Movatterモバイル変換


[0]ホーム

URL:


Прејди на содржината
ВикипедијаСлободна енциклопедија
Пребарај

Посејдон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Статуа на Посејдон.

Посејдон (старoгрчки:Ποσειδῶν = „оној кој дава да се пие од шумовита планина“) — бог наморето востарогрчката митологија. Негов пандан воримската митологија бил боготНептун. Посејдон на секоја статуа бил изразен како држи трозабец, а исто така, негови симболи секоњот иделфинот.[1]

Особености

[уреди |уреди извор]

Посејдон бил син наХрон иРеја, а по симнувањето на татка си од престолот, тој и браќатаЗевс иАд, фрлале коцка за поделбата на светот: т.е. кој ќе владее со небото, морето и подземниот свет, додека се договориле со земјата да владеат заедно. Така, Посејдон ја добил власта над морето. Според големината, Посејдон е еднаков на Зевс, но не и според власта. По поделбата на власта, заминал одАјгеј, градејќи свој стан во подводниот свет. Во пространите штали чувал бели коњи со бронзени потковици и златни гриви и кочии со кои ги смирувал бурите, а морските чудовишта излегувале на површина покрај нив. Ја посакалТетида, но кога дознал дека секое дете што ќе се роди со неа ќе биде поголемо од татка си, се откажал. Потоа, со помош на делфин ја освоилАмфитрида, која претходно се гадела од него. Со неа, Посејдон изродил три децаТритин,Род иБентеским. Посејдон бил голем љубовник, како и неговиот брат Зевс. Бил кавгаџија, се скарал со Атена, понекогаш се светел со поплави, бури бранови, а кога Зевс му забранил да создава поплави, тој предизвикал суша.[2]

Во чест на Посејдон, наКоринт биле одржувани игри, познати како Истамски игри.[3]

Посејдон во уметноста и во популарната култура

[уреди |уреди извор]
  • „По Посејдон“ (англиски:In The Wake Of Poseidon) — песна од истоимениот музички албум на британскатарок-групаKing Crimson од 1970 година.[4]

Наводи

[уреди |уреди извор]
  1. „Registar imena i reči s objašnjenjima“ во: Krista Volf,Kasandra. Sarajevo: Svjetlost, 1987, стр. 169.
  2. Robert Grevs,Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 1992, str. 56-58.
  3. „Objašnenja“, во:Rimska lirika. Beograd: Rad, 1964, стр. 106.
  4. King Crimson – In The Wake Of Poseidon (пристапено на 27.1.2023)
Религии и култови
Раси
12 олимписки богови
Исконски богови
Останати
Јунаци
Обреди и обичаи
Светилишта
Stub iconОваа статија поврзана сомитологијата еникулец. Можете да помогнете со тоа штоќе ја проширите.
Нормативна контрола
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Посејдон&oldid=4930655
Категории:
Скриени категории:

[8]ページ先頭

©2009-2025 Movatter.jp