Презвитер[1] илисвештеник[2] ([πρεσβιτερος]Error: {{Langx}}: unrecognized language code: gr (help) — старец, старешина) — свештенослужителски чин, втор по ред во црковнатаерархија, повисок одѓакон, понизок одепископ, посветен сохиротонија. Презвитерот е наследник наСедумдесетте апостоли коиГоспод Исус Христос лично ги избрал (Лука 10,1), наречени „помали апостоли“. ВоСветото писмо терминот презвитер се користи како синоним за епископ и се однесува на водачот на една локална Црква. Во својата современа употреба, овој термин е различен од терминотепископ и е синоним на свештеник. Презвитерот ги врши сите богослужби, освен хиротонија и осветување намиро, и е ракоположен од епископот и (симболички) од народот, кој својата согласност и одобрување ги дава извикувајќи „Достоен!“ ([Άξιος]Error: {{Langx}}: unrecognized language code: gr (help), Аксиос!)
Новозаветното свештенство е продолжеток на старозаветното и како такво постоело во првобитните христијански заедници, формирани од нововерните Јудејци одПалестина. Свештениците имале улога да ги водат заедниците кои биле основани од апостолите. Презвитерството е потчинето на епископатот, по служба и по власт, но е и по потекло. И двата чина го вршат апостолскиот повик и се неодвоиви од Црквата, но сепак не го вршат во исто својство и на ист начин - тие се дополнуваат . Воолтарот, епископскиот престол е окружен со престолите на презвитерите, кои се негови сослужители и соработници, каколитургиски, така и пастирски гледани. На помесните собори учествуваат и свештеници, но без право на глас.
Во Делата апостолски (Дап 11,30) јасно се кажува дека апостолите Павле и Варнава донеле помош за презвитерите во Ерусалим од Антиохија. Свети Јаков Праведен, за кој се знае дека бил епископ во Ерусалим (Дап 21,5) се среќава со светиот апостол Павле, повикувајќи ги сите презвитери од градот. Исто така, Свети Јаков се советува со христијаните да ги повикаат презвитерите на Црквата, за да се молат за болните (Јак 4,14). На своите патувања поМала Азија, Павле и Варнава хиротонисале презвитери за сите локални христијански заедници (Дап 14,23), со повеќесложни задачи: пастирски, да се молат и помазуваат болни, да проповедаат и поучуваат, да се грижат и да раководат со заедницата, да ги упатуваат верните во духовниот живот итн. Нивното основно служење се состои во принесување на пофалби, богопочитување имолитви на верните.
ВоДидахите (15,2) јасно се потврдува дека посебна должност на свештеникот е учителската служба. После упокојувањето (најчесто пострадувањето) на светите апостоли, направена е јасна дистинкција помеѓу катедрата на епископот и презвитерот (и на ѓаконот, и меѓу првите кој јасно ја прави оваа поделба е Св. Игнатиј Антиохиски).
Според степенот на презвитерство, карактеристични се богослужбените одежди -епитрафил,фелон ипојас. Протопрезвитерот како чест се здобива со правото на носење инабедреник, додека протојереј-ставрофор се здобива со право да носиграден крст.