Movatterモバイル変換


[0]ホーム

URL:


Прејди на содржината
ВикипедијаСлободна енциклопедија
Пребарај

Печенези

Од Википедија — слободната енциклопедија
Источна Европа и областа населена со Печенези (сина боја) околу 1015 година.

Печенезите биле полуномадски народ одСредна Азија, кои говореле со јазик од групата на туркиски јазици.[1] Тие биле асимилирани во средниот век.

Потекло и област

[уреди |уреди извор]

Печенезите се јавуваат во историски извори од 8 и 9 век. Тогаш се населиле во областите помеѓу долниот дел наВолга,Дон иУрал. Веќе од 9 и 10 век контролирале голем дел од југозападна Евроазија иКрим. Во тоа време, тие биле значаен фактор во областа, но како и повеќето номадски народи немале концепт на држава, а нивната организација се сведувала на случајни напади врз соседите. Покрај тоа, тие биле платеници за други сили. Според Константин Порфирогенит, Печенезите владееле со местото западно од реката Серет.

Сојуз со Византија и Бугарија

[уреди |уреди извор]

Во 9 век,Византија станала сојузник на Печенезите, користејќи ги за да се заштити од други поопасни племиња, како на пример одУнгарците или Варјазите. Византија го направила ова според римската политика, „раздели па владеј“, ги упатувала непријателите еден против друг.

Туркиското племе Узи ги протерало Печенезите од нивната татковина. Печенезите до889 година биле туркани кон запад одХазарите иКуманите, па Печенезите ги потисналеУнгарците западно од Днепар до892 година.

Наводи

[уреди |уреди извор]
  1. Akdes, Nimet Kurat (1937).Peçenek Tarihi. стр. 22–26.

Надворешни врски

[уреди |уреди извор]
Печенези“ на Ризницата ?
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Печенези&oldid=4877728
Категории:

[8]ページ先頭

©2009-2025 Movatter.jp