Некои влади го признаваат Јангон како главен град.[4]
Мјанмар, официјалноРепублика на Унијата Мјанмар или позната и по старото имеБурма — независна република воЈугоисточна Азија. Мјанмар се граничи соКина на североисток, соЛаос на исток, соТајланд на југоисток, соБангладеш на запад и соИндија на северозапад. На југозапад Мјанмар излегува наБенгалскиот Залив, додека на јужно од државата се наоѓаАндаманското Море. Мјанмар има брег од околу 1.930 километри. Вкупната површина на Мјанмар е 676.578км2 каде живеат околу 33.234.000 жители. Службен јазик на Мјанмар емјанмарскиот јазик, додека главен град на државата еНепјидо.
Официјалното име на државата денес еРепублика на Унијата Мјанмар или скратеноМјанмар. Поранешното официјално име на државата билоРепублика на Унијата Бурма или скратеноБурма. Името „Бурма“ доаѓа одмјанмарскиот збор„бамар“ () што е разговорна форма од зборот„мјанмар“ () или на старомјанмарски„мјанма“. Двата збора се однесуваат за државата и за мнозинското население,Бамари. Во Мјанмар, името на државата се изговара какоМјанма.
Во1989 година воената хунта која владее со Мјанмар официјално го сменила името на државата воМјанмар. Преименувањето на државата било спорно прашање.[5] Различни припадници на малцинските заедници во Мјанмар не го прифаќаат новото име на државата, бидејќи сметаат дека терминот „Мјанмар“ историски се однесува само за мнозинското бамарско население, одошто на земјата како политичка единица.[6][7]
Археолошките ископувања во Мјанмар потврдуваат дека во земјата имало доста долг период до човекова цивилизација. Најстарите археолошки пронајдоци во Мјанмар се пештерските цртежи кои се наоѓаат во близина на градотПада Лин и датираат од периодот нахолоценот.[8][9]
Во науката се смета дека најстари жители кои ја населиле територијата на Мјанмар сеМонците, кои мигрурале во долината на рекатаИравади и до средината на 11 век п.н.е. биле доминантен народ во јужен Мјанмар.[10]
НародотПју, кој е од тибетско-мјанмарските говорни народи, се доселил на територијата на Мјанмар во 1 век п.н.е. и создале неколку моќни град-држави, од кои најмоќна билаПјај во долината на реката Иравади. Монските и пјуските кралства биле важни транзитни зони при трговијата наИндија иКина. Во9 век, Пјуското Кралство почнало нагло да слабее и во долината почнала инвазијата наКралството Нанчао.
Бамарите, кои припаѓаат на тибетско-мјанмарските народи, започнале да се доселуваат во долината на рекатаИравади. Бамарите почнале да се иселуваат од Кралството Нанчао во почетокот на7 век. Бамарите при нивното доселување затекнале состојба каде немало силна држава, бидејќиПјуското Кралство се распаднало, и тие ја искористиле таа ситуација и создале своја држава позната какоПаганско Кралство во849 година и главен центар на бамарската држава бил градотПаган. Ова кралство било мало во моќ и територија сè до доаѓањето на власт на кралотАнаврата. Под негова власт, Паганското Кралство го проширило своето влијание низ целата територија на денешен Мјанмар.
Откако Анаврата го зазел главниот град наМонците,Татон, во1057 година, Бамарите го прифатилеТеравада Будизмот како своја религија. Во тој период исто така имјанмарското писмо било создадено, кое се засновало намонското писмо. Бидејќи Паганското Кралство имало голема придобивка од трговијата, владетелите на Кралството изградиле голем број пагоди и храмови, од кои голем дел и денес постојат.
Моќта на Паган полека започнала да слабее во13 век.Кублај Кан заедно со својата моќна монголска војска навлегле на територијата на Мјанмар во1277 година и го зазеле Паган во1287 година. Со тоа, Паганското Кралство и моќта на Паган биле завршени.
Шведагонската Пагода потекнува од периодот на малите мјанмарски кралства.
Монголците кои навлегле и ја зазеле територијата на Мјанмар не можеле долго време да останат на тоа место поради своите зацртани планови и походи. Во меѓувреме, за време на инвазијата на Монголците, во долината на реката Иравади се доселилеШаните и станале значаен фактор во гео-политичката ситуација воЈугоисточна Азија.
Паганското Кралство, кое било покорено од Монголците, се распаднало на неколку помали кралства, како што се:
Кралство Ава (1364–1555) - ова кралство било наследник на три помали мјанмаризирани шански кралства кои ја контролирале територијата на Горен Мјанмар,
Кралство Пегу - монско кралство основано од монско-шанскиот крал Вареру кое ја контролирало територијата на Долен Мјанмар,
Кралство Мраик У (1434–1784) - контролирало територии во западен Мјанмар,
Овој период од мјанмарската историја е карактеристичен по константните воени судири меѓу Пегу и Ава, и во помали размери меѓу Ава и Шаните. Кралството Ава за краток период (1379–1430) имало контрола надРакине и биле многу блиско до задавње пораз на Пегу, но никогаш не можеле да го обединат целото старо мјанмарско кралство. И покрај бурниот пилитички и воен период, Мјанмар влегол во културен златен период. Во овој период значаен е подвигот на кралицатаШин Сау Бу која ја издигнала пагодатаШведагон со денешната височина.
Поради зачестените воени судири, до 15 век Кралството Ава било веќе значително ослабено. Неговите периферни територии или станале автономни држави или станале сосема независни. Во1486 година, кралотМинкјињо (1486–1531) се одделил од Кралството Ава и основал свое независно кралство. Во1527 година, Шаните конечно го освоиле Кралството Ава.Шаните владееле со Горен Мјанмар сè до1555 година.
Империјата на Бајинанунг почнала да се распаѓа веднаш по неговата смрт во1581 година. Кралството Ајутаја се одделило од Империјата во 1593 година и започенале акции за заземање наТанинтари. Во1599 година воените сили на Ракине, а помогнати одПортугалците, го зазеле градот Пегу. Португалците ја искористиле оваа ситуација и воспоставиле своја контрола воТанлин, тогаш најзначаен приморски град во Мјанмар. Со ова ситуацијата во Мјанмар станала прекомплицирана.
Бамарите под водство на кралот Анаукпетлун се регрупирале и ги поразиле Португалците во1611 година. Анаукпетлун повторно основал мало кралство со седиште воАва кое ги контролирало териториите наГорен Мјанмар, Долен Мјанмар и шанските држави. По владеењето на кралот Талун, бамарското кралство доживеало постепен пад во наредните 100 години. Во овој период,Монците успешно одржале бунт против власта кои биле поддржани од Французите и Тајланѓаните, го отцепиле Долен Мјанмар во 1747 година и со тоа се завршило владеењето на династијата Таунгу во 1752.
На4 јануари1948 година, Мјанмар станала независна република позната под името „Унија Бурма“. Како прв претседател на новата држава билСао Шве Таик, додека прв премиер на државата билУ Ну. За разлика од останатите држави кои некогаш биле британски колонии, Мјанмар не бил дел одКомонвелтот на нациите. Бурманското собрание било дводомно, односно составено одКомора на пратеници иКомора на националности.[11]
Денешните граници и територијата на Мјанмар се засновани соПандлоншкиот Договор, каде во едно се соединилеГорен Мјанмар иДолен Мјанмар, но и Источните предели. Сите овие за време на колонизацијата имале посебни администрации.[12]
Во 1961 година,У Тант, бурманскиот пратеник воООН и поранешен Секретар на премиерот, бил избран заГенерален секретар на Обединетите Нации, кој воедно бил прв генерален секретар кој не бил од Западот и ја вршел таа функција десет години.[13]
Мјанмар е поделен на седум држави и седум области.[14] Областите се населени со Бамари. Следува табеларен приказ на административната поделба на Мјанмар.
Станбен објект во Јангон. Иако Мјанмар има мала густина на население, градовите се густо населени.
Мјанмар има население од околу 56 милиони жители.[15] Бројките за населението се проценки бидејќи последниот попис од1983 година не бил целосен.[16] Уште од1931 година во Мјанмар не бил спроведен веродостоен национален попис. ВоТајланд има регистрирано околу 600.000 мјанмарски мигранти и уште над милион кои работат нелегално. Околу 80% од вкупните мигранти во Тајланд се Мјанмари.[17] Мјанмар има густина на население од околу 75 жители на километар квадратен што е едно од најмалите воЈугоисточна Азија. Покрај границите соИндија,Бангладеш иТајланд постојат бегалски кампови, но има и неколку илјади бегалци воМалезија. Според проценките, од Мјанмар има околу 295.800 бегалци и претежно сè до самата граница со Тајланд.[18]
СпоредУНЕСКО, официјалната стапка на неписменост во Мјанмар во 2000 година била 89.9%.[19] Историски, Мјанмар имал висока стапка на писменост.
Владата на Мјанмар признава околу 135 различни етнички групи кои живеат во државата. Иако е тешко да се провери оваа проценка, сепак најмалку 108 етнолингвистички групи живеат во Мјанмар, голем дел одтибетско-бурманските народи, но и даички, хмонгмјенски и монкмерски народи.[20]Бамарите се мнозинско население во државата и сочинуваат околу 68% од вкупното население.[21] Околу 10% од населението сеШанци[21],Карените се 7%[21],Ракинците се 4% иБурманските Кинези се околу 3% од населението.[21][22] Малцинствата се нарекиваат „етнички националности“. Покрај овие наведени, во Мјанмар живеат и останати етнички групи.
Мјанмарскиот јазик е мајчин јазик наБамарите и е сроден јазик сотибетскиот икинескиот јазик.[24] Јазикот се пишува сомјанмарско писмо кое е составено од кружни и полукружни букви кои потекнуваат одмонското писмо, кое пак потекнува одиндиското писмо настанато во8 век. Најраниот натпис на мјанмарско писмо потекнува од11 век. Ова писмо се користи и за запишување на палискиот јазик, но и останати малцински јазици како на пример шанскиот јазик, некои каренски дијалекти и каренскиот јазик.[25] Бурманскиот јазик е јазик кој вклучува учтивост при зборувањето и е внимателен за староста на говорниците.
Околу 89% од вкупното население на Мјанмар се будисти. Покрај нив застапени се и христијанството со 4%, исламот со 4%, хиндуизмот со 1% и останати локални религии со 2%.
Во Мјанмар се застапени повеќе религии. Најголема религија во државата ебудизмот и во државата се одржуваат голем број фестивали и прослави тесноповрзано со оваа религија.Христијанското имуслиманското население претрпуваат притисок во Мјанмар па така за тоа население кое не е будистичко во Мјанмар не му се гарантира дека ќе може да биде дел од војската или да успее во државата.[26] Оваа ситуација е доста застапена во Источен Мјанмар каде 3.000 села биле уништени во изминатите 10 години.[27][28][29] Повеќе од 200.000 муслимани се преселиле воБангладеш во изминатите 20 години.[30]
↑Houtman, Gustaaf (1999).Mental culture in Burmese crisis politics. ILCAA Study of Languages and Cultures of Asia and Africa Monograph Series No. 33. Institute for the Study of Languages and Cultures of Asia and Africa. стр.43–47.ISBN978-4872977486. Архивирано одизворникот на 2008-05-12. Посетено на2010-08-17.
↑Myint-U, Thant (2001).The Making of Modern Burma. Cambridge: Cambridge Univ. Press.ISBN0-521-79914-7.
↑The Burma Road from the Union of Burma to Myanmar, Mya Maung, Asian Survey, Vol. 30, No. 6, June 1990, p 602
↑U Aung Thaw.„Mon history“(PDF). Burma Research Society; Yangon University, Yangon, Myanmar. Архивирано одизворникот(PDF) на 2009-03-25. Посетено на25 February 2009.
↑George Aaron Broadwell.„Mon history“. Dept. of Anthropology; University at Albany, Albany, New York. Архивирано одизворникот на 2018-11-16. Посетено на11 July 2006.
↑Gordon, Raymond G., Jr. (2005).„Languages of Myanmar“.Ethnologue: Languages of the World, Fifteenth edition. SIL International. Посетено на13 January 2007.
↑Mya Than (1997). Leo Suryadinata (уред.).Ethnic Chinese As Southeast Asians. ISBN.
↑Gordon, Raymond G., Jr. (2005).„Languages of Myanmar“. SIL International. Посетено на14 July 2006.
12Gordon, Raymond G., Jr. (2005).„Language Family Trees: Sino-Tibetan“.Ethnologue: Languages of the World, Fifteenth edition. SIL International. Посетено на9 July 2006.
↑"Ethnic and Religious Diversity: Myanmar's Unfolding Nemesis", Matthews, Bruce, Institute of South East Asian Studies, Visiting Researcher Series, Volume 2001, No. 3. 2001.