Роден е на 13 август 1926 (според некои 1927) во Мајари во провинцијата Ориенте. Татко му бил сопственик на плантажа со шеќерна трска со површина од 23.000акри. Во младоста Фидел посетувал две езуитски училишта - Ласал и Долорес, и двете воСантјаго де Куба. Во 1942 се запишал во езуитското училиште воХавана и успешно го завршил во 1945.
Во 1950 завршил правни науки на Универзитетот воХавана. По завршувањето на факултетот Кастро планирал да се кандидира за пратеник во кубанскиот парламент на изборите закажани за 1952, но генералотФулгенсио Батиста извршил воен удар и ги откажал изборите. Заедно со група истомисленици на 26 јули 1953 тој извршил напад врз касарната во Монкада. Нападот бил неуспешен и Кастро бил затворен. Во затвор останал до 1955. По напуштањето на затворот Кастро прво отпатувал заСАД, а потоа и заМексико, каде што го организирал револуционерното движење наречено “26 јули”.
Во 1956 заедно со група истомисленици, меѓу кои иЕрнесто Че Гевара и брат муРаул Кастро, се истоварува на брегот на Куба и ја поведува борбата против диктатурата на Батиста. Во тоа време неговото движење застапува општи демократски принципи и не се залага за воведување на комунизам. Напротив, тогашната кубанска комунистичка партија не се согласува со начинот на водење на борбата и со целите на движењето на Кастро и го нарекува “ситно-буржоаско”. На почетокот на1959 силите на Кастро навлегле во Хавана и диктатурата на Батиста била соборена.
На почетокот на своето владеење Кастро не спроведувал радикални општествени реформи. Дури и не бил непријателски расположен кон САД. Но поради притисоците од масите, Кастро почнал да презема мерки кои одеа против интересите на американскиот капитал во Куба. Голем удар на американскиот капитал на Куба бил национализацијата на нафтените рафинерии во 1960, по што САД престанале да купуваат кубански шеќер и вовеле економско ембарго кон Куба. Уште повеќе, почнале да ги организира кубанските бегалци за насилно соборување на Кастро од власт, што кулминирало со фијаското со истоварувањето воЗаливот на свињите во1961.
Притисоците од страна на САД го тераат Кастро да се приближи доСССР. СССР почнал да го купува кубанскиот шеќер, многу важен за целатакубанска економија, но за тоа барале и противуслуги. Меѓу нив беше инсталирањето на советски балистички проектили со долг дострел на Куба, што во1962 предизвикало тешка криза во односите помеѓу САД и СССР позната како “Кубанска криза”.
Во меѓувреме Кастро успеал да ја зацврсти својата власт на Куба при што посебен акцент бил ставен врз обезбедувањето на основните економски и социјални права на Кубанците, во што беше постигнато несомнено многу. Инаку, и покрај тоа што кубанскиот тип накомунизам е несомнено тоталитарен, тој е еден од најмалку репресивните системи споредено како со останатите екс-комунистички земји така и со некомунистичките диктатури одЛатинска Америка, често непосредно поддржани од САД.