Порторико има свој устав и своја законодавна, извршна и судска власт. Врската со САД е преку заедничко државјанство, валута и одбрана.
На 6 ноември 2012 година во Порторико се одржал референдум за политичката состојба на оваа територија. Имено, населението избирало дали Порторико да остане територија на САД, да стане 51 држава на САД или да стане независна држава во слободна соработка со САД. Според резултатите, мнозинството население одлучило Порторико да стане 51 држава на САД, за што се чека потврда од Конгресот на САД.
Порторико на шпански значи „богато пристаниште“. Оригиналното име на островот еБорикен, име кое го користеленТаиноанците и тоа значи „земја на храбриот господар“.[9][10][11] Така, Порториканците својата држава често ја именуваат какоБоринкен (Borinquen), изведена верзија од оригиналното име. Колумбо го именувал островот како Сан Хуан Баутиста, во чест наСв. Јован Крстител. Сепак, со тек на времето трговците започнале да го именуваат островот како Порторико, а Сан Хуан останало име на главниот град.
Кристофер Колумбо го посетил островот Порторико при своето второ патување во1493 година, по што тој станал дел од шпанските колонии. Во текот наШпанско-американската војна,САД го освоиле островот и на10 декември1898 година го анектирале. Во1917 година Порторико добил внатрешна автономија, а на25 јули1952 година добил комонвелтски статус.
На референдум во1967 и1993 година граѓаните на Порторико се изјасниле против независност на островот од САД, а на референдумот од1998 година се изјасниле и против редефинирање на комонвелтскиот статус на Порторико, кој би значел поголема автономија во однос на САД.
↑Allatson, Paul.Key Terms in Latino/a Cultural and Literary Studies, p. 47. Malden, Mass: Blackwell Publishing, 2007.ISBN 1-4051-0250-0.
↑Dictionary: Taino Indigenous Peoples of the CaribbeanRetrieved: February 21, 2008. (Based on the encyclopediaClásicos de Puerto Rico, 2nd edition. Ed. Cayetano Coll y Toste. Ediciones Latinoamericanas, S.A., 1972.).