Movatterモバイル変換


[0]ホーム

URL:


Прејди на содржината
ВикипедијаСлободна енциклопедија
Пребарај

Оклопни риби

Од Википедија — слободната енциклопедија
Оклопни риби
Период: Ран/среденСилур – доцендевон
Dunkleosteus го напаѓаGorgonichthys
Научна класификација
Царство:Animalia
Колено:Chordata
Потколено:Vertebrata
Инфраколено:Вилични ’рбетници
Класа:Placodermi
McCoy, 1848
Редови

Antiarchi
Arthrodira
Brindabellaspida
Petalichthyida
Phyllolepida
Ptyctodontida
Rhenanida
Acanthothoraci
?Pseudopetalichthyida
?Stensioellida

Оклопните риби илиPlacodermi биле класа на оклопнипраисториски риби кои денес се познати одфосилните наоди. Тие живееле од долниот Силур до крајот надевонот. Нивната глава и граден дел биле препокриени со зглобени оклопни плочи, а остатокот од телото биллушпест или гол, во зависност од видот. Оклопните риби биле меѓу првите виличнириби; нивните вилици веројатно еволуирале од првиот од нивнитежабрени лакови. Еден 380 милиони години стар фосил на оклопна риба претставува најстар показател за живородност.[1]

Првите оклопни риби кои може да се идентификуваат, еволуирале во доцниот Силур; тие доживеале драматично опаѓање за време надоцнодевонските изумирања, а оваа класа целосно изумрела на крајот од девонот. Најстарите познати фосили потекнуваат одКина.

Фосилни податоци

[уреди |уреди извор]
Фосил наEastmanosteus calliaspis.

Најраните оклопни риби кои може да се идентификуваат потекнуваат од Кина и датираат од средината или крајот на Силур. Тие веќе биле диференцирани наантиархи иартродири, заедно со другите попримитивни групи. По сè изгледа дека оклопните риби се диверзифицирале долго пред Девон, некаде во раниот или среден Силур, иако порани фосили на основните оклопни риби не се откриени во овие слоеви.

Силурските фосили од оклопни риби се доста фрагментирани. Сите познати силурски плакодерми постојат денес само како фрагменти (лушпи или оклоп) или изолирани лушпи. Иако се идентификувани, многу од силурските артродирни и антиархни видови не се формално опишани или именувани. Парадоксално, најдобро познатиот (или најмногу наведуван) пример за силурска оклопна риба -Wangolepis - од силурска Кина е всушност збир од неколку фрагменти, од кои не може со сигурност да се утврди дали станува збор за артродир или антиарх.

Палеонтолозите и специјалистите за оклопни риби се сомневаат во тоа дека оскудноста од силурски фосили на плакодерми се резултат на живеењето во услови кои не се погодни за зачувување на фосилите. Со оваа хипотеза се објаснува чудесното појавување и разнообразие на почетокот од девонот.

За време на девонот, плакодермите ги населиле речиси сите водниекосистеми (слатководни и морско-океански), што не било случај во Силур. Но, овој диверзитет претрпел многу штети за време на изумирањето кое се случило во доцниот девон. Останатите преживеани видови од оваа изумирање изумреле за време на следното девонско-карбонско изумирање, при што не преживеал ниту еден вид во карбонот.

Екологија и животен стил

[уреди |уреди извор]
Phyllolepis
Одлики на фосилотMaterpiscis attenboroughi кои укажуваат на живородност.

Многу оклопни риби, особеноRhenanida,Petalichthyida,Phyllolepida иAntiarchi, биле жители на океанското дно. Како такви (парафразирајќи го мрежно местотоPalaeos), целата класа била погрешно разбрана како племе на силно оклопизирани жители на дното, иако тие всушност биле доминантна ’рбетна група во девонот. Мнозинството од оклопните риби биле грабливци, од кои повеќето живееле во или блиску до дното. Многу видови, главноArthrodira, биле жители на средните и горните водни слоеви, а биле и активни грабливци. Најголемата позната артродира,Dunkleosteus telleri, била 8-11 метри долга, а се претпоставува дека имала речиси светско распространување, на што укажуваат ифосилните остатоци најдени воЕвропа,Северна Америка иМароко. Всушност, овој вид се смета за првиот "суперграбливец" меѓу ’рбетниците. Други, помали артродири, какоFallacosteus иRolfosteus од Гого, имале торпедовидни, куршумести главени оклопи, со што силно ја поддржуваат идејата дека многу, ако не и најголем дел од артродирите биле активни пливачи, а не пасивни ловци од заседа чиј оклоп практично ги закотвувал на морското дно.

Вонреден доказ за внатрешно оплодување кај оклопните риби беше овозможен од откритието кајГого формацијата, во близина наФицрој Кросинг,Кимберли,Западна Австралија, на мала женска единка, околу 25 m во должина, која умрела во процесот на раѓање на 6 cm долго младенче, и била фосилизирана со интактна (недопрена)папочна врвка. Фосилот, нареченMaterpiscis attenboroughi, (по научникотДејвид Атенброу), имал јајца кои биле оплодувани внатрешно, мајката обезбедувала храна заембрионот и раѓала живи младенчиња. Со ова откритие, оваа оклопна риба стана најстариот познат ’рбетник кој раѓал живи младенчиња ( "живороден"), [1] што ја поместува датата на првото живородство назад околу 200 милиони години порано отколку што се мислело пред тоа.Coccosteus.

Се мислеше дека оклопните риби исчезнале поради конкуренција со првитекоскени риби и ранитеајкули. Но, денес се знае дека тие исчезнале постепено, вид по вид, како што исчезнувале нивните еколошки заедници кои биле уништени одДевонско-карбонските изумирања.

Историја на проучување

[уреди |уреди извор]
Dunkleosteus

Најраните истражувања на оклопните риби беа објавени од страна наЛуј Агасиз, во неговите пет тома за фосилни риби,1833-1843. Во тие денови, за оклопните риби се мислело дека се черупкести безвилични риби, слични наостракодермите. Некои од природонаучниците дури и сугерирале дека тие биле черупкести без‘рбетници, или дури ижелковидни ’рбетници. Работата на д-рЕрик Стенсијо, одШведскиот Природонаучен музеј,Стокхолм, од крајот на1920-тите, ги дал деталите за анатомијата на оклопните риби и ги идентификувал како вистински вилични риби поврзани соајкулите.

Поврзано

[уреди |уреди извор]

Белешки

[уреди |уреди извор]
  1. „Fossil reveals oldest live birth“.BBC. May 28 2008. Посетено на May 30 2008.Проверете ги датумските вредности во:|accessdate=, |date= (help)

Надворешни врски

[уреди |уреди извор]
Оклопни риби“ на Ризницата ?

Наводи

[уреди |уреди извор]
  • Janvier, Philippe.Early Vertebrates Oxford, New York: Oxford University Press, 1998.ISBN 0-19-854047-7
  • Long, John A.The Rise of Fishes: 500 Million Years of Evolution Baltimore: The Johns Hopkins University Press, 1996.ISBN 0-8018-5438-5
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Оклопни_риби&oldid=5055868
Категорија:
Скриени категории:

[8]ページ先頭

©2009-2025 Movatter.jp