Movatterモバイル変換


[0]ホーム

URL:


Прејди на содржината
ВикипедијаСлободна енциклопедија
Пребарај

Успорник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Успорник од вулканизирана гума

Успорник (разговорнолежечки полицаец) — препрека која се поставува на улиците за да се намали брзината навозилата на тоа место. Доколку не се намали брзината, возилото отскокнува, а може да дојде и до негово оштетување.

Успорникот обично се поставува во близина научилишта,градинки или други објекти каде што треба да се заштитат другите учесници во сообраќајот, особенопешаците.

Состав

[уреди |уреди извор]

Овие препреки се изработуваат од разни материјали, вклучувајќиасфалт,бетон,пластика,метал или вулканизиранагума. Повеќе компромиси мора да се направат при изборот на материјал за изработка. Традиционално повеќето успорници биле изработувани од асфалт или бетон. Кај овие градби не може да се постигне добра прецизност, но се попостојани и имаат поголем ефект на успорување на сообраќајот заради тврдоста и истрајноста на материјалот.

Историја

[уреди |уреди извор]

Прв успорник е забележан воЧатам (САД) во 1906 година.

Во Европа се смета дека првите успорници се имплементирани во 1970 година воДелфт воХоландија.

Недостатоци

[уреди |уреди извор]

Забележани се повеќе недостатоци:

  • Зголемено загадување заради поголемата потрошувачка
  • Зголемена бука од самите успорници, но и од возењето под повисок број на вртежи
  • Намалена интервентноста на возилата за итни интервенции
  • Предизвикување на здравствени проблеми на ’рбетот.

Надворешни врски

[уреди |уреди извор]
Успорник“ на Ризницата ?
Нормативна контрола
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Успорник&oldid=5328936
Категории:
Скриени категории:

[8]ページ先頭

©2009-2025 Movatter.jp