Името Сона произлегува од името на келтската божица Сукона, која се смета за заштитничка на реката.[2] Латинското име на реката еArar, што претставува удвојување на индоевропскиот коренar, што значи вода. СпоредГај Јулиј Цезар, ова го одразува фактот дека е тешко да се одреди нејзината насока на течење поради бавното движење на водата.[3]
Реката Сона извира на 418 mнадморска височина, во центарот на малиот град Виоменил (департманВогези), во јужниот дел на Лотарингското Плато, западно од ниските планиниВогези. По целата своја должина, Сона тече во правец југ или југ-југозапад, низ Сонско-ронската меѓупланинската депресија и е типична рамничарска река со широка долина и мирен тек. Се влева во рекатаРона од нејзината десна страна, на 164 m надморска височина, во близина на центарот на градотЛион.
Сливот на Сона зафаќа површина од 29.321 км2, од кој мал дел е на швајцарска територија и претставува 30,67% од сливот наРона. На запад и северозапад, сливот на Сона се граничи со сливните подрачја на рекитеЛоара иСена (од сливот наАтлантскиот Океан), на север, североисток и исток - до сливните подрачја на рекитеМеза иРајна (од сливотСеверното Море), а на југоисток – со сливните сливови на рекатаЕн и другите помали десни притоки наРона.
Главни притоки:
- леви – Коне (55 км, 317 км2), Лантерн (69 км, 1020 км2),Оњон (214 км, 2308 км2),Ду (453 км, 7710 км2), Сеј (100 км, 2300 км2), Ресуз (75 km, 495 км2), Вел (67 km, 672 км2), Шаларон (52 km, 175 км2);
- десни – Венжан (93 km, 3650 км2), Тиј (83 km, 1100 км2), Дун (77 km, 1039 км2), Грон (96 km, 1000 км2), Азерг (61 km, 886 км2) .
Водите на Сона предимно произлегуваат од врнежи со нагласени зимски поплави (ноември до април) кога нејзиното ниво се зголемува за 3 – 4 m. Таа е една од најполноводните француски реки со просечен годишен проток во близина на устието од околу 400 m³/сек .
Сона е пловна речиси по целата нејзина должина, нејзиното корито е засечено и поправено со водозаштитни насипи. Преку изградени канали (во 17 и 18 век) се поврзува со реките:Мозел (преку Источниот канал),Лоара (Централен канал),Марна (Канал Марна-Сона),Сена (Бургундски канал) иРајна (канал Рона-Рајна).
По целото нејзино течение, долината на Сона е густо населена, а најголеми населби се: Шалон-на-Сона, Макон иЛион.