Movatterモバイル変換


[0]ホーム

URL:


Прејди на содржината
ВикипедијаСлободна енциклопедија
Пребарај

Нордхаузен

Координати:51°30′18″N10°47′28″E / 51.50500°N 10.79111°E /51.50500; 10.79111
Од Википедија — слободната енциклопедија
За други значења на поимот, погл.Нордхаузен (појаснување).
Нордхаузен

Nordhausen

Стариот град на Нордхаузен
Стариот град на Нордхаузен
Стариот град на Нордхаузен
Знаме на Нордхаузен
Грб на Нордхаузен
Нордхаузен во рамките на Германија
Нордхаузен
Управа
ЗемјаГерманија
ПокраинаТирингија
ОкругНордхаузен
Градски единици12
ГрадоначалникКај Бухман (независен)
Основни податоци
Површина108,24км2
Надм. височина208 м
Население41.339(31 декември 2022)[1]
 -Густина382 жит/км2
Други информации
Часовен појасCET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.NDH
Пошт. бр.99734
Повик. бр.03631
Порталwww.nordhausen.de
Местоположба на градот Нордхаузен во рамките на округот Нордхаузен
Карта
Карта
Координати51°30′18″N10°47′28″E / 51.50500°N 10.79111°E /51.50500; 10.79111

Нордхаузен (германски:Nordhausen; познат и какоНордхаузен на Харц; локален дијалект:Nordhusen) —град во округотистоимениот округ, во сојузната покраинаТирингија,Германија. Претставува административно седиште на округот. Некогаш бил познат по неговата тутунска индустрија и сè уште е познат по неговиот дестилиран пијалакNordhäuser Doppelkorn.

Географија

[уреди |уреди извор]

Местоположба

[уреди |уреди извор]

Нордхаузен се наоѓа помеѓу подножјето на Харц на север, ридскиот масив Голдене Ауе на југоисток и Ридигсдорфер Швајц на североисток. На север се граничи со Природниот парк Јужен Харц.

Низ градот тече рекатаЦорге, притока наХелме, како иЗалца, која го има најголемиот извор во Тирингија. Југоисточно од Нордхаузен се наоѓаат шест вештачки езера „Багер“, кои биле создадени во 1960-тите.

Нордхаузен претставува шести најголем град по бројот на жители во покраината Тирингија, многу близу соАјзенах. Големи градови во негова близина сеГетинген (околу 60 км западно), Ерфурт (околу 61 км јужно),Хале (Зале) (околу 81 км источно),Брауншвајг (околу 87 км северно) иМагдебург (околу 91 км североисточно).

Градското јадро (денешниот стар дел на градот „Алтштат“) се наоѓа на мало возвишение, западно и јужно од него. Висинската разлика на градот се движи од 180 до 250 метри, поради што познат ознаките Горен и Долен Град (Ober- und Unterstadt).

Површината на градот изнесува 105,62 км2 (2019), што е 14,8 проценти од површината на самиот округ.[2] Најниската точка во градот е 165 метри, додека највисоката е 360 метри.

Градски единици

[уреди |уреди извор]

Градот Нордхаузен ги опфаќа и следниве градски единици:

  • Билен, околу 1.370 жители, припоен на 1 јули 1994
  • Буххолц, околу 210 жители, припоен на 6 јули 2018
  • Хереден, околу 850 жители, припоен на 1 јули 1994
  • Хесероде, околу 660 жители, припоен на 1 јули 1997
  • Хохштет, околу 80 жители, припоен на 1 јули 1950
  • Хернинген, околу 350 жители, припоен на 1 јули 1994
  • Кримдероде, припоен на 1 јули 1950
  • Лајмбах со Химелгартен, околу 900 жители, припоен на 1 јули 1994
  • Петерсдорф, околу 390 жители, припоен на 1 декември 2007
  • Родисхајн, околу 320 жители, припоен на 1 декември 2007
  • Ридигсдорф, припоен на 23 март 1993
  • Залца, припоен на 1 јули 1950
  • Штајгертал, околу 400 жители, припоен на 1 април 1999
  • Штајнбрикен, околу 240 жители, припоен на 1 јули 1994
  • Штемпеда, околу 300 жители, припоен на 1 декември 2007
  • Зундхаузен, околу 1.200 жители, припоен на 1 јули 1994

Клима

[уреди |уреди извор]
Клима на Нордхаузен
ПоказателЈанФевМарАпрМајЈунЈулАвгСепОктНоеДекГодишно
Просечна максимална (°C)2,748,113,117,12022,522,417,812,67,13,36,4
Просечна минимална (°C)−0,9−0,62,15,59,612,214,41410,46,53,2−0,2
Просечно кол. врнежи (мм)49,0940,6245,0241,4555,2261,1956,9758,8343,5442,0449,2956,57599,83
Сончеви часови (дневно)1,32,43,45,46,76,66,96,74,53,21,60,94,1
Извор: Josef Tauchmann:Das Klima des Südharzvorlandes. Nordhausen, Köhler, 2006, S. 119, S. 130 (1956–2005);weather.msn.com

Историја

[уреди |уреди извор]
Царски град Нордхаузен
Reichstadt Nordhausen
1220–1802
Нордхаузен во 17 век
Нордхаузен во 17 век
СтатусГрад
Главен градНордхаузен
УредувањеРепублика
Историски периодДоцен среден век
• Основана населба
650-700
• Царска слобода
27 јули 1220
• Потврдена
    царска слобода

1290
• Изградба на нов град
14 февруари 1375
• Приклучување воХанза

1430
1523
1802
• Отстапен наВестфалија
1807–13
Претходници
Наследници
Војводство Саксонија
Кралство Прусија
Денес дел од Германија

Градот е првпат споменат на 13 мај 927 година во документ на кралот Хајнрих Птичарот, но постоела и друга населба на истото место околу 650-700. Во 1220 година, императоротФридрих II го прогласил заслободен царски град, а во 1430 година Нордхаузен се приклучил наХанза. Во 1500 година станал дел од Долносаксонскиот круг и од истата година градот започнал да произведува ферментиран пијалак од жито, кој станал познат под иметоNordhäuser Doppelkorn. Во 1523 година,Томас Минцер поминал некое време во градот, кога пристигнала иреформацијата.

ПоВестфалскиот мир во 1648 година, голем дел од околината на Нордхаузен станал дел одБранденбург-Прусија, иако самиот град останал независен. Во текот наНаполеоновите војни, пруските трупи го окупирале Нордхаузен на 2 август 1802 година; градот го загубил својот статус како слободен царски град во текот на германската медијатизација. Станал дел одКралството Вестфалија создадено во 1807 година. По поразот наНаполеон Бонапарт, Нордхаузен бил вклучен во покраината Саксонија наКралството Прусија создадено во 1816 година. Нордхаузен билурбан округ од 1882-1950.

Во 1866 година била отворена железничка станица во Нордхаузен на железничката линија Хале-Касел одХале.

Концентрациониот камп Мителбау-Дора бил сместен во близина на градот во текот наВтората светска војна со цел обезбедување работна сила за фабриката за ракети „Мителверк“ во Конштајн. На 3 и 4 април 1945 година, три четвртини од градот биле уништени во бомбардирањето на Кралските воздушни сили, при што загинале 8.800 луѓе, вклучувајќи 1.500 болни затвореници во касарните Белке во Нордхаузен.[3] Претходно на 24 август 1944 година, 11 бомбардери Б-17 го бомбардирале аеродромот во Нордхаузен како воена цел.[4] На 11 април 1945 година, Американците го окупирале градот, а на 2 јули го преземалаЦрвената армија. На 18 јули, советската администрација го основала Институтот Рабе за развој на советска ракетна технологија на основа на посовремените ракетиФау 2. Во мај 1946 година, Институтот бил приклучен во новиот институт Нордхаузен. На 22 октомври 1946 година, како дел од акцијата Осаваким во која биле депортирани околу 10-15.000 германски научници и инженери и нивните семејства, биле вклучени и 300 жители од Нордхаузен.[5] Многу од депортираните останале во Советскиот Сојуз до раните 1950-ти.

Нордхаузен бил дел одИсточна Германија од 1949-1990 и бил администриран одОкругот Ерфурт. По повторното обединување на Германија во 1990 година, Нордхаузен станал дел од повторно создадената покраинаТирингија. Неговиот средновековен центар бил повторно изграден. На 1 декември 2007 година, поранешните општиниПетерсдорф,Родисхајн иШтемпеда биле припоени кон Нордхаузен.

Политика

[уреди |уреди извор]

Градски совет

[уреди |уреди извор]
Старото Градско собрание
Градската куќа, седиште на градоначалникот
Историската градска управа

Советот на градот Нордхаузен се состои од 36 избрани членови и градоначалникот. Последните локални избори биле одржани на 26 мај 2019 година.

На општинските избори од 2004 до 2019 година биле добиени следниве резултати:

Партии2019201420092004
УделМестаУделМестаУделМестаУделМеста
Демохристијански сојуз на ГерманијаCDU22,2 %831,5 %11025,9 %936,0 %140
Социјалдемократска партија на ГерманијаSPD17,4 %629,2 %11035,3 %13028,7 %110
Левица#LINKE21,8 %823,2 %822,0 %225,4 %9
Слободна демократска партијаFDP7,2305,2 %207,3 %305,0 %2
Алтернатива за ГерманијаAfD21,0 %8
Сојуз 90/ЗелениGRÜNE09,1 %306,9 %306,3 %204,8 %0
Националдемократска партија на ГерманијаNPD01,3 %003,9 %103,1 %1
Места36363636
Излезност53,4 %42,1 %48,6 %40,8 %

Градоначалник

[уреди |уреди извор]

Градоначалникот од 1994 година се избира на непосредни избори со мандат од шест години. Од октомври 2017 година, градоначалник на градот Нордхаузен е независниот кандидат Кај Бухман.

Збратимени градови

[уреди |уреди извор]

Нордхаузен езбратимен со:

Сообраќај

[уреди |уреди извор]

Од јули 1897 година, Нордхаузен Норд е јужната крајна точка на железницата со тесен колосек Харц. Врската до важната обична железница Хале-Касел била воспоставена во 1866 година. Трамвајската мрежа во Нордхаузен е важен дел од јавниот превоз во градот.

Образование

[уреди |уреди извор]

Нордхаузен има Универзитет за применети науки (Fachhochschule), кој нуди додипломски и постдипломски студии за бизнис-администрација, јавен менаџмент и бизнис-инженерство.[6]

Главни знаменитости

[уреди |уреди извор]
  • Скулптура наРоланд од XVII век, на надворешниот ѕид на Градското собрание. Се смета за симбол на градот.
  • Катедралата на Светиот Крст (Dom „Zum Heiligen Kreuz“). Првично постоела како црква од средината на X век. Во 1220 година, црквата била претворена во катедрала. Градбата има доцноготски наос, додека кулите, криптата и конаците воромански стил.
  • Црква Фрауенбергер (Frauenberger Kirche; „St. Maria auf dem Berg“), романескна црква.
  • Кула Св. Петар (Petriturm), зачувана кула од црква од XIV век, уништена во 1945 година.
  • Уметничка галерија Мајенбург (Kunsthaus Meyenburg), градба од 20 век војугендстил, во која се наоѓа мал музеј за современа уметност.
  • Театарот, изграден во 1917 година.

Галерија

[уреди |уреди извор]
  • Една од најстарите станбени куќи во Тирингија
    Една од најстарите станбени куќи во Тирингија
  • Новото Градско собрание
    Новото Градско собрание
  • Нови станбени блокови по 1950-тите
    Нови станбени блокови по 1950-тите
  • Скулптурата Роланд во градот
    Скулптурата Роланд во градот
  • Театарот
    Театарот
  • Катедралата
    Катедралата
  • Градскиот музеј
    Градскиот музеј
  • Градската библиотека
    Градската библиотека
  • Финкенбург
    Финкенбург
  • Трамвај низ градот
    Трамвај низ градот
  • Универзитетскиот кампус
    Универзитетскиот кампус

Наводи

[уреди |уреди извор]
  1. „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“.Статистичка служба на Тирингија. јуни 2023.(германски)
  2. Zahlen und Fakten auf einem Blick – 2019 (PDF)Архивирано на 27 април 2019 г., nordhausen.de, abgerufen am 27. April 2019.
  3. Беон, Ив (1997).Planet Dora: A Memoir of the Holocaust and the Birth of the Space Age. Westview Press, Div. of Harper Collins. стр. XIX,XXI,XXII,XXIV.ISBN 0-8133-3272-9.
  4. „8th Air Force 1944 Chronicles“. Архивирано одизворникот на 2007-09-12. Посетено на2007-05-25.JuneАрхивирано на 10 јуни 2016 г.,JulyАрхивирано на 3 март 2008 г.,AugustАрхивирано на 14 декември 2007 г.,SeptemberАрхивирано на 10 јуни 2016 г.,October
  5. Soviet rocket building in Thuringia (германски)
  6. „Fachhochschule Nordhausen“. Архивирано одизворникот на 2008-10-22. Посетено на2013-04-19.

Надворешни врски

[уреди |уреди извор]
Нордхаузен“ на Ризницата ?
Во 1792 г.

Слободни царски градови во 1648 г.
Изгубилецарска непосредност или веќе осамостоени од СРЦ во 1792 г.
Црковни
Долносаксонскиот округ на карта на Светото Римско Царство
Секуларни
Градови
1 до 1648.   2 до 1701.   3 од 1648.   4 до 1731.   5 до 1705.   6 до 1596.   7 од 1708.   8 до 1773.   9 до 1640.   10 до 1695.   11 од 1701.   12 до 1734.
Градови и општини во округотНордхаузен
Грб
Нормативна контрола
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Нордхаузен&oldid=5315356
Категории:
Скриени категории:

[8]ページ先頭

©2009-2025 Movatter.jp