Прва флота — флота од 11брода со кои биле превезени првите европски доселеници воАвстралија. Оваа флота ја сочинувале два брода наКралската морнарица, три брода за складирање и шест транспортери на осуденици. На 13 мај 1787 година, флотата под команда на капетанотАртур Филип, со преку 1400 луѓе (осуденици, маринци,морнари, административни службеници и слободни граѓани), тргнал од пристаништето воПортсмут воАнглија на пат долг 24000 километри и му требале повеќе од 250 дена за да стигне воБотаничкиот Залив воНов Јужен Велс, каде штоказнената колонија ќе стане првата европска населба во Австралија.
Џон Монтагу, заедно со претседателот наКралското друштво, серЏозеф Бенкс (угледен научник кој патувал до Австралија заедно соЏејмс Кук во 1770 година), се залагале за основање на британска колонија кајБотаничкиот Залив воНов Јужен Велс.[1][2] АмериканскиотлојалистЏејмс Матра изработил нов план за колонизација на Нов Јужен Велс во август 1783 година, и ги навел причините за колонизација составена од американски лојалисти, Кинези и жители на Јужноморските Острови (но не и осуденици).[3] Одлуката за основање колонија во Австралија била донесена одТомас Тауншенд како државен секретар во Министерството за внатрешни работи.[4] Одлуката ја донел од две причини: за да се запретранспортот на криминалци во Северна Америка поАмериканската револуција,[5] како и потребата од база воТихиот Океан која ќе се спротивстави нафранцуската експанзија.
Во септември 1786 година, капетанотАртур Филип бил назначен за командор на флотата, која станала позната како Првата флота. По пристигнувањето, Артур Филип требало да биде назначен заГенерален капетан иГлавен гувернер на новатаколонија.[6][7][8][9][10]
Флотата го напуштила Портсмут на 13 мај 1787 година.[11] На 3 јуни 1787 година, флотата се закотвила воСанта Крус наТенерифе.[11] На 10 јуни тие испловиле за да го преминат Атлантикот доРио де Жанеиро,[11] за да ги искористат поволнитепасати и морските струи. Флотата стигнала во Рио де Жанеиро на 5 август и останала еден месец.[11]
Флотата го напуштиla Рио де Жанеиро на 4 септември и се упатила кон Тејбл Беј во јужна Африка, каде стигнал на 13 октомври.[12] Ова била последната попатна станица, па требало да се складираат растенија, семиња и добиток за нивното пристигнување во Австралија.[13]
Осуденичките од бродотПријателство биле преместени на други бродови за да се направи простор за добитокот купен таму. На осудените им било обезбедено свежо говедско и овчо месо, леб и зеленчук, за да имаат сила за патувањето и за да го зачуваат здравјето.[13]
На патот кон Тасманија, флотата била поделена на 3 групи бродови — според брзината. Затоа, тие не стигнале во Ботаничкиот Залив во исто време, туку во периодот од 18 до 20 јануари 1788 година.
Набрзо сфатиле дека Ботаничкиот Залив не е каков што го опишалЏејмс Кук.[14] Заливот бил отворен и незаштитен а водата преплитка за бродовите да можат да се закотват блиску до брегот; свежа вода речиси и немало, а почвата со слаб квалитет.[15] Се направил ипрвиот контакт со локалното домородно население —Еора која изгледала љубопитно, но сомничаво кон новодојденците.
Иако на Артур Филип му било наложено да ја основа колонија во Ботаничкиот Залив, тој имал овластувања да основа колонија на друго место ако е потребно.[16]
На 21 јануари, Артур Филип со својата група го напуштил заливот со три мали чамци за да ги истражат другите заливи на север[17] Филип открил декаПорт Џексон, кој се наоѓал на околу 12 километри северно од Ботаничкиот Залив, е одлично место за колонија со заштитени пристаништа, свежа вода и плодна почва.[17] Кук го видел и именувал местото, но не влегол во него.[17]
На 26 јануари 1788 година, флотата го кренала сидрото и отпловила конПорт Џексон.[11] Филип местото го нареколСиднеј Коув, полордот Сиднеј, британскиотминистер за внатрешни работи.[17] Овој датум се слави какоДен на Австралија, и го означува почетокот на британската колонизација.[18] На местото било поставенобританското знаме со што и официјално станало британска сопственост.