Израсната воАрнем,Холандија за време нанацистичката окупација врз оваа земја во текот наВтора светска војна, напорно трениралабалет пред сосема да се посвети на глумецството. Најпрво била забележана какоЖижи во истоименататеатарска претстава на Бродвеј од1951 година. Филмското деби го имала како Принцезата Ен воПразник во Рим од1953 година, улога за која го добила својот единствен „Оскар“. Таа била една од најпознатите глумици воХоливуд во текот на 1950-тите и1960-тите, период во кој уште четири пати била номинирана за „Оскар“. Меѓу номинациите, особено се истакнува нејзината антологиска изведба на Холи Голајтли (Holly Golightly) во филмотПојадок кај Тифани од1961 година. Во1964 година, Хепберн ја играла Елајза Дулитл (Eliza Doolittle) во филмотМојата убава дама, кој претставува адаптација наШооватадрамаПигмалион.
Родена е какоОдри Кетлин Растон[1] (Audrey Kathleen Ruston) воБрисел и е единствено дете на Џозеф Виктор Ентони Растон (Joseph Victor Anthony Ruston),ирскибанкар и неговата втора сопруга -бароницата Ела фан Хемстра (Ella van Heemstra), припадничка на холандската аристократија и ќерка на поранешен гувернер наХоландска Гвајана. Подоцна, таткото на Одри го додал и презимето на нејзината баба Кетлин Хепберн, па така Одри имала двојно презиме Хепберн-Растон. Одри имала двајца полубраќа - Александер (Jonkheer Arnoud Robert Alexander "Alex" Quarles van Ufford) и Јан Кварл фан Уфорд (Jonkheer Ian Edgar Bruce Quarles van Ufford), од првиот брак на мајка ѝ сохоландски благородник. Таа е потомок на англискиот кралЕдвард III.[2] и ерлот Џејмс Хепберн (James Hepburn, 4th Earl of Bothwell), линија од која потекло води иКетрин Хепберн.[3].
Бидејќи татко ѝ на Одри работел во британскаосигурителна компанија, семејството многу често патувало воАнглија иХоландија. Од1935 до1938 година, Хепберн посетувала приватна академија за девојки воКент. Во 1935 година, нејзините родители се развеле и нејзиниот татко, кој бил симпатизер нафашизмот[4] го напуштилсемејството.[5] Подоцна, Одри се сеќавала на овој момент како на најтрауматичен во целиот нејзинживот. Многу години подоцна, таа го пронашла својот татко прекуЦрвениот крст, останала со него во контакт и го издржувала финансиски до неговатасмрт.[6] Во1939 година, нејзината мајка се преселила заедно со Одри и нејзините двајца полубраќа во домот на нивниот дедо воАрнем,Холандија, верувајќи дека Холандија нема да биде нападната одГерманија. Хепберн учела на Арнемскиот конерваториум од 1939 до1945 година, каде учеламузика ибалет, паралелно со нејзините стандардни училишни предмети. На 9 мај 1940 година, еден ден пред германската инвазија на Холандија, Хепберн учествувала во балетска претстава на балетската трупа наСедлер Велс.[7]
Во1940 година,нацистите го окупирале Арнем. Во текот навојната, Хепберн го присвоила псевдонимот Еда фан Хемстра (Edda van Heemstra) менувајќи ги документите на мајка ѝ, бидејќи се сметало опасно да се имаиме што звучело англиски. Сепак, тоа никогаш не било нејзино законско име. До1944 година, Хепберн веќе била искусна и многу вешта балерина. На8 јануари1944 година, нејзинотоучилиште одржало претстава во градската сала „Шоубург (Schouwburg)“. Исто така, таа тајно танцувала за различни групи луѓе, со цел да собере средства за движењето на отпорот. Подоцна, таа изјавила: „Најдобрата публика што ја имав, не аплаудираше на крајот на мојата претстава.“[8] Исто така, за време на германската окупација, таа била курир на движењето на отпорот, пренесувајќи летоци, скриени во чорапите и чевлите.[7]
Подесантот на сојузниците воНормандија, работите станале уште полоши под германската окупација и Одри имала многу тежок живот. За време на гладот во Холандија возимата1944 година, Германците ја конфискувале и онака малата количина храна што ја имале Холанѓаните.[4][9]. Арнем бил речиси потполно разрушен како последица од бомбардирањето на сојузничките сили, како дел од операцијатаМаркет-Гарден. Чичкото на Одри и еден братучед на нејзината мајка биле стрелани пред неа, откако било откриено дека се членови наОтпорот. Нејзиниот полубрат Јан фан Уфорд поминал одреден период во германскиконцентрационен логор. Страдајќи од недоволна исхранетост, Хепберн развила акутнаанемија, проблеми со душевните патишта, иедема - болест што предизвикува отекување наекстремитетите.[7][10]
Во1991, Хепберн ќе изјави: „Имам спомени. Повеќе од еднаш бев на станицата и гледав како се движатвозовите полни соЕвреи, набљудувајќи ги нивнитеглави на врвот на вагонот. Се сеќавам, многу јасно, едно малечко дете стоеше со своите родители на платформата и беше многу бледо, русокосо и носеше палто што беше очигледно многу големо за него и се качи на вагонот. Јас бев дете што гледаше дете.“[11]
Во1946 година, од еден пријател го добила „Дневникот на Ана Франк“. Во таа смисла, Хепберн ја посочувала сличноста соАна Франк, изјавувајќи: „Бев на потполно иста возраст како и Ана Франк. И двете имавме десет години кога изби војанта и 15 кога заврши. Книгата ми беше дадена на холандски во 1946 година од страна на еден пријател. Ја прочитав... и ме уништи. Таа го прави истото и со многу други луѓе кои ја читаат за првпат, но јас не ја читав како книга, како испечатени страници. Ова беше мојот живот. Не знаев што ќе читав. Никогаш повеќе не бев иста, толку многу влијаеше врз мене.
Гледавме одмазда. Гледавме млади луѓе притиснати до ѕидот и стрелани и тогаш ќе ја затвореа улицата и потоа ја отвораа и можеше повторно да се помине. Ако го читаш дневникот, обележав едно место каде таа вели:Пет заложници се стрелани денес. Тоа беше денот кога го убија мојот чичко. И во зборовите на ова дете, јас го читав она што беше во мене и она што уште е таму. Тоа бешекатарза за мене. Ова дете заклучено меѓу четири ѕида имаше напишано цел извештај за сѐ она што јас искусив и почувствував.“[7][12]
Но сепак, не ѝ било целото детство лошо. Повторно, влечејќи паралела од нејзиниот кон животот на Ана Франк, Одри изјавила: „Духот на преживувањето е толку силен во зборовите на Ана Франк. Еден момент вели:Толку сум разочарана, а веќе следниот копнее да вози велосипед. Таа е дефинитивно симбол на детето во многу тешки мигови, она на кое го посветив моето време. Таа ја надживеа својата смрт.“[13] Еден од начините на кои Хепберн го минувала слободното време била цртањето. Дел од нејзините слики од детството, денес се јавно достапни.[14].
Кога Холандија била ослободена, пристигнале камионите наОбединетите Нации.[15] Во едноинтервју, Хепберн изјавила дека еднаш изела цела конзерва со кондензираномлеко и потоа ѝ се слошило, поради поголемо количествошеќер.[16] Ова искуство, веројатно било причина таа да стане дел одУНИЦЕФ во подоцнежниот дел од нејзиниот живот.[4][9].
Одри Хепберн на аудицијата заПразник во Рим, сцена која ќе биде употребена и во подоцнежниот филмскитрејлер
Во1945 година, по завршувањето на војната, Одри Хепберн го напуштила Арнемскиот конзерваториум и се преселила воАмстердам каде учела кај Соња Гаскел (Sonia Gaskell).[17] Во1948 година, Хепберн отишла воЛондон, каде посетувала часови кај познататаМери Рамбер (Marie Rambert), учителка наВаслав Нижински (Vaslav Nijinsky), еден од најголемите танчери воисторијата. По некое време, Рамбер ја посоветувала Одри дека висината (170 сантиметри) и последиците од неисхранетоста за време на војната ќе ја спречат да стане примабалерина. Затоа, Хепберн се откажала од балетот и се посветила на глумата.[18][19] Откако Хепберн станала позната ѕвезда, Мери Рамбер рекла во едно интервју: „Таа беше прекрасен ученик. Ако се одлучеше да продолжи, ќе станеше величествена балерина“.[20] За несреќа, мајката на Одри била приморана да работи како слугинка за да го издржува своето семејство, па Одри морала да најде работа што ќе се плаќа. Бидејќи цел живот вежбала да биде изведувач, глумечката кариера изгледала како разумно решение. Во поглед на тоа, еднаш, таа изјавила: „Ми требаа пари; тука се плаќаше ₤3 повеќе отколку на балет“.[21]
Нејзината глумечка кариера започнала со една мала улога во обвниотразовниотфилм,Холандски во седум лекции, каде ја играла улога настјуардеса. Потоа учествувала во музички театарски продукции од типот наВисоки чевли со копчиња (High Button Shoes) иПикантен сос (Sauce Piquante). Нејзината прва улога во долгометражен филм била онаа во британскиот филмЕден див овес (One Wild Oat), каде игралахотелска рецепционерка, а потоа следувале неколку мали улоги во филмови како:Приказната на младите сопруги (Young Wives' Tale),Смеа во Рајот (Laughter in Paradise),Толпата на Лавендер Хил (The Lavender Hill Mob) иМонте Карло, злато (Monte Carlo Baby). Во текот на снимањето наМонте Карло, злато, Хепберн била избрана да ја игра главната улога воБродвејската претставаЖижи која премиерно била изведена на24 ноември1951 година. ПисателкатаСидони-Габриел Колет (Sidonie-Gabrielle Colette), првиот пат кога ја видела Одри, извикала „Voilà! Еве ја нашата Жижи!“[22] Хепберн ја добилаСветската театарска награда за нејзината дебитантска изведба, а претставата била изведувала наЊујоркшката театарска сцена во текот на неколку месеци.
Од трејлерот наПразник во Рим (1953)
Нејзината прва позначајна филмска улога била воТаинствени луѓе од1952 година, каде играла улога на чудесно талентирана балерина. Сосема нормално, на Хепберн не ѝ била потребна двојничка за сцените со танц. Првата вистинска ѕвездена улога на Одри Хепберн и нејзин прв американски филм билПразник во Рим во кој таа играла заедно соГрегори Пек. Продуцентите ја посакувалеЕлизабет Тејлор за улогата, но режисеротВилијам Вајлер толку се восхитил од аудицијата на Одри (камерата била вклучена и една слатка слика на која е прикажана Одри Хепберн како се одмора и невино одговара на прашањата, подоцна ќе биде искористена во трејлерот за филмот), така што веднаш ѝ ја доделил главната улога. Вајлер рекол: „Таа имаше сѐ што ми беше потребно: шарм, невиност и талент. Исто така беше и многу духовита. Беше восхитувачки волшебна и ние рековме:Тоа е нашата девојка!“.[23] Договорот пред снимањето на филмот бил на постерот за филмот да го има името наГрегори Пек со големи букви, а под него да пишуваОдри Хепберн со мали. Но, откако завршило снимањето, Пек го повикал својот агент и побарал името на Хепберн да ја има истата важност како и неговото. Тој предвидел дека Одри ќе добие „Оскар“. Хепберн и Пек се поврзале за време на снимањето и почнале да кружат гласини за романтична врска меѓу нив, но двајцата го негирале тоа. Сепак, Хепберн има изјавено дека „всушност, мора да бидеш малку вљубен во главниот глумец и обратно. Ако ја портретираш љубовта, мора да ја чувствуваш. Не можеш да го направиш тоа на друг начин. Но не ја носиш подалеку од сцената“.[24] Набрзо, на7 септември1953, сликата на Одри Хепберн се појавила на насловната страница на списанието „Тајм“ (TIME).
Изведбата на Хепберн била примена со воодушевување од страна на критичарите. Така, на28 август1953 година, А.Х. Вајлер (A.H. Weiler) напишал во весникот „Њујорк Тајмс“: „Иако не е сосема нова во филмската уметност, Одри Хепберн, британската глумица која за првпат игра главна улога како Принцезата Ен е кротка, самовилска и копнежлива убавица, истовремено кралска и детски наивна во прикажувањето на својата длабока почит кон штотуку пронајдените едноставни задоволства и љубовта. Иако храбро се насмевнува по своето откритие на крајот на аферата, таа останува тажна, осамена фигура што се соочува со загушлива иднина“.[25]
По четиримесечното снимање наПразник во Рим, Хепберн се вратила воЊујорк и осум месеци играла воЖижи. Претставата се изведувала и воЛос Анџелес и воСан Франциско. Во меѓувреме, таа склучила договор за снимање на седум филма соParamount, со пауза од дванаесет месеци меѓу филмовите за да има можност да се посвети и на својататеатарска работа.[26] Хепберн подоцна се сеќавала наПразник во Рим како на нејзин најдраг филм, бидејќи тоа бил филмот што ја направиѕвезда.
ПоПразник во Рим, Хепберн го снимила филмотСабрина ворежија наБили Вајлдер, а соХемфри Богарт иВилијам Холден во главните улоги. За потребите на филмот, Хепберн била пратена кај модниот творецЖиванши кој требало да одлучи за нејзината облека. Кога му било речено дека „Госпоѓица Хепберн“ ќе дојде да го посети,Живанши ја очекувалКетрин Хепберн. Сепак не бил разочаран од Одри и оттогаш започнало нивното пријателство и партнерство. Во текот на снимањето наСабрина, Хепберн и Холден почнале романтична врска и таа се надевала дека ќе се венча со него и дека ќе има деца, но ја раскинала врската со него, откако тој ѝ открил дека имал направеновазектомија.[27][28]
Во1954 година, Одри се вратила на сцената за да го игра водниотдух во претставатаУндина, заедно со Мел Ферер со кого се венчала истата година. Додека се изведувала претставата, Хепберн ги добила наградите „Златен глобус“ заНајдобра филмска глумица и „оскар“ заНајдобра женска улога, за својата улога вофилмотПразник во Рим. Шест месеци по добивањето на „Оскарот“, Одри Хепберн ја добила и наградата „Тони“ за најдобра глумица, за својата изведба во претставатаУндина.
Кон средината на 1950-тите, Хепберн била не само една од најголемите филмски ѕвезди воХоливуд, туку и вистинска модна икона. Нејзината детска наивност исамовилски изглед, како и светски познатото шик-сетило биле обожавани и имитирани. Во1955 година, Одри Хепберн го добила „Златниот глобус“ заНајомилена глумица во светот. Откако станала една од најпопуларните ѕвезди во Холивуд, Одри Хепберн глумела заедно со најголемите глумци од тоа време: соХемфри Богарт воСабрина, соФред Естер воСмешно лице, соМорис Шевалије иГари Купер воЉубов на попладне, соЏорџ Пепард воПојадок кај Тифани, соКери Грант воШарада, соРекс Херисон воМојата убава дама, соПитер О'Тул воКако да се украде милион и соШон Конери воРобин и Меријана. Голем дел од овие глумци станале многу блиски со неа.На пример, Рекс Херисон ја нарекувал Одри неговата омилена дама; Кери Грант сакал да ја засмева и еднаш изјавил дека „сѐ што сакам за Божиќ е само уште еден филм со Одри Хепберн“;[29] Грегори Пек бил нејзин доживотен пријател, кој по нејзинатасмрт, пред камерата, со солзи воочите ја изрецитирал нејзината омилена песна „Вечна љубов“ (Unending Love) одРабиндранат Тагоре.[30] Иако постоело мислење дека Богарт и Хепберн не се согласувале на филмското платно, ова не е точно, туку напротив, Богарт се согласувал со Одри повеќе отколку со било кој друг. За него, во една прилика, Одри изјавила: „Понекогаш таканареченитецврсти момчиња се токму оние со најкревки срца, каков што беше и Боги со мене.“[31]
Смешно лице од1957 година бил еден од омилените филмови на Одри Хепберн, бидејќи таа имала можност да танцува соФред Естер. ФилмотПриказната на калуѓерката ја означил нејзината најсмела улога, за која списаниетоFilms in Review напишало: „Нејзината изведба засекогаш ќе ги замолчи оние што ја сметаа помалку за глумица отколку за симбол на софистицираната дете/жена. Нејзиниот портрет на Сестра Лука е една од најдобрите изведби на екранот воопштоЧ“.[32]
Во ликот на Холи Голајтли, во филмотПојадок кај Тифани од1961 година, Хепберн ја одиграла својата антологиска улога и станалаикона на американската филмскаиндустрија воXX век, а самата таа ја нарекла оваа улога „најжива во мојата кариера“.[33] Прашана за глумечкиот предизвик што го нудела улогата, Хепберн одговорила: „Јас сум интроверт. Глумењето на една екстровертна девојка беше најтешката работа што ја направив“.[34] Во филмот, Одри носела модерна облека, дизајнирана од неа и од Живанши и си додадала руси прамени на нејзината кафеавакоса, изглед што го задржала и надвор од екраните.
Така, Хепберн станала една од најпопуларните глумици во Холивуд.Мерилин Монро не е единствената што ќе му пее „Happy Birthday, Mr. President“ (Среќен роденден, Г. Претстедателе) на претстедателотЏон Ф. Кенеди на неговиот роденден. За неговиот следен и последен роденден на29 мај1963, Хепберн, омилената глумица на претседателот, му ја отпеала „Happy Birthday, dear Jack“ (Среќен роденден, драг Џек).[35] Сепак, без оглед на ѕвездената кариера, Хепберн постојано била скромна: сакала да живее тивок живот со своетосемејство и со домашните миленичиња; живеела во куќи, а не во вили; и обожавала да ја уредува сопствената градина.
Хепберн во сцена од комичниот трилерШарада (1963).
Во1963 година, Хепберн глумела во комичниот трилерШарада, нејзиниот прв и единствен филм соКери Грант, кој претходно ги одбил улогите во филмовитеПразник во Рим иСабрина, сметајќи дека е престар да глуми крај Одри. Во1964 година, Хепберн глумела воМојата убава дама, најочекуваниот филм поОдвеано со виорот.[36] Хепберн била повикана да ја игра улогата на Елајза Дулитл на местото на тогаш непознататаЏули Ендрјуз, која била пофалена од критичарите за истата улога на Бродвеј. Одлуката Ендрјуз да не учествува во филмот била направена уште пред да се повика Хепберн. Најпрво, скромната Хепберн ја одбила улогата и побарала одЏек Ворнер да ѝ ја даде улогата на Ендрјуз, но откако дознала дека иборот билмеѓу нејзе иЕлизабет Тејлор, таа ја прифатила улогата. Според една статија на списаниетоSoundstage, „сите се согласиле дека ако Џули Ендрјуз не е во филмот, тогаш Одри Хепберн е совршениот избор“.[36] Џули Ендрјуз сѐ уште го немала направеноМери Попинс, кој бил промовиран истата година како иМојата убава дама. Хепберн ги снимила вокалите за филмот, но наскоро дознала дека професионаленпејачки двојник Марни Никсон ги преснимила нејзините песни. Во знак на протет, Одри ја напуштила сцената веднаш откако ѝ била соопштена оваа информација, но следниот ден се вратила и се извинила за своето однесување. Снимките од неколку песни со првобитниот глас на Одри постојат и се издадени на ДВД изданијата, како и во неколку документарни емисии, но најголем дел од ЦД-ата го содржат гласот на Никсон. Дел од оригиналниот Хепбернов глас е зачуван и на филмот - целата песна „Само ти чекај“ и делчиња од песната „Можев да танцувам цела вечер“. Кога била прашана за тоа што мисли за преснимувањето, Хепберн се намрштила и рекла: „Се забележува, нели? А тука беше и Рекс кој ги снимаше песните додека глумеше... следниот пат - “. Потоа си ја гризнала усната и не рекла ниту збор повеќе на оваа тема.[34] И покрај преснимувањето, огромен број критичари се согласни дека изведбата на Одри Хепберн била прекрасна, а Џин Ринголд рекол: „Одри Хепберн е величествена. Таа е Елајза засекогаш“.[36]
Контроверзијата околу кастингот на Хепберн за главна улога во филмотМојата убава дама кулминирала на доделувањето на наградите „Оскар“ во 1964-1965 година, кога и Одри и Џули Ендрјус биле номинирани во категоријата за најдобра глумица. Медиумите повеќепати се обидувале да го прикажат односот меѓу двете глумици како непријателски, но двете глумици ја одбиле теоријата дека постоел анимозитет меѓу нив. Џули Ендрјус го добила „Оскарот“ таа година, за улогата во филмотМери Попинс.
ФилмотДвајца за патот е нелинеарна и иновативна приказна за разводот. РежисеротСтенли Донен рекол дека за време на снимањето Хепберн била послободна и посреќна од кога и да е, што, според него, било последица на дружењето соАлберт Фини.[37]Почекај додека се стемни од1967 година бил тежок филм - напнат трилер во кој Хепберн има улога на една слепа девојка која е тероризирана. Филмот бил продуциран од страна на Мел Ферер и го означил почетокот на нивниот развод. Се вели дека Хепберн изгубила речиси 7 килограми за време на снимањето под влијание на стресот. Од друга страна пак, таа смета дека нејзиниот партнерРичард Крена бил навистина смешен, а покрај тоа, имала доста да зборува и со режисеротТеренс Јанг. Сите се шегувале дека тој јабомбардирал својата омилена ѕвезда 23 години пред тоа; Јанг бил заповедник на британскатенковска воена единица во текот на Битката кај Арнем. За својата изведба, Хепберн повторно била номинирана за „Оскар“.
Хепберн на 59 години воСекогаш
Од 1967 година, по петнаесетгодишна успешна и богата филмска кариера, Хепберн настапувала само повремено. По разводот со Мел Ферер, се венчала со италијанскиотпсихијатар д-р Андреа Доти и го родила вториот син по тешката бременост која речиси потполно ја врзала за кревет. После разделбата со Доти, таа се обидела да се врати на филмот со улогата на Маријана воРобин и Мериан, во кој глумела соШон Конери, но филмот постигнал само просечен успех. Потоа, таа ја одбила улогата набалерина во филмотПресвртната точка, а улогата ја добилаШирли Меклејн. Хепберн се вратила на филмското платно во1979 година во филмотКрвна линија наСидни Шелдон, кој го променилроманот откако добил дозвола за екранизација, правејќи го главниот лик постара личност, со цел улогата подобро да ѝ одговара на Одри. Филмот поминал лошо и кајкритичарите и на благајните.
Последната главна улога на Одри Хепберн во холивудски филм е онаа, покрајБен Газара во филмотСите се смееја, режиран одПитер Богданович. Иако кај критичарите поминал одлично, филмот бил засенет од убиството на една од ѕвездите, девојката на Богданович,Дороти Стратен; оттука, тој бил пуштен во кината по смртта на Стратен, но само во ограничена количина. Во1987 година, Хепберн глуела соРоберт Вагнер во пародијатаЉубов меѓу крадци кој приказната ја позајмува од неколку хит-филмови на Одри, најмногу одШарада иКако да се украде милион. Овој телевизиски филм имал само просечен успех, а и самата Хепберн изјавила дека ја прифатила улогата само поради забава. Последната улога на Одри Хепберн била онаа каде се глумела себеси какоангел во филмотСекогаш наСтивен Спилберг од1988 година. Во текот на последните месеци од нејзиниот живот, Хепберн учествувала во два забавни проекти: била водител нателевизиската документарна серијаГрадините на светот со Одри Хепберн, која дебитирала на телевизиската мрежа „PBS“ на денот на нејзината смрт и снимила албум за деца -Волшебните приказни на Одри Хепберн, каде таа чита неколку класични детски приказни, кои ѝ ја донеле посмртната награда „Греми“ за најдобар албум за деца.
Во раните 1950-ти, Одри била свршена за младиот Џејмс Хенсон.[38] Подоцна, оваа врска Одри ја нарекла љубов на прв поглед, но, иако бил направен свадбениот фустан и бил закажан денот на свадбата, свршувачката била раскината, бидејќи Хепберн одлучила дека поради професионалните обврски кои би ги оддалечувале неа и Џејмс долг период, бракот нема да успее[39] Хепберн го подарила својот фустан на една сиромашна италијанска двојка која го поседува и ден-денес.[40]
Хепберн се венчала двапати: за американскиот глумец Мел Ферер и за италијанскиот доктор Андреа Доти, и од двајцата имала по еден син: Шон, роден во1960 година од бракот со Ферер и Лука, роден во1970 од бракот со Доти. Хепберн го запознала Мел Ферер на забава чиј домаќин билГрегори Пек. претходно, таа го забележала Мел во филмотЛили и била воодушевена од неговата изведба. Ферер подоцна ѝ го испратилсценариото задраматаУндина и Хепберн со задоволство се согласила да учествува. Пробите почнале да се одржуваат војануари1954 година, а Хепберн и Ферер се венчале на24 септември истата година.[41] Хепберн велела дека се неразделиви и среќни, без разлика на честите озборувања, кои тврделе дека нивниот брак нема да трае. Сепак, и самата признала дека Мел имал тежок темперамент.[42] На пример, се зборувало дека Ферер ја контролира Одри и дека бил нејзинСвенгали.[43] Во таа смисла, еднашВилијам Холден рекол: „Мислам дека Одри му дозволува на Мел да мисли дека ја контролира.“
Пред да ѝ се роди првото дете, Хепберн двапати имала спонтанабортус, од кои првиот вомарт1955 година. Во1959 година, за време на снимањето на филмотНепростено, Одри си го скршила грбот откако паднала одкоњ. Неколку недели минала воболница, а подоцна имала уште еден спонтан абортус, предизвикан од физички и ментален стрес. Додека се одморала дома, Мел Ферер ѝ го донелпаунот употребен во филмотЗелени палати да го чува како милениче. Го нарекле „Ип“, скратено од „Пипин“. Во1965 година, Одри повторно имала спонтан абортус. Затоа била повнимателна за време на бременоста со Лука во1969 година: се одморала со месеци и постојано сликала сè додека не го породила Лука соцарски рез. Последниот спонтан абортус ѝ се случил во1974 година.[44] Во популарните легенди, Хепберн останала запаметена по песната „Совети за убавината тестирани од времето“ („Time Tested Beauty Tips“) која им ја рецитирала на своите деца. Песната вклучува стихови од типот на „За да има убава коса, дозволи му на детето да минува со прстите низ неа еднаш дневно“ или „За убава фигура, сподели ја својата храна со гладните.“ Поемата понекогаш ѝ се препишува нејзе, но вистинскиот автор на песната е Сем Левенсон.
Хепберн, во текот на животот имала неколку миленичиња, вклучувајќи еден „јоркширски териер“ наречен „Господин Славен“ („Mr. Famous“), кој загинал откако бил удрен одавтомобил. За да ја развесели, Мел ѝ купил уште еден јоркширски териер кој го нарекле „Асам од Асам“ („Assam of Assam“). Исто така, таа го задржала и паунот „Ип“, а неговиот кревет бил направен од кадата. Шон Ферер имал „кокер шпаниел“ наречен „Коки“. Кога Одри Хепберн остарела, таа одгледувал дватериера од расата „Џек Расел“.[40]
Бракот со Ферер траел 14 години, до5 декември1968 година, а во една прилика, нивниот син рекол дека Одри останала предолго во овој брак. Во последните години од нивниот брак, се зборувало дека Ферер имал девојка на страна, но и дека Одри имала врска со нејзиниот партнер од филмотДвајца за патотАлберт Фини. Таа ги негирала озборувањата, но режисеротСтенли Донен рекол: „Со Алберт фини таа беше како нова жена. Таа и Алби создаваа нешто прекрасно заедно; беа како мали деца. Кога Мел не беше на сетот, тие блескаа. Кога Мел беше таму, беше навистина смешно. Одри и Алби се однесуваа прилично формални и малку беше непријатно“.[45] Двојката се разделила уште пред разводот,а во текот на разводот, Хепберн ослабела. Потоа, таа го запознала италијанскиотпсихијатар Андреа Доти на едно патување соброд и се вљубила во него при посетата на некои грчкиархеолошки места. Тогаш, таа верувала дека ќе има многу деца и дека ќе престане да работи. Со Доти се венчала на18 јануари1969 година. Иако тој ја љубел Хепберн и бил сакан од Шон, кој сметал дека Доти езабавен, Андреа многу често имал врски со помлади жени. Нивниот брак траел 13 години и завршил во1982 година, откако и Лука и Шон станале способни да живеат со својата мајка. Иако Хепберн ги прекинала сите контакти со Ферер (со него се сретнала само уште двапати до крајот на својот живот: на дипломирањето на Шон и неговата првасвадба), таа останала во контакт со Доти за доброто на Лука.
Пред да умре, Хепберн била во врска со Роберт Волдерс, згоден холандски глумец, поранешен маж на покојната филмска ѕвездаМерли Оберон. Се запознала со Волдерс преку еден пријател, во периодот кога нејзиниот брак со Доти веќе бил во распад. По нејзиниот развод, Одри и Роберт почнале да живеат заедно, иако никогаш не биле венчани. Во1989 година, откако веќе поминала девет години со Волдерс, таа ги нарекланајсреќните години од нејзиниот живот. „Навистина ми требаше многу време“, изјавила Хепберн во едно интервју со Барбара Волтерс. Волтерс тогаш ја прашала, зошто никогаш не се венчале, а Хепберн одговорила дека тие биле венчани, само не формално. Двајцата, заедно ги планирале патувањата соУНИЦЕФ; на секој нејзин говор бил присутен и Роберт Волдерс и додека Хепберн зборувала, тој често плачел.[40]
Одри Хепберн фотографирана од Едвард Квин во 1951 година
Веднаш по нејзината последна филмска улога, во1988 година, Одри Хепберн била наименувана заамбасадор на добрата волја наУНИЦЕФ. Благодарна на својата среќна судбина, која ѝ овозможува да ја преживее германската окупација како дете, таа го посветила остатокот од својот живот на грижата за несреќните деца во сиромашните земји. Патувањата на Хепберн ѝ биле олеснети поради нејзиното познавање на повеќе јазици: зборувалафранцуски,италијански,англиски,холандски/фламански ишпански јазик.
Иако Одри веќе имала работено заУНИЦЕФ во текот на 1950-тите, почнувајќи од еднарадио-емисија во1954 година, овојпат таа навистина се посветила на својата хуманитарна работа. Нејзината прва мисија била воЕтиопија во1988 година, каде посетила едно сиропиталиште во Мек'еле, каде на 500 гладни деца им биле дадени пакети одУНИЦЕФ. Тогаш, таа изјавила: „Моето срце е скршено. Очајна сум. Не можам да го поднесам фактот што два милиони луѓе се наоѓаат на работ на смрт предизвикана од прегладнетост, многу од нив се деца, а [sic] не е тоа само поради тоа што има тони храна на брегот на Шоа. Не може да се пренесе. Минататапролет наЦрвениот крст и на работниците наУНИЦЕФ им беше наредено да си заминат од северните предели поради избивањето на две симултани граѓански војни... Заминав во бунтовната земја и гледав мајки и деца што одеа по десет дена, па дури и по три недели, барајќи храна, спиејќи вопустината во импровизирани кампови каде што и можат да умрат. Ужасно. Таа слика е премногу за мене.Трет свет е термин што не го обожавам многу, бидејќи овој свет е еден свет. Сакам луѓето да знаат дека најголем дел од човештвото страда.“[46]
Воавгуст 1988 година, Хепберн заминала воТурција, во еден камп за имунизација. Таа ја нарекал Турцијанајубав приказ на можностите наУНИЦЕФ и додала: „Армијата нѝ ги даде своитекамиони, продавачите нариби - тезгите завакцини, и од мигот кога датата беше позната, беа потребни само десет дена за да ја вакцинираме цела земја. Не е лошо.“ Вооктомври, Хепберн отишла воЈужна Америка, каде воВенецуела иЕквадор, изјавила предконгресот: „Видов мали планински заедници и сиромашни маала и квартови како за првпат добиваатвода по пат на едно чудо - тоа чудо еУНИЦЕФ. Гледав мали момчиња како градат училишта со цигли ицемент дониран одУНИЦЕФ.“
Хепберн заминала заСредна Америка вофевруари1989 година и се сретнала со властите наХондурас,Ел Салвадор иГватемала. Воаприл истата година, Хепберн го посетилаСудан, заедно со Волдерс, како дел од мисијата наречена „Операција Живот“. Порадиграѓанската војна, пакетите сохрана биле стопирани, а Хепберн рекла: „Видов само една непореклива вистина. Ова не се природни катастрофи, туку човечки трагедии за кои постои само едно човечко решение - мир.“ Во октомври, Хепберн и Волдерс заминале воБангладеш, а Џон Исаак,фотограф наОбединетите Нации рекол: „Често децата имаамуви врз себе, но таа само одеше до нив и ги прегрнуваше. Никогаш не сум видел нешто такво. Другите луѓе се колебаат до одредено ниво, но таа ги гушкаше. Децата доаѓаа само да ја држат зарака, да ја допрат - таа беше какоВолшебниот Свирач.“ Во октомври1990 година, Хепберн отишла воВиетнам, во обид да воспостави врска со владата, за да овозможи имплементирање на програмата заимунизација и користење на чиста вода.
Восептември1992 година, четири месеци пред да умре, Хепберн заминала воСомалија. Во таа приолика, Хепберн изјавила: „Зачекорив во кошмар. Видов глад во Етиопија и Бангладеш, но никаде не видов нешто како ова - толку полошо отколку што можев и да замислам. Не бев подготвена за ова[...] Земјата е црвена - чудесна глетка - таа длабокатеракота земја. И ги гледаш селата, камповите за сместување и логорите, и земјата е целата распукана околу нив како океански кревет. И тоа беа гробови. Има гробови насекаде. По должината на патот, крај патчињата по кои се движиш, покрај реките, близу секој камп - има гробови насекаде.“
Иако преплашена од она што го видела, Хепберн сѐ уште имала надеж. "Грижата за децата нема никаква врска со политика. Мислам дека со време, наместо да се врши политизација на хуманитарната помош, ќе се врши хуманизација на политиката." "Секој којшто не верува во чуда не е реалист. Го видов чудото наречено вода штоУНИЦЕФ помогна да се оствари. Таму каде што со векови малите девојчиња и мајки морале да чекорат со милји за да го најдат најблискиот извор, сега имаат чиста вода близу нивните домови. Водата е живот, а чистата вода значи здравје за децата во ова село." "Луѓето во овие места не ја знаат Одри Хепберн но го знаатУНИЦЕФ. Кога ќе го видат знакотУНИЦЕФ нивните лица се осветлуваат зашто знаат дека нешто се случува. Во Судан, на пример, пумпите за вода ги викаат УНИЦЕФ."
Во 1992 година, претседателотЏорџ Буш на Одри Хепберн ѝ го врачилПретседателскиот Медал на Слободата, во чест на нејзината работа соУНИЦЕФ, а Филмската академија посмртно ѝ ја доделила наградатаЖан Хершол, за нејзините заслуги на полето на хуманитарната дејност. Нејзиниот син ја подигнал наградата во нејзино име. Во1994 година, во еден парк во Арнем била поставена нејзина биста.[40]
Во2006 година, фондацијата „Одржлив стил“ (Sustainable Style) ја инаугурирала наградата '„Стил и суштина во чест на Одри Хепберн“, која се доделува на познати јавни личности кои работат со цел да го подигнат квалитетот на животот на децата ширум светот. Првата награда била посмртно наменета за Одри Хепберн и таа била подигната од страна на 'Фондацијата за деца „Одри Хепберн“.
Во1992 година, по нејзиното враќање одСомалија, Одри Хепберн почнала да чувствува болки во стомакот. Отишла кај специјалисти, но добила неубедливи резултати, па решилва да се прегледа за време на едно патување воЛос Анџелес, во текот на октомври. На1 ноември, докторите ѝ извршилелапароскопскаоперација и откриле стомаченрак, кој почнал да се шири одслепото црево.Ракот растел во текот на неколку години и се метастазирал, не какотумор, туку како мала обвивка врз нејзинототенко црево. Болката што ја чувствувала Одри била резултат на грчеви воилеумот од тенкото црево. Хепберн одбилахемотерапија, па докторите отстраниле речиси 30 cm од цревото и таа била хранета само интравенозно. Откако лузната зараснала, Хепберн била лечена со 5-флуороурацил леуковорин. Неколку дена подоцна, Хепберн ималаоклузија, односно запирање накрвотокот. Лековите не биле доволни да ја намалат болката, па на1 декември брз неа била извршена и втора операција. По еден час, хирургот објавил дека ракот веќе доста се проширил и дека не е можно да биде отстранет. Бидејќи Хепберн не била способна да поднесе комерцијален лет, Живанши го најмил Бани Мелон, кој испратил приватенавион до Лос Анџелес, кој ја однел Хепберн воШвајцарија. Притоа, Мелон ја наполнил кабината на авионот соцвеќиња. Одри Хепберн умрела како последица на ракот на слепото црево, на20 јануари1993 година, воТолошна,Швајцарија, каде била закопана.
Од мигот на својата појава, до денес, Одри Хепберн е позната како икона на убавината имодата, а често била ословувана со титулата најубава жена на сите времиња.[47][48] Нејзиниот моден стил е сѐ уште популарен меѓу жените.[49] Спротивно на нејзиниот современ портрет, иако Хепберн навистина уживала во модата, таа не ѝ била особено важна, туку секогаш повеќе сакала нормална, удобна облека. Всушност, таа воопшто не се сметала себеси за особено привлечна девојка. Така, во едно интервју од 1959 година, Хепберн изјавила: „Можете дури и да речете дека се мразев себеси во одредени периоди. Бев премногу дебела, или превисока или едноставно премногу грда... дури и би можеле да речете дека мојата сигурност потекнува од чувствените слоеви на несигурност и инфериорност. Не можев да ги надминав овие чувства преку несигурност. Единствен начин да го извлечам најдоброто од нив беше преку прифаќање на еден силен, концентриран стремеж.“[50]
До денес е направен само еден биографски филм, заснован врз животот на Одри Хепберн - телевизискиот филм од2000 годинаПриказната за Одри Хепберн, соЏенифер Лав Хјуит во главната улога, која била и ко-продуцент на филмот. Критичарите биле безмилосни кон филмот поради фактичките грешки и слабата изведба на главната глумица. Филмот завршува со снимка на вистинската Одри Хепберн, која ја прикажува неа во една од нејзините последни мисии соУНИЦЕФ. Постојат неколку верзии на филмот: прикажуван е како мини-серија во неколку земји, но и во неговата скратена верзија воСАД на мрежата „ABC“, која всушност е и верзијата пуштена на ДВД издание.Еми Росум, во една од своите први филмски улоги, ја портретира Одри во нејзините тинејџерски години во филмот.
Во2003 година, Поштенската служба на САД издала марка, илустрирана од Мајкл Џ. Дејс, која го чествува ликот на Одри како холивудска легенда и хуманитарка. Сликата на марката е врз основа на една слика што ја прикажува Хепберн во филмотСабрина. Хепберн е еден од ретките странски државјани со ваква чест во САД.
Сликата на Хепберн е сѐ уште често употребувана во рекламните кампањи на многу светски компании. ВоКина, серија реклами зацрн чај користеле обоени и дигитално преработени слики на Одри од филмотПразник во Рим. ВоСАД, Хепберн била дел од рекламата на „GAP“, емитувана од7 септември до5 октомври2006 година. Таа искористува делови одСмешно лице, а во позадина оди песната „Back in Black“ наAC/DC. Мотото на рекламата е „It's Back — The Skinny Black Pant“ („Се вратија - кожните црни пантолони“). За да ја прослави својата кампања „Нека биде едноставно“, „GAP“ направил значајна донација на Фондот за деца на Одри Хепберн.[51]. Рекламата е многу популарна и има повеќе од 200 000 посетители на „YouTube“.
Малиот црн фустан одПојадок кај Тифани, дизајниран одЖиванши и Хепберн, на5 декември2006 година, нааукцијата во „Кристи“ бил продаден за 467 200фунти, речиси седум пати повеќе од планираните 70 000 и ова е најголемата сума платена за некој филмски костум. Парите биле донирани во центарот за грижа на сиромашните деца воИндија - „Градот на Радоста“. Претседателот на фондацијата, по овој повод, изјавил: „Во моите очи има солзи. Сосема сум запрепастен од фактот што едно обично парче облека од една така волшебна глумица ќе ми даде можност да купам цигли и цемент за да им овзможам на најсиромашните деца во светот училишта“.[52] Сепак, фустанот понуден на аукцијата воопшто не бил носен од Одри Хепберн во текот на снимањето на филмот. Едниот од двата фустани што таа ги носела во филмот стои во архивата на Живанши, а другиот во Музејот на костумите воМадрид.[52]
Тони: Најдобра глумица воУндина (1954) и Специјална награда за посебни достигнувања (1968).
Греми: Награда за најдобро прочитан албум за деца (1993) заВолшебните приказни на Одри Хепберн (посмртно).
Еми: Видно поединечно достигнување (1993) и за епизодатаЦветни градини од документарната серијаСветските градини со Одри Хепберн (посмртно).
Исто така, во1955 година, Одри Хепберн ја добилао и наградатаХенриета за најомилена глумица на светот, како и наградите „Сесил Б. Де Мил“ во1990, односно наградата за животно достигнување, која се доделува одЗдружението на филмските глумци во1992 година. Подоцна, таа ја добила и хуманитарната награда „Жан Хершол“.
Во декември 1992 година, еден месец пред да умре, Хепберн го примилаПретседателскиот медал на слободата, за нејзината работа воУНИЦЕФ,[53] кој е едно од двете највисоки цивилни признанија што се доделуваат во САД.[54][55]
↑во оригинал: "I have memories. More than once I was at the station seeing trainloads of Jews being transported, seeing all these faces over the top of the wagon. I remember, very sharply, one little boy standing with his parents on the platform, very pale, very blond, wearing a coat that was much too big for him, and he stepped on to the train. I was a child observing a child."
↑во оригинал: „I was exactly the same age as Anne Frank. We were both 10 when war broke out and 15 when the war finished. I was given the book in Dutch, in galley form, in 1946 by a friend. I read it . . . and it destroyed me. It does this to many people when they first read it but I was not reading it as a book, as printed pages. This was my life. I didn't know what I was going to read. I've never been the same again, it affected me so deeply.We saw reprisals. We saw young men put against the wall and shot and they'd close the street and then open it and you could pass by again. If you read the diary, I've marked one place where she says, 'Five hostages shot today'. That was the day my uncle was shot. And in this child's words I was reading about what was inside me and is still there. It was a catharsis for me. This child who was locked up in four walls had written a full report of everything I'd experienced and felt.“
↑во оригинал: „This spirit of survival is so strong in Anne Frank's words. One minute she says, 'I'm so depressed.' The next she is longing to ride a bicycle. She is certainly a symbol of the child in very difficult circumstances, which is what I devote all my time to. She transcends her death.“