Movatterモバイル変換


[0]ホーム

URL:


Прејди на содржината
ВикипедијаСлободна енциклопедија
Пребарај

Фалтичени

Координати:47°27′35″N26°18′0″E / 47.45972°N 26.30000°E /47.45972; 26.30000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Фалтичени
Fălticeni
Град
Од горе надолу, од лево кон десно: Колеџ Нику Гане, Домот на значајни личности, Градско собрание, Музеј на вода Михај Баческу, Градинка, Музеј на уметноста Ијон Иримеску
Од горе надолу, од лево кон десно:
КолеџНику Гане, Домот на значајни личности, Градско собрание, Музеј на водаМихај Баческу, Градинка, Музеј на уметностаИјон Иримеску
Грб на Фалтичени
Грб
Фалтичени is located in Романија
Фалтичени
Фалтичени
Местоположба на Фалтичени
Координати:47°27′35″N26°18′0″E / 47.45972°N 26.30000°E /47.45972; 26.30000
Држава Романија
ОкругСучава
Управа
 • ГрадоначалникКаталин Коман
Површина
 • Вкупна28,76 км2 (1,110 ми2)
Население(попис од 2011)[1]
 • Вкупно24.619
 • Густина856/км2 (2,220/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето(ЛСВ)EEST (UTC+3)
Мреж. местоOfficial site

Фалтичени — град во округотСучава, североисточнаРоманија. Градот се наоѓа на историскиот регионМолдавија.

Фалтичени е втора најголема градска населба во округот, со население од 24,619 жители, според пописот од 2011 година. Градот бил прогласен за општина во 1995 година, заедно со два други града во округот Сучава:Радауци иКимпулунг Молдованеск. Фалтичени покрива површина од 28,76 км2, од кои 25% се насади и езера, и управува две села: Шолданешти и Тарна Маре. Тој бил главен град на поранешниот округ Баја (1929-1950). Градот е познат по многутте романски писатели, уметници и сценаристи кои биле родени, живееле, студирале или твореле тука.

Географија

[уреди |уреди извор]

Фалтичени се наоѓа на јужниот дел од округот Сучава, 25 километри одСучава, главниот град на округот. Европскиот автопат Е85 поминува низ градот. Фалтичени е поврзан во романскиот национален жечезнички систем, преку станицата воДолхаска (оддалечена 24 километри). ГрадотРоман е 80 километри јужно, на автопатот Е85.

Историја

[уреди |уреди извор]

Најраниот запис за селотоФолтичени потекнувал од март 1490 година, а вториот од март 1554 година, когамолдавскиот принцАлександар Лопушанин го подарил имотот и селото на манастирот Молдовица.

Фалтичени првпат бил споменат како градска населба во август 1780 година како Град Шолданешти (Târgul Şoldăneşti), по името на имотот на локаленболјарин, во документ издаден од кабинетот на принцотКонстантин Морузи. Во март 1826 година, во декрет издаден од принцотИјон Стурдза името на градот било променето во Фалтичени.

Фалтичени бил бомабрдиран одБолшевиците во текот напрвата светска војна.[2]

Меѓу 1929-1950, Фалтичени бил главен град на поранешниот округ Баја. Од 1950 година градот е дел од округот Сучава.

Демографски податоци

[уреди |уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
19128.637—    
193014.096+63.2%
194810.563−25.1%
195613.305+26.0%
196617.839+34.1%
197720.656+15.8%
199232.807+58.8%
200229.787−9.2%
201124.619−17.3%
Извор: Податоци од пописи

Фалтичени го достигнал врвот во поглед на бројот на жители во 1992 година, кога речиси 33,000 лица живееле во рамките на градот.Според пописот од 2011 година, во градот живелее 24,619 лице, што претставува намалување на бројот на жители од претходниот попис од 2002 година, кога во градот живееле 29,787 лица.

Во 2011 година, од вкупното население во градот, 98.15% билеетнички Романци, 0.76%Роми, 0.75%Руси иЛиповани, 0.07%Унгарци, 0.04%Германци, 0.02%Украинци и 0.01%Полјаци.

Фалтичени е втор најнаселен град во округотСучава, по истоимениот главен град.

Култура

[уреди |уреди извор]
Музејот на уметностаИјон Иримескиу

Во Фалтичени има четири музеи. Во музејот на уметностаИјон Иримескиу е сместена најголемата збирка на уметнички дела на уметникотИјон Иримеску, еден од најголемите вајари и изработувачи на скици во Романија, како и член наРоманската Академија. Објектот на музејот е историски споменик, којшто датира од средината на 19. век и бил користен за различни намени сè до 1974 година, кога станал музеј на уметноста. Во 1974 година, Ијон Иринеску преземал иницијатица да основа музеј, првично како дел од музејот на градот и дал неколку донации. Подоцна вредноста на збирката пораснала, моментално е најбогата авторска збирка, и во 1991 година бил отворен независен музеј. Збирката се состои од најрепрезентативните дела на вајарот Иринеску: 313 скулптури и 1000 цртежи. Во музејот исто така е вклучена личната библиотека на уметникот (1500 тома).[3]

Музејот на водаМихај Баческу бил основан во 1982 од романскиот зоологМихај Баческу, кој исто така бил член на Романската Академија. Овој музеј на природни науки претставува подобрување на првиот музеј основан во Фалтичени, во 1914 година, од професорот Васил Куреа.[4]

Фалтичени е роден град на семејството Ловинеску, од кое потекнуваат четири видни автори од 20. век: литературниот критичарЕуген Ловинеску, драматурготОрија Ловинеску, езотеристот Василе Ловинеску и писателотАнтон Холбан. Семејството Ловинеску е заслужно за основање на меморијален музеј во Фалтичени, Домот на значајни личности. Музејот бил отворен во 1972 година и претставува синтеза на културниот и интелектуалниот живот во градот.[5]

Класичарите нароманската литература, какоИјон Креанга,Михаил Садовану,Василе Александри, иНикола Лабиш, во одреден дел од својот живот студирале и живееле во градот. Меморијалниот домМихаил Садовану е музеј основан во 1987 година во Фалтичени, во куќата во која Садовану живеел и творел во периодот 1909-1918.[6]

Стопанство

[уреди |уреди извор]

Главни индустрии во градот се хемиското прозиводство, рачната изработка на стакло, производство на безалкохолни пијалаци, облека и производи од дрво. Исто така рибната индустрија е една од најстарите индустрии во градот. Повеќето од овие индустрии замреле по комунистичкиот период.

Галерија

[уреди |уреди извор]
  • Градско собрание
    Градско собрание
  • Музејот на уметноста Ијон Иримеску
    Музејот на уметностаИјон Иримеску
  • Музејот на вода Михај Баческу
    Музејот на водаМихај Баческу
  • Куќата на Еуген Ловинеску
    Куќата наЕуген Ловинеску
  • Куќата на Гане-Горовеј
    Куќата наГане-Горовеј
  • Јавна библиотека Еуген Ловинеску
    Јавна библиотекаЕуген Ловинеску
  • Судот во Фалтичени
    Судот во Фалтичени
  • Поштата во Фалтичени
    Поштата во Фалтичени
  • Градската болница
    Градската болница
  • Трговски центар Нада Флорилор
    Трговски центарНада Флорилор
  • Статуа на граничен чувар
    Статуа на граничен чувар
  • Католичка црква
    Католичка црква
  • Православна црква
    Православна црква
  • Голема синагога
    Голема синагога

Наводи

[уреди |уреди извор]
  1. „Suceava County at the 2011 census“(PDF) (романски).INSSE. February 2, 2012. Архивирано одизворникот(PDF) на 2013-06-04. Посетено наMarch 12, 2012.
  2. Stoica, Vasile (1919).The Roumanian Question: The Roumanians and their Lands. Pittsburgh: Pittsburgh Printing Company. стр. 88.
  3. Romanian Museums Guide - Ion Irimescu Art Museum, Fălticeni (на романски). Retrieved January 30, 2013.
  4. Romanian Museums Guide - Mihai Băcescu Water Museum, Fălticeni (на романски). Retrieved January 30, 2013.
  5. Lovinescu Family - Notable People House, FălticeniАрхивирано на 8 април 2019 г. (на романски). Retrieved January 30, 2013.
  6. Romanian Museums Guide - Mihail Sadoveanu Memorial House, Fălticeni (на романски). Retrieved January 30, 2013.

Надворешни врски

[уреди |уреди извор]
Фалтичени“ на Ризницата ?
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Фалтичени&oldid=5038188
Категорија:
Скриени категории:

[8]ページ先頭

©2009-2025 Movatter.jp