Сингапур (англиски:Republic of Singapore;малајски:Republik Singapura;кинески:新加坡共和国,пинјин:Xīnjiāpō Gònghéguó;тамилски:சிங்கப்பூர் குடியரசு) —островски град-држава воЈугоисточна Азија.Главен град еСингапур. Се наоѓа на јужниот дел на Малајскиот полуостров, 137 километри (85 милји) северно од екваторот. Се работи за островска земја, составена од 63 острови. Сингапур е одвоен од Малезија со теснината Јохор на север, а од Индонезија преку Риаоу островите на југ. И покрај тоа што Сингапур е високоурбанизирана земја, речиси половина од територијата е покриена со зеленило. Повеќето од копното е создадено по пат на мелиорација.
Во текот на историјата Сингапур бил дел од разни локални кралства. Модерниот Сингапур е основан како трговска станица на Источноиндиската компанија, од страна на сер Стемфорд Рафалс во 1819 година, со дозвола од Султанат на Јахор. Британците добиле целосен суверенитет врз островот во 1824. Сингапур бил окупиран од страна наЈапонија воВтората светска војна, за повторно да се врати под британското владеење по завршетокот на војната. Внатрешна самоуправа стекнал во 1959 година. Сингапур се обединил со другите поранешни британски територии и учествувал во формирањето Малезија во 1963 година. Станал целосно независна држава две години подоцна, по разделувањето од Малезија. Од тогаш Сингапур постигнува масовен финансиски просперитет и е еден од четирите азиски тигри.
Економијата во голема мера зависи од индустријата и услужниот сектор. Сингапур е глобален водач во неколку области: четврт водечки светски финансиски центар, втор по големина во светот како пазар за коцкање и трет во светот како нафтен рафинериски центар. Пристаништето во Сингапур е едно од петте најпрометни, како најпрометно претоварно пристаниште во светот. Сингапур е дом на повеќе милионери по глава на жител од која било друга земја. Светската банка го класифицира Сингапур како најпривлечно место во светот за правење бизнис. Земјата е на трето место во светот според највисок БДП по глава на жител, што ја вбројува во најбогатите земји во светот.
Името„Сингапур“ потекнува одсанскрит, составена од одделните зборови синга, сингха (सिंह siṃha"лав") и пура (पुर pura„град“), и означува „Лавовград“. ВоVII иVIII век, тогашното кнежевство го добило името Темасек („Морскиград“), но според легендата тоа бргу сменето во„Лавовград“. Причина за тоа била појавата на морско чудовиште слично на лав „Мерлион“ — знакот на градот, го води од таму својот почеток.
Првите познати белешки за Сингапур се во кинеските текстови кои датираат од III век п.н.е. Во тоа време Сингапур бил надворешната граница на кралството Сривижаја, денесСуматра. Првото негово име е Темасек, одјаванско потекло и се развива во значаен трговски град, но постепено доаѓа до негово опаѓање. Тоа е и една од причините поради кои, освен неколку археолошки откритија, речиси ништо не е сочувано од тој период. МеѓуXVI иXIX век, Сингапур бил дел од Џахорското султанство. За време наМалајско - португалските војни е окупиран од португалската војска. Сингапур привремено бил под контрола наПортугалци воXVI век и наХоланѓаните воXVII век, но во поголемиот дел од времето бил населен од рибари и служел како прибежиште запирати.
Во 1819 година сер Томас Стемфорд Рафалс, претставник на"Британската источно-индиска компанија", се истоварил на островот и отворил претставништво на компанијата. Во 1824 година Компанијата го купила целиот остров од султанот Хусеин Шах за 60 000 долари и годишна такса од 20 000 долари. На 1 април 1867 година Сингапур бил прогласен за британска колонија. Благодарение на добрата географска положба започнал економски процут, а во 1881 година населението броело 172 993 жители.
За време наВтората светска војна,Јапонците го напаѓаат островот и, покрај бројните британски сили, во 1942 година успеваат да го принудат да капитулира. Јапонците го контролираат островот до нивната конечна капитулација во 1945 година. Во тоа време островот го носи името Шоонан-тоо (昭南 岛 Shōnan-tō"Јужната светлина").
1945 година Сингапур им е вратен наБританците, а во 1959 година е прогласен за кралска колонија со самостојно управување. ПАП (People's Action Party - PAP) ги освоила изборите во 1959 година иЛи Куан Ју станал првиот премиер на Сингапур. Со референдумот од 1962 година, Сингапур станал дел од Малајската федерација, заедно со Малаја, Сабах и Саравак. Во 1963 година станува независен одВелика Британија. Во есента 1964 година доаѓа до масовни немири меѓу кинеското и останатото население.
По големиот политички судир меѓу ПАП и федералната власт воКуала Лумпур, како и поради стравот од малезиска страна, дека немирите може да се прошират надвор од границите на Сингапур, тој бил исклучен на 7 август 1965 година, од страна на Унијата. Два дена подоцна, на 9 август 1965 година,Малезија прва ја признава сувереноста на Сингапур. Од тогаш тој датум е прогласен за национален празник.[6]
Младата држава се борела за својата економска независност и се соочила со низа проблеми како - масовна невработеност, недостаток на простор за живеење, обработлива земја и суровини. Под водство наЛи Куан Ју, од 1959 до 1990 година, државата успеала да се справи со овие проблеми и само за една генерација се трансформирала во високоразвиена држава.
Сингапур се состои од 63 острови, вклучувајќи го и главниот остров. Постојат две врски со Јохор (англиски: Johor) - вештачкиот канал Johor-Singapore Causeway (англиски) на север и Tuas Second Link (англиски) на запад. Јуронг, Пулау Теконг, Пулау Убин и Сентоса се најголемите од многуте помали острови на Сингапур. Највисоката природна точка на Сингапур е ритчето Букит Тимах (англиски: Bukit Timah Hill), кое е високо околу 172 метри.[7]
Првично било населено само земјиштето на југ околу реката Сингапур. Остатокот од островот била или е покриена од дождовите шуми или се користи за земјоделски цели. Во 1960 година биле населени претежно реоните околу градот. За населувањето и јавни работи е одговорна државната институцијаUrban Redevelopment Authority.
Поради малата територија освојувањето на земјиште во Сингапур е од животна важност. Потребната за тоа почва треба да се набави од сопствените ридови, од морското дно или треба да биде купена од соседните земји. На овој начин територијата на земјата расте од 581,5 км2 во 1960 година на 697,2 км2 во 2003 и се очекува да се зголеми со нови 100 км2 до 2030 година
Сингапур е парламентарна Република за со политички систем по примерот наВелика Британија. На чело на државата стои Претседател, кој има право на вето во некои клучни области и го именува главниот судија. Теоретски изборите за претседател би требало да се одржуваат на секои 6 години, но во случај доколку изборната комисија одобри само еден кандидат (како што се случило од 1999 до 2006), изборите не се одржуваат. Законодавниот орган е парламентот, а извршниот се формира од Кабинетот под раководство на Премиерот.
Од прогласувањето на независност во 1965 година, во политичкиот живот на Сингапур доминирала ПАП.[8] Една од причините поради кои Сингапур се дефинира како еднопартиска држава, се обвиненијата против ПАП за незаконски дејствија против опозицијата. Еден од факторите за доминантната позиција на ПАП е строгата форма на парламентарни избори, во која само кандидатот со највисок број на гласови влегува во парламентот, а сите други отпаѓаат (овој систем на избори е позната како -"the winner takes all" - победникот зема се). Исто така критичарите тврдат дека судскиот систем е исто така под контрола на партијата, кој ја поддржува власта, дури и кога опозицијата очигледно има право. На последно место се и големите ограничувања во јавниот и приватен живот. Пример за тоа е лиценцата која треба да ја поседуваат повеќе од три лица ако сакаат јавно да дискутираат прашања кои се однесуваат на политиката, религијата или внатрешните работи на државата. Ова се дел од причините поради кои управувањето во Сингапур е определен првенствено какоавторитарно отколкудемократско.
Особено големо значење се придава на ефикасната распределба и користење на земјиштето, како и планирањето на инфраструктурата. Во планот за развој Сингапур е поделен на 55 области (вклучувајќи ги и двете водни заштитени зони), кои од своја страна се групирани во 5 регионот. Административно Сингапур е поделен на 5 регионот со сопствено управување.
Сингапур има транспарентна и просперитетна пазарна економија. Сингапур е економски најразвиена земја воЈугоисточна Азија, со просперитетна индустрија - бродоградба, електроника, електротехника, моќна нафтено-хемиска индустрија. Пристаништето на Сингапур е најголемо во светот по број на обработени контејнери за 2005, 2006 и 2007 година. Аеродромот Чанг е важен транспортен центар за превоз како на патници и на стоки. Сингапур е и финансискиот центар на Југоисточна Азија. ПАП води социјална политика со доминантно учество на државните компании на локалниот пазар. Неодамна владејачката партија ги олабавила строгите ограничувања со цел да и помогне на економијата.
Обработливото земјиште зафаќа околу 20% од површината (660 квадратни километри). Се одгледуваат култури како кокосова палма, каучуково дрво, тутун, ананас, егзотични цвеќиња и др. Сингапур е светски извозник на орхидеи, кои се прогласени за национален симбол. Силно е развиен риболовот и набавката на морски производи.
Благодарение на конфуцијанската ориентација, почитувањето на строгите закони и контрола, ниската корупција и транспарентноста во економијата, создадено е просперитетно општество кое се одликува со една од најниските стапки на криминал во светот.
Сингапур е една од најгусто населените земји во светот. Густината на населението е 8387 жители на км². Според пописот од 2025 година, во Сингапур живеат преку 6.11 милиони жители[10]. Населението го сочинуваат следниве етнички групи: Кинези (75,5%), Малезијци (15,1%), Индијци (7,6%). Останатите 1,8% се Европејци, Јапонци и жители од друго потекло.
Сингапур е разновидна и млада држава која има прилично голем број на јазици, култури и религии за една така мала земја.
Поради многуте различни јазици и култури во земјата, не постои само еден профил на културно прифатливо однесување.
Сингапур, во целина е конзервативна земја, но со изразит процес на либерализација. На национално ниво,меритократијата е силно нагласена. Расната и верска хармонија се промовираат од страна на владата, како клучен дел од успехот на Сингапур во градењето на сингапурскиот идентитет.
Сингапур како тема во уметноста и во популарната култура