![]() | Оваа статијаможеби бара дополнително внимание за да ги исполнистандардите за квалитет на Википедија. Ве молимеподобрете ја оваа статија ако можете. |
Работен тек (англиски:workflow) — низа од поврзани чекори од операции доделени за работа на едно лице, на група или на организација. Текот може да се види како апстракција на вистинската работа. За контрола на цели, workflow може да биде цел на вистинската работа под избран аспект, на таков начин што служи како виртуелна претстава на вистински работа. Концептите на workflow се тесно поврзани со другите концепти кои се користат за опишување на организационата структура, како што се силоси, функции, тимови, проекти, политики и хиерархии. Терминот работен тек во сметачкото програмирање се користи за да се опфати односот помеѓу луѓето и сметачите.
Систем за управување со работни текови (workflow management system) е сметачки систем кој управува и дефинира серија на задачи во рамки на една организација со цел да произведе конечен исход или резултати. Ваквиот систем овозможува да се дефинираат различни работни текови за различни видови на задачи или процеси. Така, на пример, во производството, дизајн документ може да биде автоматски да се проследи од дизајнерот до техничкиот директор преку инженерот за производство. Во секоја фаза од работниот тек, еден поединец или група е одговорен за специфична задача. Штом задачата е завршена, пропграмот за работен тек осигурува дека лицата одговорни за наредната задача се известени и дека ги добиле податоците кои им се потребни за да се изврши нивната фаза од процесот. Системот за управување со работни текови исто така автоматизира непотребни задачи, обезбедува следење на недовршени задачи и може да се контрола на автоматизирани процеси во прилог на замена на хартија.
Следните примери прикажуваат различни видови на работни текови во различни контекси:
Постојат многу програмски системи за поддршка на работни текови. Таквите системи извршуваат задачи како на пример автоматско насочување, делумно автоматизирање на процесите и интеграција помеѓу различни функционални програмски прилози и мшински системи.