Movatterモバイル変換


[0]ホーム

URL:


Прејди на содржината
ВикипедијаСлободна енциклопедија
Пребарај

Општина Штип

Од Википедија — слободната енциклопедија
Општина Штип
Општина
Знаме на Општина Штип
Знаме
Грб на Општина Штип
Грб
Карта
ДржаваМакедонија
РегионИсточен
Година кога е основана1913 (во рамки наКралство Србија)
СедиштеШтип
Населени места
Управа
  ГрадоначалникИван Јорданов(ВМРО-ДПМНЕ)
Површина
  Вкупна583,24 км2 (225,19 ми2)
Население(2021)[1]
  Вкупно44.866
  Густина77/км2 (200/ми2)
Час. појасCET (UTC+01:00)
  Лето(ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+032
Регистарски табличкиST
Мреж. местоstip.gov.mk
Карта на Општина Штип со селските атари.
Демографска карта на Општина Штип со селските атари.

Општина Штипопштина воИсточна Македонија со седиште во градотШтип.

Местоположба

[уреди |уреди извор]

Општината Штип се наоѓа во средното сливно подрачје на рекатаБрегалница, во центарот наИсточна Македонија. Има површина од810 км2 на која, според пописот од2002 година, живеат 47 796 жители. Подрачјето претежно е со планинска и ридска местоположба, со исклучок наКочанската,Овчеполската иЛакавичката Котлина со долините на рекитеБрегалница иКрива Лакавица. Просечната висинска разлика, помеѓу планинските сртови и рамнинските предели по теченијата на реките, изнесува 1 300, а средната надморска висина е 250 метри. Општина Штип лежи во средното сливно подрачје на реката Брегалница. Се граничи со седум општини и тоа:Радовиш,Конче,Неготино,Градско,Лозово,Свети Николе иКарбинци, со добра местоположба и патна поврзаност.

Општината се одликува со претежно планински и ридски релјеф, како иумерено-континентална клима, со одредено влијание на изменетасредоземна клима. Просечната годишна температура изнесува 12,9 целзиусови степени, а највисоки температури се измерени во август, додека најниски во јануари. Штипската општина претставува исклучително ветровите подрачје, а ветровите дуваат преку целата година, при што општината има дури 270 денови воздушно струење. Сето тоа резултира со претежно чист воздух.[2]

Историја

[уреди |уреди извор]

Археолошките наоди ја потврдуваат исклучително долгатаисторија наШтип и околината. Така, во околината на Штип се најдени населби од времето на праисторијата, на наоѓалиштата: "Баби", "Фортуна", "Криви Дол" и "Караорман".[3]

Стопанство

[уреди |уреди извор]

Демографија

[уреди |уреди извор]

Во општина Штип, која вклучува 71 населено место и претставува 3,1% од површината наМакедонија, живеат вкупно 47 796 жители. Националната структура на општината ја сочинуваат:[4]

НародВкупноУдел (%)
Македонци41.67087,19
Албанци120,03
Турци1.2722,66
Роми2.1954,59
Власи2.0744,34
Срби2940,62
Бошњаци110,02
останати2650,55
ВероисповедВкупно
православни42.755
муслимани3.555
католици75
протестанти5
останати1.406

Населени места

[уреди |уреди извор]

Населени места во Општина Штип:

Штип,Балталија,Брест,Врсаково,Горачино,Доброшани,Долани,Драгоево,Едеклерци,Јамуларци,Калапетровци,Кошево,Криви Дол,Лакавица,Лесковица,Липов Дол,Љуботен,Никоман,Ново Село (населба),Ново Село (село),Пенуш,Пиперово,Почивало,Пухче,Сарчиево,Селце,Скандалци,Софилари,Стар Караорман,Степанци,Суво Грло,Судик,Сушево,Танатарци,Тестемелци,Топлик,Хаџи-Реџепли,Хаџи-Сејдели,Хаџи-Хамзали,Црешка,Чардаклија,Чифлик,Шашаварлија иШопур.

Општествени установи

[уреди |уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди |уреди извор]

Градоначалник на општина Штип еИван Јорданов од редовите наВМРО-ДПМНЕ. Тој бил повторно избран налокалните избори од 2025 година за мандат од четири години.[5]

Согласно одлука наВладата на Македонија од 27 септември 2024 година, Советот на општината брои 23 члена.[6]

Културни и природни знаменитости

[уреди |уреди извор]

Редовни настани

[уреди |уреди извор]

Личности

[уреди |уреди извор]

Култура и спорт

[уреди |уреди извор]
  • ФК Брегалница (Штип), клубот е оформен во1921 година. Неколку сезони игра во Првата македонска фудбалска лига, а за време наСФР Југославија има настапувано и во тогашната Втора југословенска лига - исток.
  • ФК Астибо, оформен во1957 година. Има настапувано во Втората македонска Фудбалска лига.
  • ФК Бело Брдо, има играно во Втората македонска фудбалска лига.
  • РК Теткстилец
  • ОК Младост
  • БК Балканец
  • ППК Шампион ФА — пингпонгарски клуб кој успешно се натпреварува во супер лига на Р Македонија. Клубот е формиран 2012 г.[7]

Иселеништво

[уреди |уреди извор]

Наводи

[уреди |уреди извор]
  1. „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“.Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
  2. ШТИП - ТУРИСТИЧКИ ИНФОРМАТОР, Со мапа на градот. Штип: Општина Штип, 2011, стр. 9.
  3. ШТИП - ТУРИСТИЧКИ ИНФОРМАТОР, Со мапа на градот. Штип: Општина Штип, 2011, стр. 36-37.
  4. „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“.Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.[мртва врска]
  5. „Заклучок за конечност на резултати од гласањето во прв круг за Локалните Избори 2025 година“.Државна изборна комисија на Македонија. 29 октомври 2025. Посетено на 8 ноември 2025.
  6. „Дејуре, платформа за консолидирање на закони“.dejure.mk. Посетено на2025-11-08.
  7. „ППК Шампион-ФА — Штип“. Пингпонгарска федерација на РМ. Архивирано одизворникот на 2015-11-28. Посетено на 4 декември 2015.

Надворешни врски

[уреди |уреди извор]
Грбот на Општина Штип
Грбот на Општина Штип
Раселени
Историски
Ново Село се водело како дел од градот Штип од Пописот 2021
Вардарски Регион
Источен Регион
Југозападен Регион
Југоисточен Регион
Пелагониски Регион
Пелагониски Регион
Североисточен Регион
Скопски Регион
Град Скопје
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Општина_Штип&oldid=5473410
Категорија:
Скриени категории:

[8]ページ先頭

©2009-2025 Movatter.jp