Харди исто така глумел во британски и американски театарски претстави. Тој бил номиниран занаградата Лоренс Оливије во 2003 година за најдобар новајлија за неговата улога на Сканк во претставатаВо Арабија сите ние би биле кралеви, а бил награден сонаградата Ивнинг Стандард за најдобар новајлија за неговите изведби воВо Арабија сите ние би биле кралеви и за улогата на Лука воКрв. Во 2007 година тој глумел во претставатаЧовек со убави манири и добил позитивни критики за неговата изведба во претставатаДолга црвена патека режирана одФилип Сејмур Хофман во 2010 година.
Во 1999 година, Хари се венчал со Сара Вард, продуцентка, но бракот завршил со развод во 2004 година поради неговата зависност одалкохол икокаин. Тој има син, Луис Томас (роден во 2008 година),[3] со тогашната девојка Рејчел Спид, асистент режисер, која ја запознал на снимањето наКралица девица. Тие се разделиле во 2009 година.[4]
Во 2009 година, Харди започнал врска со глумицатаШарлот Рајли, која ја запознал на снимањето наОркански височини. Парот се верил во 2010 година и се венчал во јули 2014 година.[5][6] Тие имаат две кучиња, двете спасени, од кои едното се појавило со Харди во реклама за промовирање на посвојувањето на миленичиња.[7] Во октомври 2015 година, парот го добил своето прво дете.[8][9]
Во 2010 година, Харди станал амбасадор на „Prince's Trust“, водечка британска младинска хуманитарна организација која спроведува тренинг, личен развој, поддршка при почнување бизнис, менторство и советување.[10] Во 2012 година, тој и Рајли станале покровители на добротвортната истражувачка организација„Bowel Cancer UK“.[11]
Тој има многу тетоважи: неколку племенски тетоважи, знамето на Обединетото Кралство, театарска маска, чавка и две фрази на италијански јазик: „figlio mio bellissimo“ („мојот убав син“) на десната рака, и „padre fiero“ („горд татко“) под клучната коска.[12][13]
Харди се осврнал наГери Олдман како „најдобриот глумец кој некогаш живеел“,[14] и го опишал Олдман како негов херој, додавајќи „секој [во драмското училиште] се обидувал да го цитира него во сите негови филмови.“[15] Од страна наGQ магазинот Харди бил именуван во 50. најдобро облечени британски мажи за 2015 година.[16]