Тур де Свис 2013 било 77. издание на велосипедскатаетапна тркаТур де Свис. Започнала на 8 јуни сопоединечен хронометар воКвинто и завршила на 16 јуни со уште еден поединечен хронометар воФлумзерберг; вкупно, трката се состоела од девет етапи. Била седумнаесетта трка во сезоната наСветската турнеја.
Трката била освоена втора година по ред од возачот наМовистар ТимРуј Кошта,[2] кој ја преземал водечката жолта маичка по освојувањето на последната етапа, хронометарот со 10 километри искачување и цел на нагорнина,[3], надоместувајќи ги 13. секунди разлика од претходниот предводник на тркатаМатијас Франк одАксент Џобс-Ванти.[4] Кошта ја освоил и кралската етапа два дена претходно.[5] Разликата помеѓу Кошта и второпласираниотБауке Молема одБланко Про Сајклинг, етапен победник на трката, победувајќи на втората етапа, била шеесет и две секунди,[6] додека подиумот бил заокружен од возачот наТим Саксо-ТинкофРоман Кројцигер,[7] осум секунди зад Молема и седумдесет зад Кошта.
Во другите пласмани на трката, возачот наЕускалтел-ЕускадиРоберт Вречер бил победник на планинскиот и спринтерскиот пласман, откако се нашол во неколку бегства во текот на деветдневната трка.[8]Петер Саган (Канондејл) повторно го освоил бодовниот пласман и бил единствен друг возач кој освоил повеќе етапи на трката.Астана завршила на чело на екипниот пласман,[9] втора година по ред.
Бидејќи Тур де Свис е настан од Светската турнеја на UCI, ситеUCI World Tour екипи биле автоматски повикани и биле обврзани да испратат екипа. Првично, осумнаесетUCI World Tour биле поканети на трката, додека две други екипи -ИАМ Сајклинг[10] иСожасен[11] - добиле специјални покани и со тоа била создадена главната група од 20 екипи. Подоцна,Катјуша го повратила својотProTour статус по жалбата до Арбитражниот суд за спорт.[12][13] БидејќиКатјуша не биле првично поканети на трката, организаторите на трката го објавиле нивното вклучување на трката, зголемувајќи го бројот на екипи на дваесет и една.
Дваесет и едната екипа кои настапиле на трката биле:[14]
Помеѓу 167. возачи кои ја започнале трката, секоја екипа имала по осум возачи освенВакансолел-ДКМ, кои настапиле со седум[14], биле четири поранешни победници на трката. Победникот од2008Роман Кројцигер бил предводник на екипатаТим Саксо-Тинкоф,[15] додека победникот од2009Фабијан Канчелара имал слична улога заРадиоШек-Леопард.[14]Мовистар Тим имал два поранешни победника на трката помеѓу нивните осумторица;Владимир Карпетс, кој ја освоил трката во2007, бил еден од помошниците за бранителот на титулатаРуј Кошта.[16]
На Тур де Свис 2013 биле доделени четири различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку завршното време на секој велосипедист на секоја етапа, предводникот ја добивал жолтата маичка.[26] Овој пласман бил сметан за најважен на Тур де Свис 2013 и победникот на овој пласман бил сметан за победник на трката.
Постоел и планински пласман, кој бил наградуван со црвена маичка.[26] За планинскиот пласман, бодови се добивале на врвот на некое искачување, доколку стигнеш пред другите велосипедисти. Секое искачување било категоризирано како екстра, прва, втора, трета или четврта категорија, а повеќе бодови носеле повисоките категории. Постоеле дваесет и едно категоризирано искачување на трката, кои биле поделени на пет различни категории.[26]
Третата маичка го претставувало бодовниот пласман наградуван со црвено-бела маичка.[26] За бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку се пласираат на првите места на етапите. На етапите 4, 5, 6 и 8, победата носела 25 бода, второто место 20 бода, третото 16, четвртото 13, петтото 11 и еден бод помалку за секое место подолу, сè до еден бод за 15. место.[26] На сите останати етапи, победата носела 15 бода, второто место носело 12 бода, третото 10 и еден бод помалку за секое место подолу сè до еден бод за 12. место.[26] Бодови за овој пласман можеле да се добијат и на секој од средните спринтови; овие бодови биле доделувани на секој од тројцата најбрзи возачи низ целта и тоа 6 бода за првиот, 3 за вториот и 1 за третиот.[26]
Четвртата маичка го претставувала спринтерскиот пласман, наградуван со сина маичка.[26] За спринтерскиот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршиле на првите три места на средните спринтови во текот на една етапа, со исклучок на етапите сопоединечен хронометар.[26] Постоел и екипен пласман, каде се пресметувале времињата на најдобрите тројца велосипедисти од секоја екипа на секоја етапа; водечката екипа на крајот на екипата била онаа со најмало вкупно време.[26]