Movatterモバイル変換


[0]ホーム

URL:


Прејди на содржината
ВикипедијаСлободна енциклопедија
Пребарај

Терни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Терни
општина
Општина Терни
Од горе лево, спротивно од стрелките на часовникот: поглед на Терни, Градскиот совет, катедралата Терни, моштите на Свети Валентин, Пјаца Тачито, водопадите Мармор. Во средината: Анфитеатро Фаусто
Грб на Терни
Грб
ЗемјаИталија
РегионУмбрија
ПокраинаТерни (TR)
ПоделоциAcquapalombo, Appecano, Battiferro, Cecalocco, Cesi, Collegiacone, Collescipoli, Collestatte, Giuncano Alto, Giuncano Scalo, Marmore, Miranda, Papigno, Piediluco, Poggio Lavarino, Polenaco, Porzano, Pracchia, Rocca San Zenone, San Carlo, San Liberatore, Titurano, Torreorsina
Управа
  ГрадоначалникЛеонардо Латини
Површина
  Вкупна211,9 км2 (818 ми2)
Надм. вис.&10000000000000130000000130 м
Население(31 December 2017)
  Вкупно111.189
  Густина52/км2 (140/ми2)
ДемонимТернани
Час. појасCET (UTC+1)
  Лето(ЛСВ)CEST (UTC+2)
Пошт. бр.05100
Повик. бр.0744
Светец заштитникСвети Валентајн
Славафевруари 14
Мреж. местоМатична страница

Терни е град во централнаИталија. Терни е најголемиот град и центар на истоимената област Терни во рамките на италијанската провинцијаУмбрија, каде што е втор по големина центар

Географија

[уреди |уреди извор]
Виа Рома, типична улица на стариот Терни

Градот Терни се наоѓа во централниот дел наИталија, на југот наТоскана. Градот се наоѓа на 80 километри јужно одПеруџа, седиштето на регионот. Градот е 115 километри северно од главниот градРим.

Терни се развил во рамнината на реката Нера, која е опкружена со ридови и планини на централниот делАпенините. Градот се протега на надморска височина од околу 130 метри.

Климата во Терни е изменета средоземноморска поради локација на градот.

Реката Нера тече низ Терни, на само неколку километри од нејзиното вливување во рекатаТибар западно од градот.

Историја

[уреди |уреди извор]

Населба на местото Терни постоела вопраисторијата, а првите познати жители биле Сабините. Римјаните ја окупирале оваа област воIII век.п.н.е. и основале град наречен „Интерама“ (лат.Interamna), преведено како „помеѓу две реки“. Од ова име потекнува и сегашното име на градот.

На почетокот насредниот век, Терни бил дел од лонгобардската држава долго време, почнувајќи од755 г. години. После тоа, градот станал полунезависна држава во рамките наУмбрија, а на крајот на средниот век бил припоен конПапската држава. Терни останал во оваа состојба во следните неколку векови, но во градот се случила раната индустријализација поврзана со производството начелик.

Во1870 година Терни бил приклучен на новоформиранотоКралство Италија. Градот брзо се развивал благодарение на развојот на индустријата (особено производството на челик). Сепак, оваа погодност се покажала како ужасен проблем за време наВтората светска војна, кога градот бил бомбардиран повеќе од 100 пати за да ја уништи клучната градска индустрија за војната. По војната, градот бил повторно изграден.

Популација

[уреди |уреди извор]

Според резултатите од пописот на населението во 2011 година, во општината живееле 113.423 жители.[1] Во градот денес живеат главноИталијанци. Тој е 3 пати поголем од пред еден век. Во текот на изминатите децении, многу имигранти од странство, главноКинези, се преселиле во градот.

Економија

[уреди |уреди извор]

Терни е познат по производството начелик и челичарниците.

Градови партнери

[уреди |уреди извор]

Галерија

[уреди |уреди извор]
  • Градска катедрала
    Градска катедрала
  • Експонати во градскиот археолошки музеј
    Експонати во градскиот археолошки музеј
  • Палатата Спада
    Палатата Спада
  • Црквата св. Фрање
    Црквата св. Фрање

Наводи

[уреди |уреди извор]
  1. „Statistiche I.Stat“. ISTAT. 28 декември 2012.

Надворешни врски

[уреди |уреди извор]
Нормативна контрола
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Терни&oldid=5242057
Категории:
Скриени категории:

[8]ページ先頭

©2009-2025 Movatter.jp