Карта на областа Срем. Поделена меѓу Хрватска и Србија.
Срем е географски регион воПанонската Низина меѓу рекатаДунав, на север и исток рекатаСава до Дунав, на југ. Западната граница не е јасно дефинирана. По едно мислење, Срем е на запад ограничен со рекитеБосут иВук, додека од друга страна западната граница на Срем ја сочинува денешната граница наВуковарско-сремската област.
Срем е во најголем дел рамничарска низина со просечна надморска височина од 70-80м ако одиме од југ таа расте одСава, до Дунав на север. Највисокиот врв се наоѓа на Фрушката гора. Се вика Црвен Чет и неговата висина изнесува 539м. Фрушката Гора е долга од 78км, а најголемата ширина изнесува 15км. Повришината наФрушка Гора е околу 500км2. Се смета за спој помеѓу Словенската и Шумадиската планина. Настанала во палеозоикот и претставува заостанат дел од старото Панонско копно, чија главна маса длабоко потонала. Освен Фрушката Гора, покрај Сава се простираат ниски алувијални рамнини, над нив се ниже терасна заравна, а после нив Сремскиот зараван, кој се простира околу Фрушката Гора, од Земун до Вуковар.
Градовите и селата во Срем припаѓаат на панонското население. Во овој дел на Војводина, ако го приклучиме иМачва, има околу 100 населени, од кој десет припаѓаат на градското население. Тоа сеСремска Митровица покрај Сава,Нов Белград покрај Сва и Дунав,Земун,Сремски Карловци иПетроварадин покрај Дунав, додека воо внатрешноста на Срем се наоѓаШид,Рум,Нова Пазова,Стара Пазова иИнѓија. Најмногу населени во Срем се Земун и Нов Белград, меѓутоа тие се приклучени на градската територија на Белград, па земаат улога во Срем има Сремска Митровица.