Лав IX бил жител наЕгисхејм, горенЕлзас, денес во Франција, но со населено од Германци. Неговото семејство било благородничко, а неговиот татко грофот Хуго бил роднина со царотrКонрад II (1024-1039). Се школувал воТул, каде што подоцна станал свештеник, и во 1026епископ. Во скоро, тој вршел и значајни политички услуги за неговиот роднина, царот Конрад II и подона за царотХенрик III (1039-1056). Тој станал највредниот реформаторски свештеник, кој со воодушевување овозможил да дојде до ширење на правилото наманастирот Клуни.
По смртта на папатаДамас II (1048), Бруно бил избран за негов наследник на собранието воВормс,Германија во декември 1048. На собранието присуствувале и царот и римските делегати. И покрај тоа, Бруно очигледно на изборот за папа бил избран за нов папа, благодарение на гласовите на свештенството и луѓето. Заминувајќи кратко по Божиќ, тој се сретнал со игуменотХуго од Клуни воБезансон, каде што бил придружуван од младиот свештеник Хилдебрнанд, кој подоцна станал папатаГригориј VII (1073-1085). Бруно во Рим пристигнал следниот февруари, облечен во аџиска облека, и на осветувањето го добил името Лав IX.
Лав IX ја почитувал традицијата во неговата реформација на Католичката црква. Една од неговите први големи работи била да се одржи познатиотВелигденски синод во 1049, на којцелибатот во свештенството повторно бил воспоставен. Исто така, Велигденскиот синод се одржал каде што папата имал најмало влијание, насочувајќи ги неговите убедувања против секој вид насимонија. Најголемиот дел од следната година, тој бил зафатен со развојот во Италија, Германија и Франција, што останало славно од неговиотпонтификат. По одржувањето на синододт во Павија, тој му се придружил на Хенрик III во Саксонија и го придружувал до Келн и Ахен; до Ремс тој исто така го повикал високото свештенство, со коешто биле донесени неколку значајни декрети. Тој одржал собор и во Мајнц, на кој присуствувале италијански, француски и германски свештеници, а присуствувале и амбасадори на византискиот цар. На соборот се зборувало за симонијата како и целибатот.
AПо враќањето во Рим, папата Лав IX папата одржал уште еден Велигденски синод (29 април 1050), на кој се збрувало за разликите во учењата наБеренгар Турски. Истата година, тој одржал локални синоди воСалерно,Сипонто иВерчели. Во септември, истата година, тој ја посетил Германија, по што се вратил зво Рим навреме, за одржувањето на третиот Велигденски синод, на кој било разгледано прашањето за оние кои требале да бидат ракоположени, а биле избрани за симонисти.
Комеморативен штит на ѕидот од занокот Егисхајм, Елзас, родното место на папата Лав IX.
По четвртиот Велигденсики синод во, папата Лав IX тргнал противНорманите на југ со војска сочинета од италијански и германски волонтери, но неговите војски доживеале тежок пораз воБитката кај Цивитате на15 јуни 1053. Напуштајќи го градот за да се сретне со противникот кој победил во битката, тој бил примен со сите знаци на покорност of submission, почестен со заклетви за верност и почитување и заборав на она што се случило. Од јуни 1053 до март 1054, папата сепак бил задржан кајБеневенто во почесно заробеништво. Тој не преживеал долго по враќањето во Рим, па умрел на19 април1054.