Во средновековната црковна книжевност се истакнува големата моќ на светците од коиѓаволите имаат голем страв. На пример, во делото „Дијалози“, Григориј Велики раскажува какосвети Фортунат го избркал ѓаволот од еден опседнат човек, по што ѓаволот скитал низ градските улици жалејќи се дека останал без засолниште.Григориј Турски ја наведува случката во која некоја жена не можела да се породи и ја испратила својата сестра да ја побарапаганската божицаДијана; тогаш ѓаволот (зашто тој бил паганскотобожество) ја упатил наапостолот Андреја, т.е. ја признал моќта насветците.[2] Исто така, ѓаволот кој ја запоседнал ќерката на некој италијанскихерцог не сакал да излезе, барајќи да дојдесв. Гал, а штом пристигнал, светецот го избркал ѓаволот (кој имал лик на врана) и го истерал во пеколот.[3] Во „Житието на св. Мартин“ (De vita beati Martini),Сулпициј Север пишува дека ѓаволот постојано го опседнувал св. Мартин, а еднаш се појавил во царска облека, претставувајќи се какоХристос и барајќи светецот да му се поклони. Но, светецот не наседнал на итрината, па ѓаволот морал да си замине, оставајќи зад себе непријатен мирис во ќелијата.[4] Во друга прилика, св. Мартин го избркал ѓаволот од некој опседнат човек, но притоа не му дозволил да излезе од устата на опседнатиот, туку го натерал да се спушти вожелудникот.[5] Во житието насв. Колумбан се наведува случката во која ѓаволот не ги слушал наредбите на светецот и не излегувал од човекот кого го опседнал, па св. Колумбан ја пикнал раката во устата на човекот и го извлекол ѓаволот кој испуштал голема смрдеа.[6]
Во своето дело „Дијалог за чудата“,Цезариј од Хајстербах наведува примери во кои светците понекогаш се служат и со човечки средства за да ги вразумат непослушните верници. На пример, на некој големец кој бил виновен за палењето нахрамот, восонот му се јавил св. Аустригизил кој му удрил толку силна шлаканица, што му останала модринка. Кога се разбудил, големецот им раскажал на слугите за случката и потоа умрел; слично постапил исв. Никита од Лион: кога по неговатасмрт се утврдило дека не му оставил никаков имот наманастирот во кој умрел, некој свештеник го обивнил за тоа, а светецот му се јавил во сонот и го истепал; свети Криспин и Криспинијан му се јавиле наепископот виновен за уништувањето на опатијата изградена над нивнитегробови и му ги скинале деснатарака инога и тој умрел; на некој бонски свештеник со име Јован, кој никогаш не ја наведнувал главата пред олтарот, ноќе му се јавилсв. Јован Крстител и силно го удрил со ногата встомак, а оттогаш свештенико почнал да боледува; четирите свети патрони на манастирот во Суасон му се јавиле на сон на латариншкиотхерцог и го истепале, а тој се разбудил целиот во модринки;[7]
Во делото „Пофалба на глупоста“,Еразмо Ротердамски ја исмејува праксата секоја област да почитува посебен светец или на секој светец да му се припишува некое посебно својство (некој се грижи за родилките, некој за морнарите, некој ја намалува болката, итн.).[8]