Тон шифриран воHSB/HSL одRGBСлика со кружно поместени тонови вопросторот HSL
Тон — едно од главните својства набојата, што технички се дефинира како „степенот во кој еден стимул може да се опише како сличен на или различен од стимулите што се опишуваат какоцрвено,зелено,сино ижолто“,[1] (т.н. самобитни тонови). Други параметри на боите себојноста, обоеноста,заситеноста,светлоста иамбиенталната светлост.
Боите со ист тон се разликуваат по својства како нивната светлост и/илиобоеност (хрома). Така, имаме „светлосина“, „пастелна сина“, „силна сина“. Исклучоци секафеавата, која е всушност темнапортокалова,[2] ирозовата, која е светлоцрвена со намалена обоеност.
Восликарството и изучувањето на боите,тонот се однесува на „чиста“ боја без нијанси (без додаден бел или црн пигмент).[3] Вомозокот, први што го восприемаат и толкуваат тонот се подрачјата наречени „глобови“.[4][5]