Movatterモバイル変換


[0]ホーム

URL:


Прејди на содржината
ВикипедијаСлободна енциклопедија
Пребарај

Симболизам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ла Вета, 1905 година, симболистичко дело на италијанскиот сликар Чезаре Сакаџи.
Ла Вета, 1905 година, симболистичко дело на италијанскиот сликар Чезаре Сакаџи.

Симболизам — уметнички и книжевен правец кој настанал во Франција кон крајот на 19 век како отфрлање нанатурализмот иреализмот. Симболизмот имал свои почетоци уште од периодот на романтизмот, и траел и после 1900 година, кога се смета дека како правец изумрел.

Претставници

[уреди |уреди извор]

Во литературата главен претставник на симболизмот еШарл Бодлер. Покрај него, тука се и германскиот поет и романописецНовалис, американскиот раскажувач и лиричарЕдгар Алан По, француските романтичариВиктор Иго иАлфред Вињи.

Непосредни претходници на симболизмот се сметаат:Артур Рембо,Стефан Маларме,Верлен, кои се сметаат и за негови најдобри претставници, а Маларме и за најзначаен теоретичар.

Во Германија:Р.М. Рилке иХ. фон Хофманстал.Во Англија:Оскар Вајлд иВ.Б. Јејтс.Во Русија:Валериј Брјусов,Андреј Бели,Вјачеслав Иванов,Александар Блок.Во Југославија:Јован Дучиќ,А. Г. Матош,Отон Жупанчич и други.

Во поезијата

[уреди |уреди извор]

Во основата на својата поетика симболистите ги ставиле теоретските ставови и поетската пракса наШарл Бодлер: современ поет, син на големиот град, кој во својата сензибилност слегува до дното на човечкиот физички и морален пад, наоѓајќи го во темните длабочини на човечкото битие најголемото патење но и најголемата восхитеност, спој на несреќа и убавина („Ужасот на животот - екстазата на животот“).

Природата во своите појавни облици е само привидност (сон), а под тоа се крие вистинската суштина на нештата. Поетот е видовит пророк, кој во моменти на поетска интуиција ги открива тие суштини. Со „симбол“ се означува поетска слика која се прелева многу над своето основно значење, и дифузно сугерира многу идеи и емоции. Наспроти романтичарските барања за субјективност на поетскиот израз, симболизмот ја прогласува имперсоналноста (безличноста) како основна поетска инспирација.

Значење и влијание

[уреди |уреди извор]

Според српскиот поетЈован Дучиќ, симболизмот не бил ново духовно движење, туку само нов манир, само нов начин на говорење, но не и ново чувство. Оттука, многу брзо, тој бил целосно исцрпен и опаднал. Во симболизмот има многу големи грешки, неговатапсихологија е ненормална, неговитеидеи иасоцијации се бизарни, неговите сензации се болни, неговото негирање на непосредното доживување е сосема погрешно, а неговатамузика е само бесцелно преценување на споредните случаи. Затоа, тоа движење завршило во здодевност.[1]

Наводи

[уреди |уреди извор]
  1. Јован Дучић,Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 280.

Надворешни врски

[уреди |уреди извор]
Симболизам“ на Ризницата ?
Викиизвор на француски јазик содржи оригинален текст на тема:
Нормативна контрола
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Симболизам&oldid=4632808
Категории:
Скриени категории:

[8]ページ先頭

©2009-2026 Movatter.jp