногу се извезувааториз,чај,рум,кафе,банани, какао иананас.Исто така се извезуваат и пластика, играчки,месо,риба, особенотуна,чили ипиперки,компир,кокос и така натаму. Земјата има значителни количини наруда инафта.
12„Climate“.Philippines: A Country Study. U.S. Library of Congress. Посетено на 17 декември 2014.
↑„Weather“. lonelyplanet.com. Архивирано одизворникот на 2017-09-10. Посетено на 17 декември 2014.
↑„Country description“.US State Department Website. US State Department Website. January 2012. Архивирано одизворникот на 3 јануари 2012. Посетено на 24 јануари 2012.
↑Robles, Alan C. (July–August 2008).„Civil service reform: Whose service?“.D+C. Internationale Weiterbildung und Entwicklung [InWEnt].49: 285–289. Архивирано одизворникот на 2 декември 2008. Посетено на 26 ноември 2014.