Декарт, понекогаш нарекуван „основач на модерната филозофија“ и „татко на модерната математика“, се вбројува меѓу најзначајните и највлијателните мислители во западната историја. Тој ги инспирирал и неговите современици, како и следните генерации на филозофи.
Неговата најпозната реченица еcogito ergo sum, што значи: „Мислам, значи постојам“.
Декарт е роден на 31 март 1596 година во Ла Еј, во реонот Индре-ет-Лоар, од татко Јоаким, советник на парламентот воРен, и мајка Жана Брошар, која умрела набрзо по породувањето. Во 1604 година се запишува наИсусовскиот колеџ во Ла Флеш, каде се запознава со Мерсен. Таму ја изучувалфилозофијата, а школувањето го завршил во 1612 година. Во 1613 година се доселил воПариз, каде една година подоцна се запознал со математичарот Мидорж и така почнал да ја изучуваматематиката. Во текот на 1615-1616 година, тајно заминал воПоатје, каде учелправо. Во 1617 година ѝ се придружил на војската на Морис Насавски и две години престојувал воБреда, за време на примирјето меѓу Шпанците и Холанѓаните. Во јули 1619 година на напуштил војската на Насавски и преминал кајвојводата одБаварија. На 28 јули, истата година, воФранкфурт, присуствувал на крунисувањето на царотФердинанд II. Исто така, учествувал во битката кајПрага, некое време бил дел од воениот поход на грофот од Бикој против Бетлен Габор, а по смртта нагрофот, патувал низМоравија,Шлезија,Бранденбург иФризија. Во текот на 1621-1622 година престојувал воХаг, а во 1623 година се вратил воФранција и го продал својот имот. Во 1623-1625 година, патувал низИталија иШвајцарија при што присуствувал на прославата на јубилејот наПапа Урбан VIII, одржана воРим. Во периодот од 1625 до 1628 година, престојувал во Париз, учествувал во опсадата на Ла Рошел, а потоа се преселил воХоландија, каде почнал да се занимава со филозофија. Во 1633 година имал намера да го објави делото „Свет“, но се поколебал, дознавајќи за судбината наГалилео Галилеј. Во текот на 1634-1635 година живеел во незаконскибрак со некоја жена со име Елена со која ја добил ќерката Франсина, која умрела во 1640 година. Во периодот од 1637 до 1649 година, Декарт објавил повеќе свои дела, а во 1649 година заминал воСтокхолм на повик на крлаицата Кристина. Починал на 11 февруари 1653 година, а во 1667 година, неговите посмртни остатоци биле пренесени во Париз, каде биле закопани во црквата Сен Етјен-ди-Мон.[1]
Во своето дело „Расправа за методата“, Декарт се осврнува на своето образование, сведочејќи дека уште во детството се посветил нанауката, убеден дека таа ќе му овозможи да стекне знаење за сето она што е корисно за животот. Меѓутоа, штом ги завршил студиите, потполно го променил мислењето, откривајќи дека во текот на образованието се соочил со бројни заблуди и сомнежи, така што единствената корист од учењето се состоела во тоа што го открил своето незнаење. Сепак, тој неуморно учел, покажувајќи интерес за јазиците, закнижевноста, за историјата, заговорништвото, запоезијата, за математиката, заетиката, за филозофијата, и замедицината. Притоа, најмногу му се допаѓала математиката поради јасноста и извесноста на нејзините принципи, иако во тоа време сè уште не ја воочил нејзината вистинска вредност. Покрај тоа, високо ја ценел ихристијанската теологија и тежнеел кон вечното блаженство, но не се осмелувал да се зафати со подлабоко проучување на теолошките проблеми. Наспроти нив, тој ги презираластрологијата,алхемијата имагијата. Според сведочењето на Декарт, разочаран од вредноста на образованието, кога ја достигнал соодветната возраст за да се ослободи од учителите, целосно го напуштил изучувањето на науките и остатокот од младоста го минал во патување низЕвропа. Така, изучувајќи ја „книгата на светот“ и среќавајќи се со обичаите на другите луѓе, тој полека се ослободил од заблудите, стекнал соодветно искуство и решил да се посвети на проучување на самиот себе.[2]
Декарт и математиката и физиката (проучување на светот)
Пред Декарт, поимот наматематиката не бил доволно определен, зашто под овој поим се подразбиралеаритметиката,геометријата,астрономијата,оптиката,механиката и други науки кои имаат посебен предмет на изучување. Декарт ги издвојува односите, мерките и редот како општи појави и како вистинскиот предмет на математиката. Тој се залага за универзална наука на редот и мерата која се вика универзална математика и која ги содржи сите елементи на дотогашните подинечни математички области. Универзалната математика не е наука за некои посебни предмети и не ја испитува нивната егзистенција и природа, туку нејзин предмет се можните односи меѓу можните предмети, односно квантитетот на предметите. На истиот начин, простите и апсолутните поими ја сочинуваат и основата на Декартовата физика која се состои од два основни поими – просторност и движење. Во објаснувањето на физичките појави треба да се тргне од сетилата кои ни покажуваат што е штетно или корисно за нас, но не ја откриваат суштината на стварноста, зашто до неа се доаѓа со разумот. Просторноста е основата на материјалниот свет, а таа има три димензии – широчина, длабочина и должина. Просторноста ја претставува сусптанцијата на предметите, кои како појави зависат од промената на местото и на обликот, односно од движењето. Оттука, движењето е основата на сето она што е сензибилно. Причината на сето движење е Бог, а величината на движењето е непроменлива. Причините по кои константната величина на движењето се дели меѓу телата се општите закони на движењето кои се општи закони на материјалниот универзум, а тој претставува машина во која има само облици и движење на неговите делови. На тој начин, Декартовата физика произлегува од принципот на простото и се јавува како производ на дедукцијата, а тесно е поврзана и со метафизиката зашто нејзината појдовна точка е идејата за Бога. Декарт ги објаснува физичките појави механички со примена на математичките принципи, односно, паралелно на неговата математика, и Декартовата физика има универзален карактер чии корени се во математичкото, механичкото илогичкото.[3]
Во своите книги „Правила за насока на умот“ (1628) и „Расправа за методата“ (1637) Декарт пишувал за својотнаучен метод. Тој исто така пишувал за формите (геометрија),светлината (оптика) ивремето (метеорологија). Потоа измислил начин за опишување на форми кои сега се нарекуваДекартов координатен систем и теорија за тоа што сега се нарекувавиножито. Физиката на Декарт била важна за подоцнежниот познат мислител,Исак Њутн, кој рекол за него, како иЏејмс Хук: „Ако видов понатаму, тоа беше затоа што стоев на рамениците на џинови!“
Декарт се одликувал со сестрано знаење и покажувал интерес во повеќе области, вклучувајќи ја имедицината. Така, во петтиот дел од „Расправата за методата“, тој дава детаљен опис на градбата насрцето ибелите дробови на големите животни за кои кажува дека се многу слични на човековите. Притоа, тој опишува дека срцето има две комори (шуплини) при што во десната комора има два широки канала – шупливатавена од која понатаму се разгрануваат другите вени и артериската вена (за која вели дека е погрешно наречена, зашто таа еартерија) која се разгранува во белите дробови. Од левата комора, исто така, излегуваат два канала, и тоа венската артерија (вената која доаѓа од белите дробови) и големата артерија кога се разгранува низ целото тело. На овие две шуплини има четири отвори кои ги затвораат 11 кожички: три на влезот нашупливата вена кои спречувааткрвта да не излегува од неа, три на влезот на артериската вена кои спречуваат да се враќакрвта од белите дробови, две на влезот на венската артерија и три на влезот на големата артерија кои спречуваат крвта да се враќа во срцето. Бидејќи отворот на венската артерија е овален, тој се затвора со две кожички, додека другите отвори се тркалезни и затоа се затвораат со по три кожички. Декарт нагласува декаголемата артерија и артериската вена се поцврсто градени од веснката артерија и шупливата вена, кои пред да влезат во срцето имаат две кеси, наречени срцеви уши. Потоа тој ја објаснува работата на срцето, односно протокот на крвта во него и од него при што крвта се затоплува во срцето и тоа почнува да се шири, а крвта низ телото се лади. Понатаму, тој опишува дека на врвовите од артериите има бројни ситни премини преку кои крвта преминува во вените, а преку нив пак се враќа во срцето, така што крвта постојано циркулира. Целта надишењето е разредената крв во белите дробови повторно да се згусне и така да се врати во срцето. Тоа движење создава животни духови (esprits animaux) кои се како фин ветар или како жив пламен кој постојано и изобилно се качува во срцето и вомозокот, а оттаму преку нервите се пренесува вомускулите кои го придвижуваат телото.[4]
Декарт и филозофијата (проучување на апстрактни идеи)
Декарт се смета за татко на новата филозофија и еден од столбовите на западната метафизика. Според Вунт, тој е единствен во филозофијата, зашто од него почнува сѐ и сѐ се враќа во него. Емил Бутру го нарекува еден од најчистите и најубавите изрази на генијот на нашата раса, а Кун Фишер смета дека од картезијанизмот произлегуваат: Малбраншовиот оказионизам,Спинозиниот монизам, Лајбницовата монадологија, де ла Метриевиот материјализам, Берклиевиот дуализам иКантовиот критицизам.[5]
Декарт е творец на новата метода во филозофијата и вонауката, која ја изложил во две дела: во четири нејасни става во „Расправа за методата“ и многу поопшрино во „Regulae ad directionem ingenii“. Тој разликува два вида сознание – природно и научно (методско). Второто сознание е засновано на првото, зашто методата е дадена во природата на мислењето.Разумот е единствен кај сите луѓе и оттаму произлегува стремежот кон универзална наука која ќе ги поврзи поединечните дисциплини. Кон вистината водат два пата – искуството и дедукцијата. Декарт смета дека сетилното искуство е лажливо и несигурно, така што вниманието го насочува кон внатрешното искуство кое е засновано врз интуицијата како основен чин на интелектот. Суштината на интуицијата се состои во лесно и јасно поимање на нештата, без никаков сомнеж, односно таа е непосредно доаѓање до вистината (иако Декарт никаде на дава дефиниција на интуицијата). Нејзин предмет се простите природи: фигурата, распространетоста, движењето, сомнежот, незнаењето, постоењето, траењето итн. Вториот чин на разумот е дедукцијата со која се спознаваат нештата кои не се непосредно дадени. Дедукцијата се одликува со сукцесија на елементите и претставува ред на поединечни интуиции. До принципите може да се дојде и со интуиција и со дедукција, но само дедукцијата служи за спознавање на подалечните последици. Оттука, првиот принцип на Декартовата метода гласи: да не се прифаќа како вистинито ништо што очигледно не изгледа така, да се чуваме од предубедувањата и да се признае само она што јасно му се открива на разумот и во кое не се сомневаме во никакви околности.[6]
Петтото и шестото правило од Regulae ги содржат најважните прописи на Декартовата метода. Петтото правило се однесува на почитување на редот и диспозицијата на нештата кои се испитуваат при штовистината се открива ако нејасните ставови постепено се сведуваат на јасни и ако со помош наинтуицијата се тргне од најлесните нешта и се дојде до сознанието на другите нешта. Шестото правило се однесува на класификацијата на нештата што овозможува да се согледа дека спознанието на една класа зависи од спознанието на некоја друга при што мора да се знае кое нешто е најпросто и колку другите се оддалечени од него. Со тоа, Декарт го нагласува значењето на двојната постапка на анализа исинтеза. Главната задача наанализата е да ги открива принципите на нештата, додека синтезата ја реконструира стварноста од простите и апсолутните елементи. Овие две правила ја сочинуваат чистата метода, а Декарт додава и трето правило поради можноста за неизвесност и водедукцијата. Третото правило е набројувањето со кое се уверуваме во присутноста на сите факти, а Декарт бара набројувањето да биде доволно и методско. Најпосле, четвртиот став од „Расправата за методата“ гласи: „да прават поцелосни набројувања и поопшти прегледи за да се обезбедам дека ништо не пропуштам“. Според тоа, во декартовата метода разликуваме анализа и синтеза, а во овие две операции има по три последователни елементи: во анализата, тие се набројување, дедукција и интуциија, а во синтезата, тие се интуиција, дедукција и набројување.[7]
Во својата книга „Размислувања за првата филозофија“ (1641) Декарт го користел својот научен метод за да разгледа филозофски прашања. Тој се спротивставил наскептицизмот (ставот дека светот не е реален и дека не постои). Открил дека тој и самиот мора да е вистински (постои), затоа што чувствува дека размислува; и ако размислува, тогаш тој мора да бил вистински. Ова е затоа што ако тој не е вистински, тогаш како би го имал ова чувство за кое размислувал. Тој го скратил ова гледиште, велејќи налатински: „Cogito ergo sum“, што значи: „Мислам, зnaчи постојам“.
Овие идеи се присутни и во делото „Расправа за методата“, каде во четвртиот дел Декарт опишува како дошол до горниот заклучок: Бидејќи сетилата често нѐ лажат, а луѓето прават погрешни заклучоци, тој тргнал од претпоставката дека и тој е склон на грешки, па затоа ги отфрлил како погрешни сите дотогашни знаења. Потоа си замислил дека може да постои и без тело, но бидејќи е способен да мисли, од тоа го извлекол заклучокот дека е супстанција чија суштина се состои во мислењето и која не зависи од ниеден материјален предмет. Со други зборови, „јас“ односно душата е целосно одвоено од телото и може да постои и без него. На тој начин, Декарт го усвоил општото правило според кое нештата кои ги поимаме се вистинити.[8]
Понатаму, поаѓајќи од тоа дека штом се сомнева, тоа значи дека неговото битие не е совршено, Декарт се прашува како воопшто помислува на некое посовршено битие и заклучува дека тоа доаѓа од некоја посовршена природа. Бидејќи идејата за совршеното битие не може да дојде сама од себе, тој заклучува дека таквата идеја му ја ставила некоја совршена природа, а тоа е Бог. Според него, доказот дека Бог постои е потполно јасен како и секој доказ од геометријата. Тоа што некои луѓе се убедени дека е тешко да се спознае Бог произлегува оттаму што тие не го воздигнуваат својот дух над сетилните предмети. Всушност, нештата кои јасно ги забележуваме се вистинити токму затоа што постоиБог и дека сѐ што е во нас произлегува од него. Оттука, нашите идеи и поими, бидејќи доаѓаат од Бога, мора да бидат реални и вистинити. Наспроти тоа, сетилата често нѐ лажат, а разумот ни кажува дека нашите идеи и поими мора да содржат нешто од вистината, зашто не е можно Бог да ни ги даде ако не се вистинити. Меѓутоа, тој ни кажува дека не може сите наши мисли да бидат вистинити, зашто не сме совршени.[9]
Според Декарт, Бог го создал светот, но не наеднаш и во завршен облик, туку ги поставил законите по кои се развива материјата (природата). Притоа, Бог го создал и човекот, најпрвин како тело, а подоцна во него ставил разумна душа. Животните, пак, немаат душа, а доказ за тоа е фактот што тие не зборуваат и не можат да ги искажат своите мисли. Бидејќи немаат душа,животните функционираат механички, според распоредот на нивните органи, онака како што функционираат механичките предмети (како, на пример, часовникот).[10] Човечката душа има сосема независна природа од телото и не е подложна на смртта, т.е. таа е бесмртна.[11]
Исто така, тој смета дека може да покаже декаБог постои, на ист начин како што чувствува дека размислува. Според него, Бог е ист какобесконечноста и тој јасно може да ја види бесконечноста, затоа што може да мисли на секој поголем предмет, но не и на најголемиот предмет. Оттука, ако постои Бог, тогаш мора да постои и светот, бидејќи Бог е добар и не дозволува да мислиме дека светот е реален (постои) ако не е реален.
Конечно, Декарт смета дека, бидејќи знае дека размислува, но знае и сè друго за себе (на пример дека има две раце и две нозе), затоа што знае дека Бог постои, тогаш тој мора да биде составен од две работи: ум што мисли и тело кое е независно од размислувањето, но сепак тие се обединети заедно. Ова се нарекува „картезијански дуализам“.[12]
За време на животот, Декарт објавил четири книги: две нафранцуски и две налатински јазик. Исто така, се знае дека сакал да го објави и своето дело „Свет“ од 1633 година, но се откажал од намерата поради пресудата наГалилеј. Меѓу неговите посмртни списи, пронајдени се и неколку дела, напишани пред 1637 година. Иако не објавил ништо до 41. година од животот, сепак тој бил познат во областа на филозофијата, благодарение на контактите со бројни луѓе од различни земји, а неговиот углед пораснал како резултат на преписката со парискиоттеолог и научник, отецот Мерсен (1588-1648) кој, знаејќи за неговата научна метода, барал од Декарт да објави нешто од својата работа. Така, Декарт најпосле се согласил да ги објави своитеесеи: „Диоптрика“, „Метеори“ и „Геометрија“, сите напишани на француски јазик. На 8 јуни 1637 година, воЛајден,Холандија, се појавило неговото дело „Расправа за методата“ чиј првобитен наслов гласел „Проект за универзална наука способна да ја воздигне нашата природа до највисокиот степен на совршенството“.[13]
„Расправа за методата за правилна употреба на разумот и потрагата по вистината во науката. Плус диоптриката, метеорите и геометријата, како обид за примена на оваа метода“ (I discours de la methode pour bien conduire sa raison et chercher la verite dans les scienes. Plus la dioptrique, les meteores et la geometrie qui sont des essais de cette methode, 1637). Изданието налатински јазик било објавено во 1644 год.
„Медитации за првата филозофија, во кои се демонстрира постоењето на Бога и бесмртноста на душата“ (Meditationes de prima philosophia, in qui-bus de existentia et animae immortalitas demonstrantur, 1641). Делото ги содржи забелешките на Катерус, Мерсен, Хобс, Арнол и Гасенди, заедно со одговорите на Декарт на тие забелешки. Во 1642 година се појавило второто издание, проширено со забелешките на отец Бурден и Декартовиот одговор на нив.
„Принципи на филозофијата на Рене Декарт“ (Renati Decarstes Principia philosophiae, 1644). Во 1647 година се појавил преводот нафранцуски јазик со насловот „Принципи на филозофијата напишани од Рене Декарт и преведени на француски јазик од неговите пријатели“ (Les principes de la philosophie ecrits en latin par Rene Descartes et traduits en francais pa rim de ses amis)
„Страстите на душата“ (Les passions de l'ame, 1649)
„Расправа за човекот и за создавањето на фетусот“ (Le traite de l'homme et de la formation du foetus, 1664)
„Светот на Декарт, или Расправа за светлината(Le monde de Descartes, ou Traite de la lumiere, 1664). Второто издание се појавило во 1677 год.
„Писмата на Декарт, или Расправи во кои се дискутира за најубавите прашања од моралот, физиката, медицината и математиката, претставени во јавноста од господинот Клерелие“ (Les lettres de Rene Descartes, ou Sont traitees les plus belels questions de morale, de physique, de medecine et de mathematique, donnees au public par le sieur Clerselier, 1667)
„Расправа за механиката“ (Traite de la mecanique, 1668)
„Посмртни мали творби за физиката и математиката“ (Opuscula posthuma physica et mathematica, 1701). Оваа книга ги содржи следниве дела: „Свет“ (Mundus), „Расправа за механиката“ (Traite de la mecanique), „Објаснувањата на Н. Поасон за Декартовата музика“ (N. Poissonii elucidationes in Cartesii musicam), „Правила за насочување на умот, како и Истражување на вистината за природната светлина“ (Regulae ad directionem ingenii, ut et Inquisitio veritatis per lumen naturale), „Првите мисли“ (Primae cogitationes) и „Извадоци од господинот Декарт“ (Excerpta en Mssr Descatres)