Movatterモバイル変換


[0]ホーム

URL:


Прејди на содржината
ВикипедијаСлободна енциклопедија
Пребарај

Реј Бредбери

Од Википедија — слободната енциклопедија

Реј Даглас Бредбери (англ.Ray Bradbury,22 август19205 јуни2012) бил американски писател на научна фантастика[1].

Реј Даглас Бредбери во 1975

Биографија

[уреди |уреди извор]
Реј Бредбери (во средината), заедно со претседателот на САД Џорџ Буш и неговата жена, 2004

Роден е на 22 август 1920 во Вокиган, Илиноис,САД. Во раните години неговото семејство често се преселувало, за во 1934 конечно да се населат воЛос Анџелес. Во семејството на Бредбери, повеќемина се занимавале со книгоиздателство, затоа не изненадува тоа што и самиот станал писател, покрај тоа што бил голем љубител на книжевноста. По средното образование не се решава да се запише на универзитет и заработува од продавање дневни весници. Образованието го продолжва во библиотеката, каде се вљубува во научно фантастичните дела и ликови, какоФлеш Гордон иБак Роџерс. Наскоро започнува да ги објавува и своите СФ раскази по списанија во раните 1940-ти. Неговата прва книга, збиркатаТемен карневал, ја објавува во 1947[2]. ==Работел и на сценарија за филмови. Тоа се „Моби Дик“ (1956), режиран одЏон Хустон, и „Кралот на кралевите“ (1961), режиран одНиколас Реј. Бредбери исто така пишувал и за првата сезона наЗона на самракот (1959).

Покрај веќе наведените дела, Бредбери има напишано и голем број на есеи и ракази. Пишувал и мјузикли, десетина романи и новели, збирки раскази, па и поезија. Веројатно најпознато дело му еФаренхајт 451 – температурата на која хартијата гори, издадено во 1953 година, кое денес претставува класик наамериканската книжевност.

Бредбери бил и идеен советник за павилионот на САД наСветската изложба воЊујорк во 1963, а помагал и при создавањето и планирањето на туристичките патеки низДизниленд како консултант за урбано градежништво и брз транспорт.

Иако честопати бил означуван како неучнофантастичен писател, лично сметал дека од неговите дела само „Фаренхајт 451“ е научна фантастика, заснована на стварноста. За поголемиот број од останатите дела сметал дека се фантастика[3].

Дела

[уреди |уреди извор]

Збирки раскази

[уреди |уреди извор]

Покрај овие колекции многу раскази се издадени како Best of колекции.

Занимливости

[уреди |уреди извор]
  • Интересно е дека Бредбери, кој пишувал за космички бродови и вселенски патувања, тој самиот никогаш не возел автомобил. Ваквото свое однесување го објаснувал со ужасната сообраќајна несреќа што ја видел уште како дете.
  • Сè до својата 63 година не патувал ниту со авион.

Почести и награди

[уреди |уреди извор]

За своите придонеси во филмската индустрија, Реј Бредбери добил ѕвезда на познатиот Холивудски булевар.

Еденастероид е именуван во негова чест -(9766) Bradbury, исто како и еден кратер на месечината што го добил називот според наслов на негов роман - "Dandelion Crater".

За своето творештво е добитник на „Светската награда за фантастика“, Стокеровата.Пулицеровата награда и други.

Наводи

[уреди |уреди извор]
  1. "жанрот" го заменува "жанрот" во критичката терминологија со цел да го прошири опсегот на критичка дискусија за одредени видови литературни изрази. Во следнава врска што ја категоризира викторијанската литература, "жанрот" се користи за севкупните категории, како што се поезијата и нефикцијата, и „режим" се користи за одредени видови литературни видови, како што се реализмот и фантазијата. Преземено на 28 февруари 2021 г.“.
  2. „Ray Bradbury“. Архивирано одизворникот на 2021-01-25. Посетено на2021-02-02.
  3. Ray Bradbury Biography(1920–2012)

Надворешни врски

[уреди |уреди извор]
Нормативна контрола
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Реј_Бредбери&oldid=5253864
Категории:
Скриена категорија:

[8]ページ先頭

©2009-2025 Movatter.jp