Movatterモバイル変換


[0]ホーム

URL:


Прејди на содржината
ВикипедијаСлободна енциклопедија
Пребарај

Светораче

Координати:41°31′38″N21°4′12″E / 41.52722°N 21.07000°E /41.52722; 21.07000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Светораче
Светорача

Куќи во селото Светораче

Светораче во рамките на Македонија
Светораче
Местоположба на Светораче во Македонија
Светораче на карта

Карта

Координати 41°31′38″N21°4′12″E / 41.52722°N 21.07000°E /41.52722; 21.07000
Регион Југозападен
Општина Кичево
ОбластРабетинкол
Население9 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр.6258
Повик. бр.045
Шифра на КО12065
Надм. вис.889 м
СлаваСвети Кузман и Дамјан
Светораче на општинската карта

Атарот на Светораче во рамките на општината
Светораче наРизницата

Светораче (познато и какоСветорача) — мало село во областаРабетинкол, воОпштина Кичево, во околината на градотКичево.

Селото било познато и какоСветовраче,Световрачи илиСвети Врач.

Етимологија

[уреди |уреди извор]

Се претпоставува дека името на селото дошло од некогашниот раносредновековен манастир „Св. Кузман и Дамјан“ („Св. Врачи“), кој се наоѓал во селото.[2]

Географија и местоположба

[уреди |уреди извор]
Куќи во Горното Маало

Селото се наоѓа во областаРабетинкол, воКичевската Котлина, во источниот дел наОпштина Кичево.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 890 метри. Од градотКичево е оддалечено 20 километри.[3]

Куќите на ова мало село се наоѓаат во самата долина наРабетинска Река. Околни села се:Речани,Крушица,Козичино,Дупјани иРабетино.[2] Селото се наоѓа помеѓу планинитеЧелоица иПесјак.

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Лаки, Вељјарен, Веско Гроб, Бучејца, Стари Куќи, Чуки, Зад Црква, Тумба, Вртиште, Зад Ќулевци, Мелои, Солишта, Калуѓерово, Саџана Ливада, Кижево Нивче, Средњак, Турски Рид, Подвалајца, Чаушица, Фанзојца, Турчинов Камен, Влашки Камен, Зла Осојница, Јачмишта, Марковец, Копилоо Камче, Чистина, Столец, Вис, Орманоец, Велче, Ралеи Трла и Умишта.[2]

Селото е поделено на две маала, Горно и Долно, кои се оддалечени околу 300 метри. Долното Маало е поголемо и позначајно.[2]

Историја

[уреди |уреди извор]
Споменик за загинатите борци воНОБ од Светораче, но и од околните села во областа

Светораче е старо село во Кичевската Котлина. Под истото име се споменува во турските пописни дефтери во втората половина на XV век, кога имало 59 словенско-христијански семејства.[2]

На местото на селото некогаш се наоѓа средновековниот манастир „Св. Врачи“, кој ја заземал скоро целата земја во сливот на Рабетинска Река. Манастирот поседувал многу кози, овци, пчелни кошници, обработлива земја, како и шума. Козите биле чувани воКозичино, овците во месноста Шилеговац (денес маало на Козичино), додека пчеларниците се наоѓале во месноста Уљјаник воРечани. Манастирот бил уништен за време на отоманскиот период, но не се знае кога и како. По неговото уништување биле основани помали села, а дел од земјата ја зазеле и кичевските аги.[2]

Денешното село било обновено по уништувањето на манастирот. Прво се населиле три домаќинства во месноста Стари Куќи на левиот брег на реката. Од тие домаќинства потекнуваат денешните родови во Долното Маало (Кижевци, Богдановци и Ѓулевци). Но, ја напуштиле таа положба по поплава од реката. Горното Маало е основано од помлади доселеници.[2]

Во XIX век, Светораче било село воКичевската каза наОтоманското Царство.

Во учебната година 1900/1901 година во селото учителствувал македонскиот револуционерЃорѓи Сугарев.

Во 1903 година селото било запалено од муслиманите во Кичевско, откако еден Арбанас Рамазан одГарани зазел некои ниви во атарот на селото и бил убиен од комита.[2]

Стопанство

[уреди |уреди извор]
Амбар во Горно Маало

Атарот зафаќа простор од 5,3 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 364хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 86 хектари, а на пасиштата 68 хектари.[3]

За време на отоманската власт, обработливото земјиште било во посед на селаните, односно немало чифлици.[2]

Население

[уреди |уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948152—    
1953145−4.6%
1961106−26.9%
197169−34.9%
198143−37.7%
ГодинаНас.±%
199113−69.8%
199410−23.1%
20026−40.0%
20219+50.0%

Според податоците од 1873 година, селото имало 22 домаќинства со 94 жители христијани (Македонци).[4]

Според податоците наВасил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од1900 година, во селото Светораче имало 225 жители, ситеМакедонци.[5] Според егзархискиот секретарДимитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Светораче имало 240 жители, под врховенството наБугарската егзархија.[6]

На Етнографската карта наБитолскиот Вилает од 1901 г.Световрач се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 30 куќи.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот наКралство Југославија во 1931 година, селото имало 150Македонци.[8]

Селото е мало, во фаза на наполно раселување, населено со македонско население. Тоа, во 1961 година броело 106 жители, а во 1994 година само 10 жители.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Светораче живееле 6 жители, ситеМакедонци.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 9 жители, ситеМакедонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година19001905194819531961197119811991199420022021
Население2252401521451066943131069
Извор за 1900 г.:Македонија. Етнографија и статистика.[10];за 1905 г.:La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11];за 1948-2002 г.:Државен завод за статистика на РМ.[12];за 2021 г.:Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

[уреди |уреди извор]

Во селото Светораче живеат Македонци од православна вероисповед. Селото има и староседелци и доселеници.[2]

Според истражувањата наЈован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се:

  • Староседелци:Кижевци (12 к.), потекнуваат од „манастирски работници“ на планинатаПесјак. Во атарот на селото постои месност Кижево Нивче. Кижевци се познат род во источниот дел на Кичево, предците Апостол и Ѓоргија биле големи сточари и имале околу 500 овци и исто толку кози. ВоБитола имале касапница. Куќите во селото им се наоѓаат во Долно Маало иБогдановци (5 к.), и тие потекнуваат од „манастирски работници“ куќите исто така им се наоѓаат во Долно Маало.
  • Доселеници:Шоповци (5 к.), доселени се од некое сега албанско село во Зајашка жупа. Населението од селата одЗајас нагоре во минатото биле нарекувани Шопски, оттука и името Шоповци иЃулевци (1 к.), потекнуваат од некој Ѓуптин (Ром). Овој род отсекогаш имал едно домаќинство.

Според истражувањата пак наТома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се:[14]

  • Горно Маало:Марковци (1 к.),Мареновци (3 к.),Димовци (2 к.),Мишковци (1 к.) иМицковци (1 к.);
  • Долно Маало:Ѓуревци (10 к.),Степановци (3 к.) иКижевци (3 к.).

Општествени установи

[уреди |уреди извор]
Поранешното основно училиште „Иво Лола Рибар“
  • Месна заедница
  • Поранешно основно училиште „Иво Лола Рибар“

Самоуправа и политика

[уреди |уреди извор]

Селото влегува во рамките наОпштина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашнатаОпштина Вранештица.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Орланци, во која покрај селото Светораче, се наоѓале и селата Дупјани, Козичино, Крушица, Миокази, Орланци, Патец, Рабетино, Речани и Челопеци. Светораче во периодот 1950-1952 било седиште на некогашната Општина Светораче, во која тогаш влегувале селата: Дупјани, Козичино, Крушица, Речани, Рабетино, Светораче и Патец.

Избирачко место

[уреди |уреди извор]

Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 0811 споредДржавната изборна комисија, сместено во месната заедница. Во ова избирачко место е опфатено и селотоКрушица.[15]

Напретседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 12 гласачи.[16]

Напарламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 12 гласачи.[17]

Личности

[уреди |уреди извор]

Личности родени во Светораче:

Културни и природни знаменитости

[уреди |уреди извор]
Главната селска црква „Св. Кузман и Дамјан“
Археолошки наоѓалишта[18]
Цркви[19]

Во минатото во селото постоел и манастирот „Св. Кузман и Дамјан“ („Св. Врачи“). Исто така,Јован Трифуноски наведува и средновековна црква „Св. Атанас“, веднаш до главната селска црква.

Споменици
Реки[20]

Редовни настани

[уреди |уреди извор]
  • Св. Кузман и Дамјан — главна селска и црковна слава

Иселеништво

[уреди |уреди извор]

РодотМаренкови се иселил воКичево и воБелград, а живееле во Горно Маало. Се знае за 28 иселени домаќинства, главно во Белград.[2]

Галерија

[уреди |уреди извор]
  • Горно Светораче
    Горно Светораче
  • Куќи во селото
    Куќи во селото
  • Влезот во некогашното училиште
    Влезот во некогашното училиште
  • Рабетинска Река во селото
    Рабетинска Река во селото
  • Сокак во Горно Светораче
    Сокак во Горно Светораче

Наводи

[уреди |уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“.Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,002,012,022,032,042,052,062,072,082,092,10Трифуноски, Јован (1968).Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 14–15.
  3. 3,03,13,23,3Панов, Митко (1998).Енциклопедија на селата во Република Македонија(PDF). Скопје: Патрија. стр. 266. Посетено на 5 декември 2020.
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 90-91.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 257.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 156-157.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017).Етнографска карта на Битолскиот вилает(PDF). Каламус. стр. 35.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 20 декември 2020.
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“.Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“.Државен завод за статистика.
  14. Смиљанић, Тома, (1935)Кичевија, Насеља и порекло становништва. Београд, САНУ
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано одизворникот на 2023-08-17. Посетено на 20 декември 2020.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано одизворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  17. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано одизворникот на 2020-07-15. Посетено на 5 декември 2020.
  18. Коцо, Димче (1996).Археолошка картаг на Република Македонија. Скопје: МАНУ.ISBN 9789989101069
  19. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.).Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи.ISBN 978-608-65143-2-7.
  20. Петрушевски, Илија;Маркоски, Благоја (2014).Реките во Република Македонија(PDF). Скопје: Геомап. стр. 54.ISBN 978-9989-2117-6-8.

Поврзано

[уреди |уреди извор]

Надворешни врски

[уреди |уреди извор]
Грбот на Општина Кичево
Грбот на Општина Кичево
Раселени
Историски
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Светораче&oldid=5201279
Категории:
Скриени категории:

[8]ページ先頭

©2009-2025 Movatter.jp