Дијаграмот го прикажува максималниот процент на водена пареа во воздухот, кој може да биде над морското ниво, во зависност од температурата. Однесувањето на водената пареа не зависи од присуството на други молекули во воздухот.
Росиште илиточка на оросување —температура до која влажниот воздух мора да се олади (100% релативнавлажност на воздухот), при постојанпритисок, за да започне кондензацијата на водата. Оваа температура може да се постигне со ладење навоздухот до заситување со непроменета количина наводена пареа. Тогаш стварниот притисок на водената пареа станува еднаков на рамнотежниот притисок. При температура на точката на оросување или пониска температура, капкитевода се создаваат сокондензација, нарастенијата се појавувароса илислана, во зависност од тоа дали температурата на точката на оросување е повисока или пониска од 0 °C.
Температурата на росиштето е поврзана совлажноста на воздухот. Високата релативна влажност покажува дека температурата на росиштето е многу блиску. Релативна влажност од 100% покажува дека температурата на росиштето е еднаква на стварната температура и дека воздухот е максимално заситен со водена пареа.[1]
Когатемпературата на воздухот е висока,телото порадитоплинска саморегулација користи потење за да се олади. Колку телото е потопло, толку посилно ќе биде потењето за да се одржи нормална телесна температура. Количината на потење зависи и одрелативната влажност на воздухот. Ако воздухот е заситен со влага, потта нема даиспари, што може да доведе до топлотен удар. Ако потта не може да испари поради заситениот воздух, човекот се чувствува непријатно. Ако воздухот брзо се отстранува одкожата, тогаш испарувањето на потта ќе биде побрзо, поради ветре или вентилатор, па лицето ќе се чувствува поудобно. Влажниоттопломер користи и испарувачко ладење и затоа понекогаш се користи за одредувањена степенот на удобност.
Непријатност се јавува и при многу ниски температури, под -30 °C, кога сувиот воздух може да предизвика пукање и иритација на кожата. OSHA (англиски:Occupational Safety and Health AdministrationУправа за безбедност и здравје при работа ) препорачува удобност помеѓу 20 и 24,5 °C, со релативна влажност од 20 до 60%.[2]
Луѓето кои се навикнати наконтинентална клима често се чувствуваат непријатно кога температурата на росиштетот достигне 15 до 20 °C.
Постојат уреди за мерење на температурата на росиштето во широк опсег. Најчесто тие се состојат од полирано метално огледало по кое воздухот струи и го лади. Кога ќе се појават капки вода, се чита температурата на росиштето.
Дијаграм на зависност на температурата на росиштето од температурата на воздухот за неколку нивоа на релативна влажност. Се заснова на приближната формула Огист – Рош – Магнус
Може да се направи многу добра приближна пресметка за температурата на росиштеTr, ако се познати релативната влажност на воздухотRH и стварната температура на воздухотT, и таа изнесува:
каде:
температурата треба да биде изразена во °C, аln се однесува на природниотлогаритам . Константите се:
a = 17,271
b = 237,7 °C
Изразот се заснова наприближното пресметување на Огист-Рош-Магнус, за заситена водена пареа во воздухот, како функција од температурата. Важи за областа:[3]
Може да се пресмета и едноставна приближна вредност за температурата на росиште, ако се познати температурата на сув термометарT и релативната влажност на воздухотRH . Точноста на овој израз е ±1 °C, ако релативната влажност е над 50%. Важи:
или
Од овој израз може да се изведе правило:за секои 1 ºC разлика помеѓу температурата на точката на оросување и температурата на сув термометар, релативната влажност се намалува за 5% .