Movatterモバイル変換


[0]ホーム

URL:


Прејди на содржината
ВикипедијаСлободна енциклопедија
Пребарај

Оверајсел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Оверајсел
Overijssel
покраина
Знаме на Оверајсел
Знаме
Грб на Оверајсел
Грб
Оверајсел во рамките на Холандија
Оверајсел во рамките на Холандија
ЗемјаХоландија
Главен градЗволе
Најг. градЕнсхеде
Управа
  Кралев комесарАндрис Хејдема
  СоветПокраински совет на Оверајсел
Површина (2017)[1]
  Вкупна3.421 км2 (1,321 ми2)
  Земјишна3.323 км2 (1,283 ми2)
  Вода98 км2 (38 ми2)
Население(2019)[2]
  Вкупно1.162.215
  Густина350/км2 (900/ми2)
ISO 3166NL-OV
Religion(2006)протестантство 29 %
католицизам 26 %
ислам 2 %
останато 6 %
без вера 37 %
ИЧР (2018)0.921[3]
многу висок
Мреж. местоwww.overijssel.nl

Оверајсел (холандски:Overijssel;долногермански:Oaveriessel;германски:Oberyssel) —покраина во источнаХоландија. Името значи „прекуАјсел“, и води потекло од Епископското Кнежевство Утрехт кое управувало со областа до 1528 г. Главен град еЗволе (нас. 127.497[4]), а најголем еЕнсхеде (нас. 158.986). Во ноември 2019 г. покраината броела 1.162.215 жители. Теренот се состои претежно од тревести површини и некои шумски предели (вкл. националнипт парк Саландсе Хеувелруг); во мал дел се граничи и соАјселското Езеро на запад.

Географија

[уреди |уреди извор]
Топографска карта на Оверејсел од 2019 г.

Покраината се граничи соГерманија (Долна Саксонија иСеверна Рајна-Вестфалија) на исток, регионотАхтерхук воГелдерланд на југ, регионот Фелуве во Гелдерланд иФлеволанд на запад иФризија и поранешните голети воДренте на север. Оверајсел опфаќа три региони: Коп ван Оверајсел на северозапад, Саланд во средиштето иТвенте на исток. Освен главниот градЗволе, други покрупни градови сеАлмело,Девентер,Хенгело,Енсхеде иКампен.

На југозапад теренот е претежно песоклив, пресечен со мали реки како Регел и Динкел и други потоци. На севрозапад преовладуваат талози од т.н. оверајселски фехт и глина. Северните делови некогаш биле покриени сотресетишта кои го двоеле посувиот и пообработлив југ одДренте и кои во голема мера се експлоатирале за гориво. Денес преостануваат само мали делчиња (кајГестерен,Хаксберген) иЕнсхеде). На крајниот северозапад преовладува систем од езера образувани со вадење на тресет, денес заштитени како национален парк Де Верибен-Виден, кој претстаува значајномоклиште.

Највисока точка во Оверајсел е ридот Танкенберг во општинатаЛосер, висок 85 м. Најниска точка еполдерот Мастенбрук кајКампен на 2 м подморското ниво.

Поважни реки :Ајсел, Зварте Ватер,Фехте, Динкел, Реге и Рест.

Поважни канали : Твентски Канал (Енсхеде и огранокот Зутфен за Алмело), Оверајселски Канал, каналот Алмело-Де Хандрик, Алмело-Нордхорн (надворешен) и Дедемсварт (претежно непроточен).

Оверајсел се одликува соокеанска клима (класа Cfb). Меѓутоа, зимите се постудени отколку во остатокот од Холандија поради оддалеченоста од брегот.[5]

Историја

[уреди |уреди извор]
Map of the Утрешката епископија around 1350, when present-day Overijssel was part of the region Oversticht

Оверстихт

[уреди |уреди извор]

Оверајсел порано се нарекувалОверстихт и го опфаќал најголемиот дел од денешната покраинаДренте. Во 1336 г. станал дел одГрофовијата Гелдерн, но во 1347 г. ѝ е отстапен на Утрешката епископија. Епископијат му го предала Оверстихт на светиот римски царКарло V во 1528 г. кој притоа го стекнал звањето Господар на Оверајсел. Населението се придружило во буната против шпанскиот кралФилип II. Со Оверајсел управувале најмоќните градоначалници и велможи, меѓу кои и намесниот управник Николас Шмелцинг (1561–1629).

По кратка окупација од војската на Минстерскиот епископ (1672–74), во Оверајсел стаил нов вид на ушравување кое им дало поголема власт на намесниците (стадхаудери). Широко распространетиот отпор кон оваа власт во нискоземските покраини дпвел до создавање наБатависката Република во 1795 г. Се појавил централистички облик на управување со кои територијата била поделена на разни департмани по пример на оние во револуционернаФранција.

Оверајсел

[уреди |уреди извор]

Оверајсел најпрвин бил свој департман, а во 1798 г. бил споен соДренте образувајќи го Стар Ајсел (Ауден Ајсел), преименуван во Оверајсел во 1801 г.

Франција ја припоила Батависката Република во 1810 г. и територијата на покраината станала нов француски департман наречен Устие на Ајсел. По поразот наНаполеон во 1814 г. се создалоНискоземското Кралство, а со тоа била пресоздадена старата покраина Оверајсел.

Покраината била окупирана одГерманија за време наВтората светска војна од мај 1940 до април 1945 г.Мелиорираната територијаНордостполдер била во состав на Оверајсел од 1962 до 1986 г. кога прешла во новосоздадената покраинаФлеволанд.

Стопанство

[уреди |уреди извор]

Бруто домашниот производ (БДП) на регионот изнесува 43,2 милијардиевра (2018) или 5,6 % од производството на Холандија. БДП по глава на жител прилагоден на куповната моќ изнесува 32.700 .[6]

Покраината е високоиндустријализирана. Во XIX век во регионотТвенте на југоисток се развиле памучната индустрија, ткаењето и белењето, со што станал еден од главните центри на холандската текстилна индустрија. Главни стопански центри се Енсхеде, Алмело, Хенгело и Олдензал. Други поважни индустриски центри се Девентер, Кампен и Зволе.[7]

Општини

[уреди |уреди извор]

Оверајсел е поделен на 25општини:

Галерија

[уреди |уреди извор]

Поврзано

[уреди |уреди извор]

Наводи

[уреди |уреди извор]
  1. „Error“. Архивирано одизворникот на 2020-01-13. Посетено на2023-09-13.
  2. „CBS Statline“.
  3. „Sub-national HDI – Area Database – Global Data Lab“.hdi.globaldatalab.org (англиски). Посетено на 13 септември 2018.
  4. „CBS Statline“.
  5. „Overijssel climate info| what's the weather like in Overijssel, the Netherlands“.
  6. „Regional GDP per capita ranged from 30% to 263% of the EU average in 2018“.Eurostat.
  7. „Overijssel | province, Netherlands“.Encyclopedia Britannica (англиски). Посетено на 5 август 2021.

Надворешни врски

[уреди |уреди извор]
Општини воОверајсел
Знаме на покраината Оверајсел
Нормативна контрола
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Оверајсел&oldid=5430644
Категории:
Скриени категории:

[8]ページ先頭

©2009-2025 Movatter.jp