Пропиверин е лек кој се користи како антихолинергик (го намалува дејството на невротрансмитерот ацетилхолин) и спазмолитик (против грчеви на мазната мускулатура на внатрешни органи).
Пропиверин спаѓа во групата на невротропни-мускулотропни спазмолитици. Поради ова својство се применува во урологијата кај уринарна инконтиненција и зголемена фреквенција намокрење (прекумерно често празнење намочниот меур).[1]
Пропиверин има двоен ефект:[2]
Поради долгиот полуживот од 14 до 20 часа во споредба со другите невротропни-мускулотропни антиспазмодици, доволен е внес на два пати на ден.
Користењето на лекот може да доведе до замор, нарушувања на гастроинтестиналните функции, сува уста, пад на крвниот притисок со симптоми на вртоглавица и, во случај на високи дози, до намалување на секрецијата на потните жлезди (што доведува до акумулација на топлина, црвенило на кожата).
| Ве молиме, обратете внимание наважното предупредување во врска со темите поврзани одобласта на медицината (здравјето). |