Movatterモバイル変換


[0]ホーム

URL:


Прејди на содржината
ВикипедијаСлободна енциклопедија
Пребарај

Узбекистан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Република Узбекистан
O'zbekiston Respublikasi
ЗнамеАмблем
Гесло: Kuch adolatdadir
Химна: Serquyosh hur o'lkam

Местоположба на Узбекистан
Главен град
(и најголем)
Ташкент
41°16′N69°13′E /41.267°N 69.217°E /41.267; 69.217
Службен јазикузбечки
Признаени регионални јазицикаракалпачки
руски
Службено писмоУзбечка азбука
Народности (1996)80,0%Узбеци
5,5%Руси
5,0%–5,5% (официјални податоци)
(30% Фолц, Кордел, Џонсон)
Таџици
3,0%Казаци
2,5%Каракалпаци
1,5%Татари
2,5% останати[1]
ДемонимУзбеци
УредувањеУнитарнапретседателскарепублика
  ПретседателШавкат Мирзијоев
  ПремиерАбдулла Арипов
ЗаконодавствоПарламент
  Горен домСенат
  Долен домЗаконодавна комора
Создавање
  Тимуриди1370-1507 
  Узбечки ханат1428-1471 
  Xанатот Бухара1501-1785 
  Ханатот Хива1511-1920 
  Xанатот Коканд1709-1876 
  Узбечка Советска Социјалистичка Република13 мај 1925 
  Објавена независност одСССР1 септември 1991 
  Призната26 декември 1991 
  Член наООН2 март 1992 
Површина
  Вкупна 448,978 км2 (56-та)
  Вода (%)4.9
Население
  проценка за 2025 г.37,543,167[2][3] (45-та)
  Густина82.3 жит/км2 (136-та)
БДП (ПКМ)проценка за 2025 г.
  Вкупен$425.238 милијарди[4] 
  По жител$11,900[4] 
БДП (номинален)проценка за 2025 г.
  Вкупно$115.615 милијарди[4] 
  По жител$3,600[4] 
Џиниев коеф. (2022)positive decrease 31.2[5]
среден
ИЧР (2022) 0.727[6]
висок ·106та
Валутаузбекистански сом (UZS)
Часовен појасUZT(UTC+5)
  (ЛСВ)н.п. (UTC+5)
Се вози надесно
НДД.uz
Повик. бр.998
1.Како Бухарско царство, Кокандски ханат, Хорезм.

Узбекистан (узбечки:O‘zbekiston, Ўзбекистон), или официјалноРепублика Узбекистан (O‘zbekiston Respublikasi, Ўзбекистон Республикаси) — држава воСредна Азија. Узбекистан се граничи соКазахстан на север и запад, соКиргистан иТаџикистан на исток и соАвганистан иТуркменистан на југ. Република Узбекистан е наследничка наУзбечката ССР. Узбекистан е една одтуркиските држави воАзија.

Низ историјата територијата на Узбекистан била дел од неколку империи, меѓу коиПерсија,Саманидската империја иТимуридското царство. Регионот бил освоен и населен одУзбеци во раниот XVI век. Денес повеќето од узбекистанското население се Узбеци и зборуваат наузбечки јазик. Во XIX век територијата била присвоена одРуската Империја и во 1924 година станала составен дел одСССР. Узбекистан својата независност ја стекнала на31 август1991.

Економијата на Узбекистан се потпира на производството на стоки какопамук,злато,ураниум иземен гас. Иако државата минува низ процесот на транзиција, сепак Узбекистан има контролирана економија, која често е причина за неинвестирање странски капитал во државата. По 1995 година државата забележала позитивни резултати од контролираната економија и транзиција. Узбекистанската политика за човековите права била под силна критика од меѓународните организации.[7]

Потекло на поимот

[уреди |уреди извор]
Главна статија:Име на Узбекистан

Името „Узбекистан“ е составено од зборовитеуз („свое“ натуркиските јазици),бек („господар“ насогдиски јазик) и-стан (персиски збор за „земја“). Така, името протолкувано значи „дом на слободните“ или „земја на слободните“. Од името „Узбекистан“ се изведени две придавки: „узбечки“ и „узбекистански“. Поимот „узбечки“ се користи за јазикот и народот Узбеци, додека „узбекистански“ се користи за граѓаните на Узбекистан (Узбекистанци) и сè што е поврзано со државата.

Историја

[уреди |уреди извор]
Главна статија:Историја на Узбекистан

Територијата на Узбекистан е центар на многу древни цивилизации. Во VI век п.н.е. земјата на денешен Узбекистан била во составот наПерсиската империја и династијата на Ахеменидите.

Во 327 п.н.е. земјата била под власта наАлександар Македонски, по војната соДариј III. Победата на Александар Македонски над персиската армија го дала крајот на владеење на династијата на Ахеменидите.

Арапите ја освоиле територијата на денешен Узбекистан во712 година. Со доаѓањето на Арапите започнала иисламизацијата на месните народи, кои до тогаш биле приврзаници назороастризмот. Династијата на Саманидите е првата персиска династија, која ја наметнува својата власт над територијата на денешен Узбекистан (819-1005). Големиот монголски владетелТимур (1336-1405), роден во градотСамарканд, ја основа својата моќна империја, која ги опфаќа земјите на целаСредна Азија. Неговата држава пропаѓа во1507 година и потпаѓа во рацете на узбечката династија на Шајбанидите.

Узбекистан бил освоен од Русите кон крајот на XIX век со победата на рускиот генералМихаил Црнарев. Во1884 година ги потчинуваат прво Бухарското ханство и ханството Хива, а после тоа и источните области на денешен Узбекистан, вклучително иТашкент. Освоените територии воСредна Азија се вклучени во составот наРуската Империја и се организирани во генералгубернијаТуркестан.

Во1924 година е основанаУзбечка ССР. Следната година (1925) Узбечката ССР влегла во составот наСоветскиот Сојуз.

Со распаѓањето наСССР на1 септември1991 година Узбекистан ја прогласува својата независност.

Географија и клима

[уреди |уреди извор]
Главна статија:Географија на Узбекистан
Карта на Узбекистан на англиски.

Узбекистан има вкупна површинаод 447.400 км2 и население од 29.559.100 според проценките за 2012 година. Според површината, Узбекистан е 56 најголема држава во светот и 42 најголема држава по бројот на населението.[8] Во рамките наЗаедницата на независни држави, Узбекистан е петта најголема по површина и 3 по население.[9] Главен град на државата еТашкент.

Територијата на Узбекистан се протега на 1.425 километри од запад кон исток и 930 километри од север кон југ. На север се граничи соКазахстан, на југозапад се граничи соТуркменистан, на југоисток се граничи соТаџикистан, на североисток се граничи соКиргистан и на југ се граничи соАвганистан. Узбекистан е единствена држава која се граничи со сите централноазиски држави.

Узбекистан е сува држава без излез на море. Помалку од 10% од територијата е обработлива и има системи за наводнување, кои претежно се во речните долини. На територијата на Узбекистан се наоѓа големата пустинаКизилкум и поголем дел од територијата е планинска. Највисока точка во државата еКазрет Султан, кој има 4.643 метри надморска височина. Врвот се наоѓа во близина на границата со Таџикистан. Порано врвот се нарекувал „Врв на 22 конгресс на Комунистичката партија“[9]

Климата во Узбекистан е континентална, со послаби врнежи од дожд. Просечната летна температура во државата е 40 степени, додека просечната зимска температура е -23 степени.[10]

Политички систем

[уреди |уреди извор]
Главна статија:Политика на Узбекистан

Административна поделба

[уреди |уреди извор]
Главна статија:Административна поделба на Узбекистан
Политичка карта на Узбекистан.

Узбекистан е поделен на 12 области (вилаети), една автономна република и еден независен град. Областите се поделени на окрузи.

ОбластАдмин. центарПовршина
(км²)
Население (2008)[11]Бр. на карта
БухарскаБухара&1000000000000003939999939,4001,576,800}}3
ЏизачкаЏизак&1000000000000002050000020,500&100000000000000010900001,090,9005
НавојскаНавои&10000000000000110799999110,800&10000000000000834100000834,1007
КашкадарјанскаКарши&1000000000000002839999928,400&100000000000000025369992,537,6008
СамаркандскаСамарканд&1000000000000001639999916,400 &100000000000000030320003,032,0009
СирдарјанскаГулистан&100000000000000050999995,100&10000000000000698100000698,10010
СурхандарјанскаТермиз&1000000000000002080000020,800&100000000000000020120002,012,60011
ТашкентскаТашкент&1000000000000001530000015,300 &100000000000000025369992,537,50012
ТашкентТашкент335&100000000000000021920002,192,7001
Ферганска Долина (регион)
ФерганскаФергана  &100000000000000067999996,800&100000000000000029969992,997,4004
АндижанскаАндижан&100000000000000042000004,200&100000000000000024769992,477,9002
НаманганскаНаманган&100000000000000079000007,900&100000000000000021960002,196,2006
Каракалпакстан (регион)
ХорезмскаУрганч&100000000000000062999996,300 &100000000000000015169991,517,60013
КаракалпакстанНукус&10000000000000160000000160,000&100000000000000016120001,612,30014

Статистиката за областа на Ташкент ја вклучува статистиката за градот Ташкент.

Стопанство

[уреди |уреди извор]
Главна статија:Економија на Узбекистан

Без излез наморе, Узбекистан е вториот извозник напамук во светот. Основно производство езлатото.

Демографија

[уреди |уреди извор]
Главна статија:Демографија на Узбекистан
 
Најголеми градови во Узбекистан
Бр.ОбластНас.
Ташкент
Ташкент
Наманган
Наманган
1ТашкентТашкент2,425,000[12]Самарканд
Самарканд
Андижан
Андижан
2НаманганНаманганска област597,000[13]
3СамаркандСамаркандска област530,000[14]
4АндижанАндижанска област417,000[15]
5НукусКаракалпакстан310,000[16]
6БухараБухарска област285,000[17]
7КаршиКашкадаринска област260,000[18]
8ФерганаФерганска област275,000[19]
9КокандФерганска област240,000[20]
10МаргиланФерганска област223,000[21]

Култура

[уреди |уреди извор]
Главна статија:Култура во Узбекистан
Верници во Узбекистан
Муслимани
 
88 %
Православни
 
9 %
Други
 
3 %

Наводи

[уреди |уреди извор]
  1. „Светска книга на факти“. Cia.gov. Архивирано одизворникот на 2019-01-05. Посетено на 28 јануари 2011.(англиски)
  2. https://kun.uz/news/2024/12/10/ozbekistonda-doimiy-aholi-soni-375-mlndan-oshdi.Отсутно или празно|title= (help)
  3. Official population estimation 2012-01-01. Stat.uz (2012-01-23). Посетено на 2012-03-13.
  4. 1234„Uzbekistan“. International Monetary Fund. Посетено наApril 22, 2012.
  5. „Gini index (World Bank estimate)“.World Bank Group. Посетено на26 December 2024.
  6. „2014 Human Development Report Summary“(PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
  7. Human rights in Uzbekistan: Amnesty International report, 2008.
  8. „www.worldatlas.com“. www.worldatlas.com. Посетено наMay 2, 2010.
  9. 12Uzbekistan will publish its own book of records – Ferghana.ru. 18 јули 2007
  10. Climate, Uzbekistan : Country Studies – Federal Research Division, Library of Congress.
  11. „Statistical Review of Uzbekistan 2008, стр.176“(PDF).Архивирано(PDF) од изворникот 2010-11-13. Посетено на 2 мај 2010.
  12. „Численность городского и сельского населения по регионам“. The State Comittee of the Republic of Uzbekistan on Statistics. Посетено на25 January 2018.
  13. „Административно-территориальное деление Наманганской области“. Портал открытых данных Республики Узбекистан. Посетено на25 January 2018.
  14. „Самарқанд шаҳри“. samarkand.uz. Посетено на25 January 2018.
  15. „Количество населения в Андижанской области“. Портал открытых данных Республики Узбекистан. Посетено на25 January 2018.
  16. „Число постоянных жителей в Республики Каракалпакстан“. Портал открытых данных Республики Узбекистан. Посетено на25 January 2018.
  17. „Численность населения Узбекистана по городам, 2018“. poltavareview.com. Посетено на25 January 2018.
  18. „Численность населения Кашкадарьи“. Statistics. Посетено на25 January 2018.
  19. „Демографическая ситуация в Ферганской области“. Портал открытых данных Республики Узбекистан. Посетено на25 January 2018.
  20. „Демографическая ситуация в Ферганской области“. Портал открытых данных Республики Узбекистан. Посетено на25 January 2018.
  21. „Демографическая ситуация в Ферганской области“. Портал открытых данных Республики Узбекистан. Посетено на25 January 2018.

Поврзано

[уреди |уреди извор]

Надворешни врски

[уреди |уреди извор]
Узбекистан“ на Ризницата ?
Туркојазични подрачја
Федералните субјекти во Русија се прикажанизакосено
1 СоНаксичеван.    2 Признаена само од Турција.
Држави и територии воАзија
Суверени
држави
Непризнаени
држави
Австралија
Кина
Обединето Кралство
Членство
Земји-членки
Придружни земји-членки
Поранешни земји-членки
Историја
Знамето на ЗНД
Нормативна контрола
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Узбекистан&oldid=5447930
Категории:
Скриени категории:

[8]ページ先頭

©2009-2026 Movatter.jp