Movatterモバイル変換


[0]ホーム

URL:


Прејди на содржината
ВикипедијаСлободна енциклопедија
Пребарај

Париз

Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Координати:48°51′24″N2°21′03″E /48.8567°N 2.3508°E /48.8567; 2.3508
Од Википедија — слободната енциклопедија
Оваа статија е за главниот град на Франција. За други значења видетеПариз (појаснување).
Париз
Paris
Надесно: Пирамида пред Лувр, Триумфалната порта, Дефанс, панорама на Париз на реката Сена и Ајфеловата кула - сликите водат кон соодветни статии
Надесно: Пирамида предЛувр,Триумфалната порта,Дефанс, панорама на Париз на рекатаСена иАјфеловата кула - сликите водат кон соодветни статии
Знаме на Париз
Знаме
Грб на Париз
Грб
Гесло:Fluctuat nec mergitur
(латински: „Брануван од брановите, но не потонува“)
Париз is located in Франција
Париз
Париз
Местоположба во регионот Ил-де-Франс
[[file:Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 42: Unable to find the specified location map definition:"Module:Location map/data/France Île-de-France" does not exist|270px|Париз во рамките наГрешка во Lua во Модул:Location_map, ред 42: Unable to find the specified location map definition:"Module:Location map/data/France Île-de-France" does not exist]]
Париз
Координати:48°51′24″N2°21′03″E /48.8567°N 2.3508°E /48.8567; 2.3508
ЗемјаФранција
РегионИл де Франс
ДепартманПариз
Единици20 арондисмани
Управа
  Градоначалник(2008–14)Бертран Делано(PS)
Површина1[1]105,4 км2 (407 ми2)
  Градска (2010)2.844,8 км2 (10,984 ми2)
  Метро (2010)17.174,4 км2 (66,311 ми2)
Население(2010[2])22.243.833
  Ранг1. во Франција
  Густина2,100/км2 (5,500/ми2)
  Градскo (Јан. 2009)10,413,386[3]
  Метро (Јан. 2009)12,161,542[4][5]
Час. појасCET(UTC +1)
INSEE/Пошт. бр.75056 / 75001-75020, 75116
Мреж. местоwww.paris.fr
1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници> 1 км2 и речни устија.2Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш.

Париз (француски:Paris) — главен град наФранција, а воедно претставува и административен, политички, стопански, културен и образовно-научен центар на таа земја. Градот лежи на бреговите на рекатаСена во северниот дел на Франција, ворегионотИл де Франс т.е.парискиот регион.

Големината на градското подрачје е ограничено уште во1860 година и поради тоа Париз е со константен број на население од околу 2.200.000 жители. Меѓутоа во поширокото градско урбано опкружување, живеат над 12 милионижители и со тоа овој регион е еден од најнаселените региони воЕвропа, по регионите околуМосква иЛондон.

Париз веќе неколку столетија наназад има значење заекономијата,културата,политиката,образованието,уметноста инауката во светот. Во најново време Париз е и седиште на високата мода, модните брендови, како и луксузот и естетиката на живеењето.

Според податоците од2005 година,[6][7] Париз од градовите воЕвропа е со најразвиненаекономија и највисокБДП. Париз ипарискиот регион со 534 милијарди € (2007) учествува со четвртина од вкупниот БДП на Франција. Во Париз се сместени и работат 37 од 500-те најголеми компании во светот според списокотFortune Global 500.

Во Париз се сместени и многу меѓународни организации какоУНЕСКО,Организацијата за економска соработка и развој (OECD), Меѓународната комора за трговија (ICC), како и неформалниотПариски клуб, додека пак во еден период тука било сместено и седиштето наНАТО.

Со годишна бројка од над 45 милиони туристи Париз е најпосетуваниотград во светот, како резултат на многубројните културни, историски и уметнички знаменитости, како и поради парковите и други атракции во градот. Поради тој факт Париз се нарекува иград на светлината илинајромантичниот град во светот.

Потекло на поимот

[уреди |уреди извор]

Денешното име на Париз потекнува од старите жители што живееле на тој простор -Пинтерското племе и Ризкото племе. Градот бил нареченЛангезим (или поточноLangе Ziorum)во текот на првите шест века под окупација наРимското Царство. Името на градот го менуваЈулијан Отпадникот (1703-1759) во сегашното имеПариз.Некои научници сметаат дека името на племето Пинтерското племе потекнува од келтско-галаски зборпинтер - „pinteresio“, што во превод значи „богата земја“ или “богатства“.Затоа можеме да кажеме дека Франција е позната по градот Париз. од До раниот 20 век, Париз бил познат и по иметоПанам (нафранцуски:Paname) во францускиот жаргон (File:ltspkr.pngMoi j'suis d'Paname, т.е "Јас сум од Панам"),јас сум панам.

Географија

[уреди |уреди извор]

Градот Париз е сместен на рекатаСена. На реката се наоѓаат и два острова во самиот центар на градот, еден помалостровот Сен-Луј и другиот поголемостровот Ил-де-ла-Сите, кој воедно претставува и атракција за туристите, бидејќи на него се наоѓа познататаБогородична црква, (Нотр-Дам) и мостотПонт-Неф (Новиот мост), кој денес впрочем е најстариот мост на рекатаСена, изграден уште во1607 година.Најниската точка на градот е на 35 метри надморска височина, додека највисоката е 130 метри надморска височина (ридотМонмартр).

Надвор од Париз постојат два големи парка и тоа,Булоњската шума иВинсенската шума. Тие зафаќаат површина од 86,92 км2. Во1929 година двете шуми официјално биле споени со градот.

Клима

[уреди |уреди извор]

Париз имаокеанска клима и е под влијание наатлантската струја и тоа доведува да нема некои големи температурни разлики во текот на годината.

Париз има релативно топли лета со просечна највисока температура од 25 °C (77 °F) и просечна најниска температура од 15 °C (59 °F). Зимите се студени, меѓутоа без поголеми минусни температури, со просечни температури од 3 °C (37 °F) до - 8 °C (46 °F). Пролетните и есенските денови се претежно со блага температура и со умерени студени ноќи. Врнежите се чести во текот на целата година и често може да дојде до ненадејни врнежи во текот на денот.Годишниот просек на врнежи е 642 mm/m2. Снегот е релативно ретка појава во Париз.

Највисоката температура некогаш измерена во Париз е 40.4 °C (105 °F), измерена на 28 јули 1948, додека најниската била −23.9 °C (−11 °F), изнерена на 10 декември 1879.Париз годишно просечно има околу 1789 сончеви часови, најмогу сонце има во јули, просечно по 240 часа месечно, а најмалку во декември 53 сончеви часа месечно.

Климатски податоци за Париз (парк „Монсури“), 1981–2010
МесецЈанФевМарАпрМајЈунЈулАвгСепОктНоеДекГодишно
Највисока забележана °C (°F)16.1
(61)
21.4
(70.5)
25.7
(78.3)
30.2
(86.4)
34.8
(94.6)
37.6
(99.7)
40.4
(104.7)
39.5
(103.1)
36.2
(97.2)
28.4
(83.1)
21
(70)
17.1
(62.8)
40.4
(104.7)
Прос. висока °C (°F)7.2
(45)
8.3
(46.9)
12.2
(54)
15.6
(60.1)
19.6
(67.3)
22.7
(72.9)
25.2
(77.4)
25.0
(77)
21.1
(70)
16.3
(61.3)
10.8
(51.4)
7.5
(45.5)
16.0
(60.8)
Сред. дневна °C (°F)5.0
(41)
5.6
(42.1)
8.8
(47.8)
11.5
(52.7)
15.3
(59.5)
18.3
(64.9)
20.6
(69.1)
20.4
(68.7)
16.9
(62.4)
13.0
(55.4)
8.3
(46.9)
5.5
(41.9)
12.5
(54.5)
Прос. ниска °C (°F)2.7
(36.9)
2.8
(37)
5.3
(41.5)
7.3
(45.1)
10.9
(51.6)
13.8
(56.8)
15.8
(60.4)
15.7
(60.3)
12.7
(54.9)
9.6
(49.3)
5.8
(42.4)
3.4
(38.1)
8.5
(47.3)
Најниска забележана °C (°F)−14.6
(5.7)
−14.7
(5.5)
−9.1
(15.6)
−3.5
(25.7)
−0.1
(31.8)
3.1
(37.6)
6
(43)
6.3
(43.3)
1.8
(35.2)
−3.1
(26.4)
−14
(7)
−23.9
(−11)
−23.9
(−11)
Прос.врнежи мм (ин)53.7
(2.114)
43.7
(1.72)
48.5
(1.909)
53
(2.09)
65
(2.56)
54.6
(2.15)
63.1
(2.484)
43
(1.69)
54.7
(2.154)
59.7
(2.35)
51.9
(2.043)
58.7
(2.311)
649.6
(25.575)
Прос. бр. врнежливи денови10.29.310.49.410.38.686.98.59.59.710.7111.5
Сред. бр.сончеви часови месечно62.579.2128.9166.0193.8202.1212.2212.2167.9117.867.751.41.661,7
Извор: Метео Франција[8]

Историја

[уреди |уреди извор]
Римска бања во Латинскиот кварт.

Најраните археолошки откритија кои содржат траги за постоење на населби во денешниот регион на Париз датираат уште од 4200 година п.н.е., додека податоците за племетоПаризи, кои биле познати морепловци и трговци, се од250 п.н.е..

Римјаните го зазеле Париз околу52 п.н.е. и го прошириле градот на левата страна на рекатаСена и на островотИл де ла Сите. Гало-римскиот град бил нареченЛутеција.Во наредните векови Париз константно се ширел и прераснал во град со убави градби како палати, бањи, театри, форуми, амфитеатри и друго. Распадот наЗападното Римско Царство и заземањето од страна наГерманите довело до стагнација на градот. Градот го добива своето сегашно имеПариз по падот наЗападното Римско Царство. Франечкиот кралКлодвик I го прогласува Париз за главен град во508 година.

Среден век и периодот до 19 век

[уреди |уреди извор]

Чумата се појавува во Париз во1348 година, од којашто настрадале многу луѓе. Во1466, пак од чума и од глад умреле 40.000. Во тој период Париз имал околу 400.000 жители.

Париз ја губи титулата наглавен град за време наСтогодишната војна меѓуФранција иАнглија. Приматот му го враќа кралотКарло VII Победникот во1437 година. Подоцна центарот на државата се префрла во долината наЗамоците на Лоара. Во1528, кралотФрансоа I го пренесува центарот на моќ од Лоара повторно во Париз. За време на Француската религиозна војна (1562-1598) во градот се наоѓало седиштето на Католичката партија наФранција. За време на владеењето наКарло IX, додека се подготвувала венчалната церемонија на наследникот на престолотАнри IV, започналаВартоломејската ноќ (ноќта меѓу 23 и24 август1572) и набргу масакарот врз протестантите се проширил низ целата земја. Во тој масакар биле убиени 50.000 протестантски верници. Во 1682, кралотЛуј XIV го префрлил своето седиште од Париз во дворецот воВерсај.

Околу сто година подоцна, во Париз се случила и познататаФранцуска револуција со напад на затворотБастилја на14 јули1789 година, а во1792 кралската монархија била гилотирана. На31 март Париз паднал под владение наРусите, за првпат по 400 години градот бил освоен. Војските наКозаците и Калмиците влегуваат во градот.[9]

Парижаните револтирани од монархијата креналеЈулска револуција во1830. КралотШарл X бил принуден да абдицира од престолот. СоФевруарската револуција во1848 година завршила монархијата наЛуј-Филип I и се пристапило кон создавање на Втората Француска Република.

Индустриската револуција и Француската втора империја довеле до голем и брз развој на Париз. Преку железничките врски се овозможиле непречени миграции кон Париз и развој на индустријата во предградијата на градот.

Париз доживува масовна реконструкција за време на владеењето наНаполеон III Бонапарт. Со планот на архитектотбарон Осман се изградиле нови улици, широки булевари и авении, се подобрила комуникациската врска со внатрешноста на земјата, се обновиле фасадите на зградите, се изградила водоводна и канализациона мрежа. Со тоа кралот се надевал дека ќе ги смири народните маси и ќе обезбеди нивна поддршка.

Во периодот од1870 и1871 година, градот се наоѓа под опсада, со која завршила и Француско-пруската војна.Со падот на кралотНаполеон III Бонапарт се формиралаПариската комуна, при што народот ја презел власта, протерувајќи ја владата надвор од градот. Во борбите меѓу комуните и царската гарда загинале повеќе од 22.000 парижани.

Париз бил домаќин на Универзалната изложба одржана по повод на стогодишнината одФранцуската револуција. За таа изложба била изградена и прочуенатаАјфелова кула, главен архитект на кулата билГустав Ајфел по кого градбата го добила името. За време на изложбата во1900 година било отворено и париското метро.

За време наПрвата светска војна, Париз бил во близина на фронтот меѓуФранција иАнглија од една страна, иГерманија од друга. Со победата воПрвата битка на Марна било спречено навлегувањето на германската војска кон Париз. Во повоениот период Париз станува главен центар на уметниците. Тука твореле:Стравински,Пикасо,Хемингвеј и многу други познати уметници од целиот свет.

На14 јуни1940 година, Париз паѓа во рацете на германските окупациски сили и останува сè до август1944 кога бил ослободен, два месеца по инвазијата воНормандија.

Повојната, Париз започнува да се развива со забрзано темпо. Париските предградија започнале да се шират и се изградил најголемиот деловен кварт воЕвропа, Ла Дефенс (La Défense) со високи облакодери и модерни зданија.

Сè до1970-тите повеќе предградија не биле индустријализирани, посебно северните и источните, и со доселувањето на емигрантите се зголемил бројот на невработени лица. Но со развојот на индустријата и високата технологија, во париската област се создал и напредок на оваа поле, па така денес Париз има најголемБДП, поголем од сите други градови во Европа.

Со цел да се намалат социјалните тензии во приградските зони и да се ревитализира економијата на Париз, се планираат неколку мерки од владата на Франција. Планот на претседателот наФранција,Никола Саркози е формирање на интегрирана метропола нареченаGrand Paris со развој на предградијата каде живеат многу луѓе и отворање на работни места, како и инвестирање во софистицирана висока индустрија, и развој на научната дејност.

Во план за изградба се и неколку висококатници (над 300 m), кои биле одобрени во2006 да се градат во деловниот квартLa Défense.

Култура

[уреди |уреди извор]

Опера и театар

[уреди |уреди извор]
Опера Гарние

Во Париз има големи оперски куќи, тука пред сè треба да се споменеОпера Гарние изградена во19 век, исто така и модернатаОпера Бастилја. Во 19 век постоеле и други оперски куќи како Опера на комиката, итеатарот Лирик, којшто денес е познат како Градски Театар.

Театрите традиционално заземаат значајно место во културата на Париз, а тоа и денес е случај. Некои од главните театри во градот сеБобино, театрите Магадор и Гете-Монпарнез.Многумина од француските музички легенди својата слава ја стекнале во париските концертни сали, какоЕдит Пјаф,Морис Шевалије,Шарл Азнавур и многу други.

Парискотокулинарство има голема традиција. Во градот има безброј ресторани и кафулиња, каде што туристите можат да уживаат воФранцуската кујна и нејзините специјалитети. Во градот се застапени и многу други кујни од светот.

"Les Deux Magots" кафе.

Хотелите се уште една причина за ширењето на туризмот во Париз. Во градот има многу луксузнихотели, но може да се најдат и просечни апартмани. Најлуксузен и најпознат ехотелот Риц (Hôtel Ritz), кој се наоѓа на плоштадотВандом, а е отворен во1898 година. Познат хотел е и хотелот Де Крилон (Hôtel de Crillon) сместен на плоштадот Конкордија (Place de la Concorde), отворен во1909 година.

АвенијатаЕлисејски Полиња одПлоштадот Конкордија, (Champs-Élysées)

Туристички атракции

[уреди |уреди извор]

Централно подрачје

[уреди |уреди извор]
  • Ајфелова кула (Eiffel Tower) е железна кула изградена на Марсовото поле, покрај рекатаСена. Тоа е највисоката градба во Париз и меѓу најпрепознатливите симболи не само на Париз туку и во светот. Кулата е именувана според нејзиниот архитектГустав Ајфел. Кулата е висока 300 метри, што одговара на околу 75 ката. Заедно со 24 метарската антена (72 стапки), структурата е висока 324 метри што одговара на околу 81 кат. Во времето кога завршила нејзината изградба во1889 година, кулата била највисоката градба во светот, а останала највисока сè до1930 година. Денес претставува една од најпосетените туристички атракции.
  • Лувр (Louvre) е најголемиот музеј во светот. Сместен е во дворецот Лувр. Изграден е како утврдена палата за Филип Августус во центарот на Париз во оската на Елисејските Полиња. Делови од Лувр за првпат биле отворени за јавноста како музеј на8 ноември1793 година, за време на Француската револуција. Централниот двор, во кој се наоѓа пирамидата Лувр изградена во1989, служи како влез во музејот. Музејот чува некои од најпознатите уметнички дела, какоМона Лиза,Девицата иДетето со Св. Ана наЛеонардо да Винчи иВенера од Милос наАлександрос од Антиок.
  • Плоштад Конкорд (Place de la Concorde) е најголемиот плоштад во Париз. Се наоѓа во центарот на градот и од него започнува авенијатаЕлисејски Полиња. После плоштадот воБордо, Плоштадот Конкорд е најголем воФранција. На плоштадот бил убиен нагилотина францускиот кралотЛуј XVI. На ова место се наоѓа и египетскиот обелиск.
  • Елисејските Полиња (Champs-Élysées) е широка авенија со многу луксузни продавници, кина, кафулиња, ресторани. Тоа е една од најпознатите улици во светот. Авенијата е долга 2 километри и тргнува одПлоштадот Конкорд на исток, па сè доПлоштадот Шарл де Гол на запад, каде се наоѓа иТриумфалната Порта.
  • Плоштад Бастилја (Place de la Bastille)- каде се наоѓал познатиот затвор Бастилја, уништен за време наФранцуската револуција.
  • Богородичната црква (Notre Dame de Paris) е готска катедрала на источната половина на островот Ил де ла Сите на рекатаСена, со главен влез од западната страна. Ова е катедрала на Париз и седиште наархиепископот на градот. Богородичната црква се смета за најубавиот пример за француската готскаархитектура. Името „Нотр Дам“ на француски значи „Нашата Госпоѓa“ (Богородица илиДева Марија).
  • Ил де ла Сите (Île de la Cité) е еден од двата природни острови во Париз. Ил де ла Сите бил местото каде е основан градот Париз уште во праисторијата и од каде што започнал да се шири градот. Денес островот е познато туристичко одредиште, бидејќи на него се наоѓаат неколку симболи на градот.
  • Триумфалната Порта (Arc de Triomphe) е споменик на плоштадот Шарл де Гол, познат и како плоштад Етоал. Се наоѓа на источната страна на Елисејските Полиња. Оваа порта ја изградилНаполеон Бонапарт, како израз на благодарност кон неговата војска, по неговите походи низЕвропа. Тука е сместен и гробот на незнајниот јунак. Триумфалната Порта е висока 51 метар, а широка 45 метри.
  • Монмартр (Montmartre) е рид на надморска височина од 130 метри, кој се наоѓа во северниот дел од градот, во осумнаесеттиот округ (arrondissement), од десната страна на рекатаСена. Монмартр е познат најмногу по базиликатаСакр-Кер (Свето срце) која се наоѓа на неговиот врв, но и како место за ноќен живот, познато по славните парискикабареа. Другата, постара позната црква на ридот е Сент Пјер де Монмартр, за која се тврди дека била место каде бил основан редот наЕзуитите. Многу уметници имале атељеа и живееле на Монмартр, како на примерСалвадор Дали,Клод Моне,Пабло Пикасо,Винсент ван Гог и многу други.
Триумфалната порта
  • Монпарнас (Montparnasse) е кварт во Париз на левиот брег на Сена. Во овој кварт се наоѓа Пастеровиот институт. Под земја се наоѓаат познатитеПариски катакомби. Во почетокот наXX век, Монпаранс бил центар на интелектуалниот и уметничкиот живот во Париз, кои главно ги сочинувале сиромашните емигранти.
  • Латински кварт (Quartier Latin) есхоластички центар уште од12 век. Сместен е на левата страна на Сена, во близина на УниверзитетотСорбона. Во овој кварт има многу ресторани, училишта и универзитети.

Париската област

[уреди |уреди извор]
  • Ла Дефенс (La Défense) е предградие на Париз и претставува најголембизнис центар во Европа и е меѓу најголемите во светот. Во Ла Дефенс има многу современи градби, висококатници, кои се едни од највисоките во Европа. Многу светски познати фирми тука имаат свои претставништва.
  • Вал де Сен (Val de Seine) е една од најважните бизнис одредници во Париз. Тука се сместени и многу телевизиски куќи како Француската телевизија,ТФ1,Канал +,Евроспорт и многу други.
  • Сен-Дени (Saint-Denis) е предградие на Париз, во кое се сместени многу филмски студија. Предградието е познато и по тоа што е дом на најголемиот француски стадионСтад де Франс (Stade de France).

Паркови и градини

[уреди |уреди извор]

Во Париз има многу јавни паркови и градини. Меѓу познатите еЛуксембуршка Градина, која се наоѓа во близина на Луксембуршката Палата. Во градот има и шума-паркови, како што се Булоњската Шума, Винсенската Шума и др.

Демографија

[уреди |уреди извор]

Според пописот од 1999, во Париз живеат 2.125.000, што е помалку од историски најголемиот број од 2,9 милиони во 1921 година. Париската урбана зона зафаќа површина од 2.723 км2 и е 26 пати поголема од самиот град. Париз и регионот околу градот се една од најголемите мултикултурни области во Европа. Според пописот од1999 година, 19,4% од целокупното население во Париз е родено надвор одФранција. Најголем број од нефранцуското население го сочинуваат доселеници одКина иАфрика.

Поглед на Париз -Градот на светлината.

Администрација

[уреди |уреди извор]

Париз е главен град на Франција и седиште на владата на Франција. Претседателот на Франција е сместен воЕлисејската палата која се наоѓа во осмиот округ, додека седиштето на премиерот се наоѓа во Хотел Матињон (Hôtel Matignon) во седмиот округ. Министерствата се сместени на неколку локации од градот.Сенатот е сместен воЛуксембуршката Палата, во шестиот округ, а долниот дом на парламентот воПалатата Бурбон. Најголемите француски судови се наоѓаат во Париз. Касацискиот суд кој е највисок суд во земјата се наоѓа во Палатата на Правдата наИл де ла Сите.

Стопанство

[уреди |уреди извор]

СоБДП од 2007 во износ од 533,6 милијарди евра, регионот на Париз е со најголем БДП во Европа. Кога регионот би бил држава, би била 17-та најголема економија во светот, приближно голема колку холандската економија. Парискиот регион е главен француски економски центар. Париз нема специјализирана индустрија како некои други големи градови, туку повеќе индустриски гранки (финансии, ИТ сервис, технологија, висока мода и друго).

Според податоците од пописот, извршен во 1999 година, околу 5.100.000 луѓе се вработени во парискиот регион. Од нив, 16,5% работат во бизнис секторот, 13,0% во комерцијалниот сектор, 12,3% во производство, 10% во јавна администрација и одбрана, 8,7% во здравство, 8,2% во транспорт и комуникации, 6,6% во образование и 24,7% во други економски сектори. Од производствените сектори најголем еелектронскиот со 17,9% од вкупната работна сила. Туризмот е значајна гранка и во неа се вработени околу 3,6% од работниците од парискиот регион.

Образование

[уреди |уреди извор]

На почеток на9 век, императоротКарло Велики наредил во црквите да се даваат часови по читање, пишување и други образовни и научни вештини. Париз уште тогаш бил значаен црковен центар во Франција и постепено прераснувал восхоластички центар. Во раниот13 век, во црковното училиште во Нотр Дам настава одржувале многу познати учители, но многу од нив под влијание на црквата предавале контроверзни учења.

Во Париз има многу основни и средни училишта, престижни образовни центри како Lycée Louis-le-Grand,Lycée Henri-IV и други.Во академската 2004-2005 година во градот со својата околина имало 17 јавниуниверзитети со 359.749 студенти. Тоа е најголема концентрација на студенти во Европа.

Катедралата Нотр Дам била првиот високообразовен центар пред формирањето на Парискиот Универзитет.Сорбона е најпознатиот универзитет во Париз, кој е основан од страна наРоберт де Сорбон, кој бил теолог и схоластичар, а живеел и творел во средниот век.

Спорт

[уреди |уреди извор]

Најпопуларен спортски клуб во Париз е фудбалскиот клубПари Сен Жермен, кој е еден од најпознатите во Франција и игра на стадионотПарк на Принцовите. Познат кошаркарски клуб е Париз Баскет Рејсинг. Градот има и рагби тим Стад Франс Пари (Stade Français), кој е меѓу најпознатите во Европа.

Во предградието Сен-Дени се наоѓа најголемиот стадион во ФранцијаСтад де Франс со капацитет од 80.000 гледачи и 5 ѕвезди наУЕФА. Тука се одигра финалето насветското првенство во фудбал во 1998. На овој стадион значајни натпревари играат француската фудбалска и француската рагби репрезентација.

Градот Париз бил домаќин на двеОлимпијади, во1900 и1924, а во него се одиграле натпревари и од двесветски првенства во фудбал, во1938 и1998 година.Париз е познат и по велосипедската тркаТур де Франс, која се вози низ цела Франција, а последната етапа од трката завршува на Елисејските Полиња.

Сообраќај

[уреди |уреди извор]
Vélib'.

Улогата на Париз како светски центар, наметнува потреба од квалитетен транспорт до и надвор од градот. Градот има повеќе видови на јавен превоз со цел брзо и квалитетно превезување на патиници од едно до друго место во градот. RATP e државна компанија за масовен превоз во Париз. Таа вклучува 654 автобуски линии, метро, трамвајски линии, RER железничка мрежа во густо населените области и OPTIL, приватна мрежа од автобуски линии.

Париското метро е назначајниот транспортен систем, со 300 станици, поврзани со 214 км мрежа и со 16 линии низ целиот град. Во Париз има 4 трамвајски линии, а во план е отворање на уште шест. Во Париз популарен е и велосипедскиот превоз со изнајмување на велосипед, познат како Велиб (Vélib'), со над 20.000 велосипеди дистрибуирани на 1450 јавни паркинг места. Во 2008 година е воведен и фери систем Вогу (Voguéo) на реките Сена иМарна.

Париз е поврзан со другите Француски и Европски градови со железница, со супер брзитеTGV возови, како и со обични возови.

Париз има два големи аеродрома:Орли иШарл де Гол (еден од најголемите аеродроми во светот, по број на слетувања и по број на примени патници). Во близина на градот се наоѓаат и два помали аеродрома.

Париз има и развиена мрежа од автопатишта, кои го поврзуваат градот со големите градови воФранција иЕвропа, какоЛион,Лил,Стразбур,Нант и европските какоБрисел,Франкфурт и др.

Збратимени градови

[уреди |уреди извор]

Париз има еденсестрински град и многу партнерски градови.[10][11]

Сестрински град

[уреди |уреди извор]
  • ИталијаРим,Италија, од 1956 (Seule Paris est digne de Rome; seule Rome est digne de Paris /Solo Parigi è degna di Roma; Solo Roma è degna di Parigi / "Само Париз е вреден за Рим; Само Рим е вреден за Париз").

Партнерски градови

[уреди |уреди извор]

Париз како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди |уреди извор]

Париз како тема во книжевноста

[уреди |уреди извор]

Париз претставува инспирација за голем бројписатели, кои искажуваат различни оцени за градот. На пример, американскиот писателХенри Милер го опишува Париз како „претежно сив град“,[12] „нездраво место“,[13] „смрди“,[14] но „кој е навистина волшебен ноќе“[15] и „изгледа прекрасно“.[14] ЗаМонмартр, тој вели дека е „мрзелив, рамнодушен, некако остарен, не е толку магичен колку што е заводлив, не пушта искри туку тлее со пригушен пламен.“[16] Понатаму, тој пишува дека „Монмартр е целиот пропаднат, избледен, запуштен, нескриено порочен, алчен, порочен. Сè на сè, повеќе е одбивен отколку привлечен, но подмолно одбивен, како и самиот порок.“[17] Во расказот „Вселување“ од збирката „Писма од мојот млин“, францускиот писателАлфонс Доде го опишува Париз како „бучен и црн“,[18] додека во романот „Зази во метрото“,Ремон Кено пишува дека „Париз е големо село“.[19] Во новелата „Исповедта на Лусио“,португалскиот писателМарио де Са-Карнеиро пишува за „космополитскиот Париз – снобовски и генијален“.[20] Од друга страна, во романот „Записките на Малте Лауридс Бриге“, германскиот писателРајнер Марија Рилке го опишува Париз како „голем град, голем, полно со значајни искушенија“,[21] додекаФридрих Ниче вели дека уметникот нема друга татковина освен Париз, зашто на ниту едно друго место нема таква страсност во поглед на формата, а Париз се одликува со сериозностpar excellence.[22] Во романот „Госпоѓа Бовари“,Гистав Флобер го опишува Париз како „поголемо пространство од океанот“.[23] Во расказот „Месојадно растение“, македонската писателкаНаташа Сарџоска го опишува Париз со следниве зборови: „Париз бешеpredator. Свирепо и крволочно животно. Месождер. Отров во мало шишенце. Остров во нечовечко море. Привлечен и загадочен. Туѓ и недофатлив.“[24]

Париз се јавува како тема во повеќе книжевни дела, како:

Париз како тема во музиката

[уреди |уреди извор]
  • Париз (англиски:Paris) — американска рок-група, основана во 1975 година.[42]
  • „Елисејски полиња“ (француски:Champ Elysees) — песна на британскатапанк-рок групаАдиктс (The Adicts).[43]
  • „Април во Парис“ (англиски:April in Paris) — популарна песна на композиторот Вернон Дјук (Vernon Duke) и текстописецот Јуп Харбург (Yip Harburg) од 1932 година.[44]
  • „Париски локал“ — песна на југословенската пејачкаОливера Катарина.[45]
  • „Париз 1919“ (англиски:Paris 1919) — песна од истоимениот албум на американскиот рок-музичарЏон Кејл (John Cale) од 1973 година.[46]
  • „Вечност во Париз“ (англиски:Eternity in Paris) — песна на британската рок-групаКлок ДВА (Clock DVA) од 1983 година.[47]
  • „Злосторствата на Париз“ (англиски:Crimes of Paris) — песна на британскиотрок-музичарЕлвис Костело (Elvis Costello) од 1986 година.[48]
  • „Слободен човек во Париз“ (англиски:Free Man In Paris) — песна на американската музичаркаЏони Мичел (Joni Mitchell) од 1974 година.[49]
  • „Мулен Руж како холандска дискотека“ (англиски:Moulin Rouge as a dutch discoteque) — песна на македонската музичка групаФолтин од 2003 година.[50]

Париз како тема во филмот

[уреди |уреди извор]

Галерија

[уреди |уреди извор]
  • Ајфеловата Кула
    Ајфеловата Кула
  • Триумфалната Порта
    Триумфалната Порта

Наводи

[уреди |уреди извор]
  1. INSEE локални статистикиАрхивирано на 29 декември 2009 г..
  2. (француски)Institut National de la Statistique et des Études Économiques.„Chiffres clés évolution et structure de la population - Commune de Paris (75056)“. Посетено на 7 јули 2013.
  3. „Unité urbaine 2010 : Paris (00851)“ (француски). INSEE. Посетено на 3 јули 2012.
  4. „Aire urbaine 2010 : Paris (001)“. INSEE. Архивирано одизворникот на 2012-05-12. Посетено на 21 октомври 2011.
  5. „Aire urbaine 2010 : Paris (001)“ (француски). INSEE. Посетено на 3 јули 2012.
  6. „London ranked as world's six largest economy“. ITWeek. Посетено на2008-08-04.
  7. PriceWaterhouseCoopers, "UK Economic Outlook, March 2007", page 5."Table 1.2 – Top 30 urban agglomeration GDP rankings in 2005 and illustrative projections to 2020 (using UN definitions and population estimates)"(PDF). Посетено на2007-03-09.
  8. „Климатолошки податоци за Париз, Франција“. Метео Франција. August 2011.
  9. „Battle of Paris 1814“. Napoleonistyka.atspace.com. Посетено на2009-05-05.
  10. „Les pactes d'amitié et de coopération“.Mairie de Paris. Архивирано одизворникот на 2010-01-22. Посетено на2007-10-14.
  11. „International relations : special partners“.Mairie de Paris. Архивирано одизворникот на 2008-12-25. Посетено на2007-10-14.
  12. Henri Miler,Mirni dani na Klišiju (drugo izdanje). Beograd: BIGZ, 1987, стр. 7.
  13. Henri Miler,Mirni dani na Klišiju (drugo izdanje). Beograd: BIGZ, 1987, стр. 77.
  14. 12Henri Miler,Mirni dani na Klišiju (drugo izdanje). Beograd: BIGZ, 1987, стр. 101.
  15. Henri Miler,Mirni dani na Klišiju (drugo izdanje). Beograd: BIGZ, 1987, стр. 54.
  16. Henri Miler,Mirni dani na Klišiju (drugo izdanje). Beograd: BIGZ, 1987, стр. 8.
  17. Henri Miler,Mirni dani na Klišiju (drugo izdanje). Beograd: BIGZ, 1987, стр. 8-9.
  18. Alphonse Daudet,Pisma iz mog mlina. Zagreb: Znanje, 1986, стр. 26.
  19. Rejmon Keno,Caca u metrou (drugo izdanje). Beograd: BIGZ, 1992, стр. 32.
  20. Марио де Са-Карнеиро,Исповедта на Лусио. Скопје: Бегемот, 2015, стр. 27
  21. R. M. Rilke,Zapisci Maltea Lauridsa Brigea. Beograd: Rad, 1964, стр. 44.
  22. Фридрих Ниче,Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 56.
  23. Гистав Флобер,Госпођа Бовари. Нови Сад: Матица српска, 1951, стр. 52.
  24. Очудувања 3. Скопје: Бегемот, 2019, стр. 46.
  25. Андре Бретон,Рајот не е наполно загубен. Скопје: Култура, 1989, стр. 43-44.
  26. Pol Verlen,Pesme. Beograd: Rad, 1969, стр. 18-21.
  27. Пол Елијар,Времето не проаѓа. Скопје: Кочо Рацин, 1966, стр. 61-62.
  28. Марсел Еме,Париски приказни. Скопје: Темплум, 2008.
  29. Лилјана Узуновиќ, „Читателот во земјата на романите или за нишката на Шехерезада“, во: Итало Калвино,Ако една зимска ноќ некој патник. Скопје: Магор, 2012, стр. 227.
  30. Блаже Конески,Везилка. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 64.
  31. Zoran Mišić, Antologija srpske poezije. Nolit, Beograd, 1963, стр. 74-77.
  32. Henri Miler,Mirni dani na Klišiju (drugo izdanje). Beograd: BIGZ, 1987.
  33. Преводи на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД „Микена“, Битола, 2010.
  34. Džordž Orvel,Životinjska farma. Beograd; BIGZ, 1985, стр. 101.
  35. Жак Превер,Чари велеграда. БИГЗ, Београд, 1972, стр. 82-97.
  36. Артур Рембо,Боравак у паклу. Београд: Култура, 1968, стр. 29-31.
  37. Артур Рембо,Боравак у паклу. Београд: Култура, 1968, стр. 19-20.
  38. Jaroslav Seifert,Přilba hlíny. Práce, Praha, 1945, стр. 39-41.
  39. Божидар Настев, „Поговор - Виктор Иго (1802 - 1885) Клетници“, во: Виктор Иго, Клетници. Скопје: Матица македонска, 2003, стр. 495.
  40. Ацо Шопов,Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 37.
  41. Ацо Шопов,Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 148-149.
  42. Paris (19) (пристапено на 26.2.2024)
  43. YouTube, The Adicts - Champs Elysees (пристапено на 29.12.2016)
  44. Count Basie And His Orchestra* – April In Paris (пристапено на 25.9.2024)
  45. OLIVERA KATARINA - Pariski Lokal (пристапено на 15.12.2016)
  46. YouTube John Cale - Paris 1919 (пристапено на 26.1.2018)
  47. Clock DVA - Eternity in Paris - YouTube (пристапено на 15.11.2016)
  48. YouTube, Elvis Costello & the Attractions - "Crimes of Paris" (пристапено на 19.3.2018)
  49. DISCOGS, Joni Mitchell ‎– Court And Spark (пристапено на 19.8.2018)
  50. Foltin,Donkey Hot, Kukuzel IX002, 2003.
  51. kinoteka.mk (пристапено на 5.10.2019)
  52. IMDb, Midnight in Paris (2011) (пристапено на 14.5.2017)
  53. Пази се! Доаѓа Cinedays 13. Скопје: Младински културен центар, 2014, стр. 45.

Надворешни врски

[уреди |уреди извор]
Повеќе заПариз на збратимените проекти на Википедија
Дефиниции и преводи на Викиречник ?
Податотеки на Ризницата ?
Образовни ресурси на Викиуниверзитет ?
Новинарски известувања на Викивести ?
Мисли на Викицитат ?
Изворни текстови на Викиизвор ?
Прирачници на Викикниги ?
 ?Информации за патување во Википатување ? ?
Департмани
Прекуморски департмани
Посебни
Поранешни
Континентални
Прекуморски
Главни градови на европските држави и територии
Главните градови нанесуверените територии или конститутувните нации се покажани созадабелено-закосени букви
СреднаЈужнаЗападнаСеверна
1 Прекуконтинентални земји. 2 Целосно воЈугозападна Азија, но има социополитички врски со Европа. 3 Делумно признаени држави 4 Прекуморски територии наОбединето Кралство. 5 Дел одШпанија. 6 Исто така седиште наЕвропската Унија.
Статијата „Париз“ еизбрана статија. Ве повикуваме и Вас данапишете ипредложите избрана статија (останатиизбрани статии).
Нормативна контрола
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Париз&oldid=5462005
Категории:
Скриени категории:

[8]ページ先頭

©2009-2025 Movatter.jp