Movatterモバイル変換


[0]ホーム

URL:


Прејди на содржината
ВикипедијаСлободна енциклопедија
Пребарај

Ркацители

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ркацители
Ркацители во Виал и Верморел
Боја на лушпатаБела
ВидVitis vinifera
ПотеклоГрузија
Гроздови ркацители

Ркацители (грузиски:რქაწითელი,romanized: tr; буквално „црвено стебло“ или „со црвени рогови“) — видгрозје што се користи за производство на беловино.

Историја

[уреди |уреди извор]

Оваа древналоза потекнува одГрузија и се претпоставува дека е една од најстаритесорти грозје.[1]

Ркацители била најраспространетата сорта на грозје воСоветскиот Сојуз и до 1978 година претставувала 18% од целото советско производство на вино.[2] Се користело за сè, одтрпезно вино доликери дозајакнато вино слично нашери. Пред програмата за намалување на лозовите насади напретседателот Горбачов, ркацителито било веројатно најраспространето бело винско грозје во светот.[3]

ВоКахетија било особено познато по своитеслаткидесертни вина направени на ист начин како винотопорто. Имало многу обиди да се правипенливо вино од ова грозје, но неговиот природен високстепен на алкохол не му дозволило да постигне голем успех.[1]

Вински подрачја

[уреди |уреди извор]

Грозјето најмногу е засадено во неговата татковина Грузија, иако сè уште има значителни насади во другиисточноевропски земји какоРусија,Ерменија,Бугарија,Молдавија,Романија,Србија,Македонија,Азербејџан иУкраина.[1]

Виногорја во Македонија

[уреди |уреди извор]

Со Правилникот за реонизација на лозарските подрачја[4] сортата ркацители е препорачана Повардарскиот реон во Кумановското виногорје.

Други подрачја

[уреди |уреди извор]

Исто така, се сади, во мали количини, воАвстралија и источнитеСоединетите Американски Држави, главно во подрачјето Фингер Лејкс во државатаЊујорк,Масачусетс,Њу Џерси и воВирџинија иСеверна Каролина.[5] Имало и некои опитни насади воКалифорнија, Големата долина AVA и West Elks AVA од Колорадо иКина (каде грозјето е познато какоBaiyu).[1]

Лозарство

[уреди |уреди извор]

Високатакиселост на грозјето е склона да ги направи вината прекумерно кисело, па винарите се обидуваат да го берат грозјето што е можно подоцна за да го максимизираат балансот на шеќер за да ја надоместат киселоста. Во повеќето подрачја на Источна Европагроздоберот е обично во средината на октомври.[1]

Вински стил

[уреди |уреди извор]

Ркацители прави забележливо кисело,избалансирано бело вино со зачинети и цветни ноти во аромата.[1]

Наводи

[уреди |уреди извор]
  1. 123456J. RobinsonVines, Grapes & Wines pg 260 Mitchell Beazley 1986ISBN 1-85732-999-6
  2. Валуйко, Г. Г. (1978).Виноградные вина. Рипол Классик.ISBN 9785458491594.
  3. winepros.com.au.Oxford Companion to Wine.„Rkatsiteli“. Архивирано одизворникот на 2008-08-08.
  4. Правилник за реонизација на лозарските подрачја
  5. Wine 101 - RkatsiteliWineCompass
 
Лозарство
Историја
Стилови
Најпознатисорти грозје
по површина
Бело
Црвено
Регионални
Поважни региони
Пакување,додатоци,
искладирање
Хемија на виното
Индустрија
Гроздобер
Притискање
Мацерација
Ферментација
Стареење
Други чекори
Поврзано
Икона за портал Портал: Вино
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Ркацители&oldid=5412166
Категории:
Скриена категорија:

[8]ページ先頭

©2009-2025 Movatter.jp