Movatterモバイル変換


[0]ホーム

URL:


Прејди на содржината
ВикипедијаСлободна енциклопедија
Пребарај

Забна пулпа

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено одПулпа)
Катник кај човек со прикажани делови, меѓу кои и пулпата.

Пулпата на забот (pulpa dentis) е најминијатурниоторган вочовековототело. Сместен е во шуплината на забот (cavum dentis) и од секаде е обиколена содентин, освен во пределот на отворот на врвот на коренот на забот (foramen apicis dentis) преку кој навлегувааткрвни садови инервни влакна.Пулпата е ретко сврзливоткиво.

Функции на пулпата

[уреди |уреди извор]

1.Дентиногена Функција - учествува во создавање надентин.2.Нутритивна или хранителна функција - се остварува прекунервните влакна икрвни садови.3.Заштитна или одбранбена функција - пулпата реагира на механички, топлински, бактериски, хемиски и други фактори соболка.

Структурна организација на забната пулпа

[уреди |уреди извор]

1.Одонтобластен слој

[уреди |уреди извор]

Тоа е слој, составен од цилиндричниклетки (одонтобласти) кои се движат по површината на забната пулпа на границата содентинот. Ододонтобластите излегуваатТомесови процесуси кои навлегуаат во дентинските каналчиња и учествуваат во неговата исхрана.

2.Субодонтобластен слој

[уреди |уреди извор]

Се состои од:1.Ацелуларна зона - Веилова Зона и2.Клеточна зона - Хохлова зона.Во Веиловата зона се наоѓа мрежа нанервни влакна - Решкова мрежа. Под Веиловата зона се наоѓа Хохловата клеточна зона во која се наоѓаат повеќе типови наклетки од кој најзастапени сефибробластите.

3. Централна зона

[уреди |уреди извор]

Тоа е дел од забната пулпа во кој се наоѓаатклетки,крвни садови,нервни влакна,лифмни садови, ретикуларни, колагени и еластични влакна кој се потопени во водена маса.

Во пулпата може да се сретнат и недиференцираниклетки кои понекогаш во зависност од потребите може да се диферецираат.

Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Забна_пулпа&oldid=5368829
Категорија:
Скриени категории:

[8]ページ先頭

©2009-2025 Movatter.jp