Movatterモバイル変換


[0]ホーム

URL:


Прејди на содржината
ВикипедијаСлободна енциклопедија
Пребарај

Сврзник

Од Википедија — слободната енциклопедија

Сврзници — неменливи зборови кои поврзуваат други зборови или цели реченици во составот на сложената реченица.

На пр.: Јас и ти ќе одиме кај него. (зборови)Тие отидоа и по пет минути се вратија. (реченици)

1. Сврзниците според составот се делат на:

а)прости - составени од еден збор :и,а,но,ама,или,да итн.б)сложени - составени од два или повеќе збора : за да, макар што, поради тоа што итн.

2. Според тоа какви реченици поврзуваат се делат на:

А.Приредени (во независносложените реченици)

а)Составни: и, ни, ниту, па, та, не само што, туку и;

б)Спротивни: а, но, ама, туку, ами, меѓутоа;

в)Разделни: или, или-или, било-било, де-де, и-и, ем-ем, час-час, ни-ни;

г)Исклучни: само, само што, освен што, единствено;

Б.Подредени (во зависносложените реченици)

а)Временски: кога, штом, штотуку, тукушшто, откако, откога, пред да, дури, додека;

б)Причински: затоа што, зашто, бидејќи, поради тоа што, дека, оти;

в)Последични: така што, толку...што, такви...што, така...што;

г)Целни: да, за да;

д)Условни: ако, да, без да, ли;

ѓ)Допусни: иако, макар што, и покрај тоа што, и да;

е)Начински: така како што, како да, како божем;

ж)Односни: што, кој, којшто, чиј, чијшто, каков што, колкав што;

з)Исказни: дека, оти, како, што, да, дали, кој, чиј, кога.

Stub iconОваа статија еникулец. Можете да помогнете со тоа штоќе ја проширите.
Нормативна контрола
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Сврзник&oldid=4616583
Категории:
Скриени категории:

[8]ページ先頭

©2009-2025 Movatter.jp