Мурат IV (отомански турски:مراد رابع,Murād-ı Rābiʿ; роден на27 јули1612 година воЦариград – починал на8 февруари1640 година воЦариград) — седумнаесеттиотсултан на Отоманското Царство кој владеел во периодот од1623 до1640 година. Мурат е познат по враќањето на авторитетот на државата и по бруталноста на неговите методи. Тој бил син наАхмед I и неговата сопругаЌосем султан која имала грчко потекло[2][3][4]. Тој бил качен на престолот по заговорот кој се случил во 1623 година во палатата, и тој го наследил неговиот чичкоМустафа I (владеел 1617–1618, 1622–1623). Тој имал само 11 години кога се искачил на престолот. Неговото владеење е најзначајно порадиОсманлиско-персиската војна (1623–1639), од која исходоттрајно би го поделилКавказот помеѓу двете сили околу два века, додека приближно го поставил темелот на сегашната граници помеѓуТурција,Иран иИрак.
Отоманска минијатура од Мурат IV за време на појадокОсманлискиот султан се среќава со амбасадорите (1628) на Светото Римско Царство во ИстанбулКазнување поради пушење тутунБагдадскиот павилјон
Мурад IV е роден на27 јули1612 година како син наАхмед I (владеел од 1603 до 1617 година) и неговата придружничка, а подоцна и сопругатаЌосем. По смртта на неговиот татко, кога имал шест години, тој бил затворен вокафез заедно со своите браќа:Сулејман,Ќасим,Бајазит иИбрахим[5].
Менталната состојба наМустафа I останала без подобрување и тој повторно се покажал како марионета во рацете на неговата мајкаХалиме султан и зетот, големиот везирКара Давуд-паша, кој го убилОсман II. Мустафа продолжил да верува дека Осман е жив: „тие го видоа султанот како талка по палатата, тропа на вратата во потрага по неговиот внук, за да го ослободи од товарот на моќта“[6].
Во меѓувреме, политичката нестабилност се појавила во земјата под влијание на конфликтите меѓујаничарите испахиите, проследено со востание организирано од страна наАбаза Мехмед-паша, кој сакал да се одмазди за убиството на Осман. Властите се обиделе да го прекинат конфликтот со егзекутирање на Кара Давуд-паша, но Абаза не запрел и во мај 1623 година на чело на 40.000-та армија ја опколилАнкара[7]. Уште четири одлични везири биле заменети на власт предКеманкеш Али-паша да биде назначен на оваа функција. Потоа следувало убедување на Халиме султан да се согласи мирно нејзиниот син да се повлече од функцијата, а таа тоа го прифатила под услов да не биде убиен. Така, 10 септември 1623 година, Мурат IV се качил на османлискиот престол.
Мурад IV подолго време бил под контрола на неговите роднини и за време на неговите први години како султан, преку него во суштина владеела неговата мајка, Ќосем. Царството паднало во анархија;Сафавидското Царство го нападналеИрак и го освоилеБагдад, во Северна Анадолија постоеле востанија, а во1631 годинајаничарите упаднале во палатата и меѓу другото го убилеГолемиот везир. Мурат IV се плашел од страдањето на судбината на неговиот постар брат,Осман II (1818–2218) и решил да ја потврди својата моќ.
На 16-годишна возраст во1628 година, тој наредил својот зет (сопруг на неговата сестра Фатма-султан, кој истовремено бил и поранешен гувернер на Египет), Кара Мустафа-паша, да биде погубен за т.н. акција „против законот на Бога“[8].
Епидемијата, која започнала во летото1625 година и била нареченачума на Бајрампаша, се проширила помеѓу населението во Истанбул. Во просек, илјада луѓе умрале секој ден. Луѓето заминувале во Окмејдани, за да се реинцентрираат од оваа чума. Ситуацијата била полоша во селата, но немало никој што гледал како изгледа ситуацијата надвор од Цариград[9].
Мурад IV се обидел да ја намали корупцијата што се зголемила за време на владеењето на претходните султани, како и за време на регентството на неговата мајкаЌосем.
Биле извршени голем број на погубувања, а во првиот период од неговото владеење бил погубен водачот на востаниетоЏелали кој пак бил следбеник на истоимениот водач на востанието од 1519 година воТокат кога селаните започнале востание против феудалната експлоатација[10]. Тоа бил еден од накрвавите сите отомански султани, но тој се справил со јаремот на везирите и воената анархија.“Убиј или ќе бидеш убиен” – било неговто правило.
Илјас-паша, кој ја искористли збунетоста во престолнината и доминирал во провинциитеМаниса иБаликешир, бил исто така фатен и доведен во Истанбул и погубен пред султанот[10].
Мурат IV го забранувал алкохолот, тутунот и кафето воЦариград[11]. Тој наредил директно погубување на оние кои нема да го почитуваат тоа[12]. Тој, наводно, често патролирал низ улиците на Цариград во цивилна облека во вечерните часови, и кога ќе сретнал некој кој ги конзумира забраниетите состојки, султанот веднаш ја тргнувал својата наметка и го погубувал сторителот со свои раце[13]. Често знаел да седнува покрај кисокот во близина на неговиот дворецСераглио и стрелал со стрели на секој минувач кој се приближувал до неговата царска резиденција[14]. Тој ги врати судските регулативи со многу строги казни, вклучително и погубување. Тој еднаш задавил еден везир од причина што службеникот ја претепал својата свекрва[13][15][16]. Иако се сметал за краен противник на кафето и алкохолот, сам пиел многу. Еднаш дури и рекол: „Единствен начин да го спасам народот од виното, е да го испијам целото вино што постои“.
Тој повторно го вовел правилото според кое немуслиманите имале обврска да носат посебна и различна облека од муслиманите. ПоетотНефи, чии стихови се сметале за премногу сатирични, бил погубен во јануари 1635 година бидејќи критикувал неколку припадници на улемата[17].
На2 септември1633 година избувнал големи пожар во Џибали[10], кој опожарил една петтина од градот. Пожарот што започнал во текот на тој ден, се проширил од три страни кон градот. Од една страна се спуштил до морето. Потоа поминувал низЗејрек и Атпазар. Биле уништени и други области како Бујуккараман, Ќучуккараман, Султанахмед, Сарачахне, Сангурз. Султанот не можел да направи ништо друго освен да ги гледа своитевезири,Бостанџии ијаничари како пробуваат да се справат со пожарот. Уништени биле најубавите квартови на Истанбул. Пожарот траел 30 часа и се раширил главно на силниот ветер истоивремено[10].
Отоманско-полската војна (1633–1634) се водела на теиторијата на денешнаУкраина. Во 1632 година, по смртта на полскиот крал Сигисмунд III, Русија започнала војна позната какоСмоленска војна против Полска, додека војната соОсманлиите се смета како втор фронт од војната, кои ја искористиле тешката ситуација на Полска и се вклучиле во судирот. На29 јуни1633 година група наТатари спровеле напад во областа Каменец Подолски и се повлекле на молдавска територија која била вазална земја на Османлиите. Кога за ова разбрал командантот Хетман Станислав Конецполски веднаш ја мобилизирал својата војска и навлгол на молдавска територија каде на 4 јули во близина на реката Прут успеал да убие десетици илјади Татари а уште току да зароби. По ова тој се вратил на левиот брег од рекатаДнестер кајКаменец Подолски и започнал дополнителна мобилизација каде дошле 3.000 редовни војници и околу 8.000 Козаци. Управителот на Силистра Абаз Мехмед-паша со сила од околу 10.000 војници заминал конХотин и на 22 октомври започнал со напади, но истите биле одбиени од полска страна со многу загуби. Конфликтот продолжил и следната година, и истиот завршил со договор според кој требало да бидат сопрени ордите да ги напаѓаат полските територии, но договорот не бил почитуван. Набргу по ова, Абаз бил ослободен а султан Мурат IV започнал војна со Персија.
Владеењето на Мурат IV е најзначајно порадиОсманлиско-персиската војна (1623–1639) (денешенИран) во која османлиските сили успеале да го освојатАзербејџан, окупирајќи гоТебриз,Хамадан и го освоилеБагдад во1638 година.Договорот од Зухаб кој следел војната генерално ги потврдил границите кои биле договорени содоговорот од Амасија, при што Источна Ерменија, Источна Грузија, Азербејџан и Дагестан останале персиски, додека Западна Ерменија и Западна Грузија останале османлиски[18].Месопотамија била неповратно изгубена за Персијците[19]. Границите утврдени како резултат на војната, се повеќе или помалку исти како и сегашната гранична линија меѓу Турција, Ирак и Иран.
За време наОпсадата на Багдад во1638 година, градот се одржувал цели четириесет дена, но бил принуден да се предаде. Самиот Мурат IV командувал со османлиската војска во последните години од војната. По падот на Багдад погубил 30.000 војници кои побегнале од бојното поле, и уште 30.000 цивили. Во престолнината влегол триумфално, додека персиските началници биле затворени во кафез и поминувале во колоната зад него.
Во овој период започнале нападите наГрузијците. Тие нападнале на Конија и започнале да вршат насилство врз тамошните жители. Против Грузијците великиот везир го испратил беглербегот наАнадолија. Бил заробен нивниот водач Маграв заедно со синот и четириесет Грузијци. После ова анадолскиот намесник Зор паша бил испратен против туркменското племе Бин Дели. Беговите на оваа племе му се покориле на великиот везир. Истото го направиле и останатите курдски племиња.
Во1639 година избувнала војна со Венеција. Причина за тоа било ограбувањето на Лоретското богатство од страна на алжирски и турски бродови што се случило во1638 година. како одговор на ова венецијанскиот адмирал заробил 15 турски галии наКрф. Поради ова султанот наредил убиство на сите Венецијанци во царството како и затворање на Венецијанскиот конзул. Дошло до договор со Венецијанците на5 септември1638 година. Според овој договор на турските пирати им се дозволувало да пловат доколку не им штетат на венецијанските бродови, бил казнет заповедникот наВалона, на Венецијанците им се дозволувало напаѓање на турските пирати на отворено море, а како надомест на штетата требале да исплатат 250.000 златници.
Додека кампувал во Багдад, познато е дека Мурат IV имал средба со амбасадорите наМогулското Царство, кои му подариле 1000 парчиња фино извезена ткаенина, па дури и оклоп. Мурат IV им дал најубаво оружје, седла и кафтани и им наредил на неговите сили да ги придружуваат до пристаништетоБасра, каде што пловеле конСурат[20].
Мурат IV ставил акцент на архитектурата и во неговиот период биле изградени многу споменици.Багдадскиот павилјон, изграден во1635 година иЕреванскиот павилјон изграден во1638 година биле изградени во локални стилови[21]. Некои од другите градби ги вклучуваат: павилјон Кавак Сарај, џамија Мејдани, градбата Бајрам-паша Дервиш, Гробница, фонтана и основно училиште.
Мурат IV напишал многу песни. Тој го користел презимето „Муради“ за своите песни. Исто така, тој сакал да ги тестира луѓето со гатанки. Еднаш тој напишал песна со загатка и објавил дека секој што ќе дојде со точен одговор ќе добие дарежлива награда. Џихади-бег, кој исто така бил поет од училиштетоЕндерун, дал точен одговор и тој бил унапреден[22].
Мурат IV исто така бил и композитор. Тој има композиција наречена „Узал Пешрев“[23]. Семејство
Мурат поседувал неверојатна физичка сила. За Мурат посебно пишувалЕвлија Челебија, кој во една прилика за султанот напишал како носелбоздоган од 60 килограми без никаков проблем. Боздоганот бил омилено оружје на Мурат, заедно со лак и меч тежок околу 50 килограми. Тоа било многу чудно, ако се земе предвид дека во тоа време, мечот обично тежел 5 килограми, а оние церемонијалните до 10 килограми. Мурат секогаш барал да се изработува посебно оружје за него. Неговото оружје денеска се наоѓа во посебна одаја во музејот Топкапи-сарај и е одлично сочувано. Мурат бил најголемиот војсководец во историјата наОтоманското Царство.
Како карактер имал големи амбиции и бил многу тврдоглав и често опишуван како „Темноокиот џин“ бидејќи бил висок и силен. Бидејќи не сакал да ја доживее судбината на својот полубратОсман II, Мурат на почетокот бил присилен големиот везир да го именува според волјата на јаничарите, но кога ја презел апсолутната власт, започнал со погубување наТопал Реџеп-паша и повеќе од 500 војници кои организирале вунт против неговата власт. Тој имал своја шпионска мрежа и надвор од престолнината, кои имале право да погубуваат на лице место, без негова согласност. Во Анадолија се смета дека убил 20,000 луѓе. Во 1635 година сакал да ги погуби сите Ерменци во Цариград, но големиот везир го предомислил во намерата.
До крајот на животот, Мурат покажал голема омраза кон жените. Тој еднаш наидел на група жени кои пееле на една ливада и наредил сите да се удават затоа што не му се допаѓало нивното пеење. Кога брод со девојчиња се приближувал до Истанбул, Мурат им наредил на своите поданици да пукаат со топовите, за да го уништат чамецот, а со тоа девојките да се удават. За да се забава, Мурат ги принудувал жените од неговиот харем да скокаат голи во базенот, кој бил многу длабок. Некои жени дури морале да скокаат горе-долу за да добијат воздух и да не се удават. Султанот исто така бил многу љубоморен, откако еден човек додал кат повеќе во својата куќа, тој бил обесен затоа што мислел дека го сторил тоа за да може да го види неговиот харем.
Мурат имал и посебно задоволство да ги обезглавува мажите кои имаат дебели вратови. Мурат ги вежбал своите вештини соаркебуза од неговата тераса и секогаш убивал луѓе кои би се осмелиле да гледаат кон неговиот харем.
Мурат IV во1635 година наредил да биде погубен неговиот полубратБајазит, а во1638 година и на неговиот братЌасим. Еден извор наведува декаМустафа I исто така бил погубен по наредба на неговиот внук, султанот Мурат IV, на20 јануари1640 година. За причината за погубувањето на своите браќа не се знае многу, но според некои извори,Бајазит бил многу силен во витешка борба, па еднаш го соборил на Мурат од неговиот коњ. Набргу потоа тој бил погубен. Од друга страна пакЌасим бил прилично амбициозен и Мурат се исплашил да не направи бунт против неговиот престол па наредил да биде погубрн во 1638 година. Султанката Ќосем успеала да го сочува единственоИбрахим, кој немал никаква закана за него поради неговото здравје.
Многу малку е познато за неговите придружнички, главно затоа што тој не оставил синови кои ја преживеале неговата смрт за да го достигнат престолот, но многу историчари сметаат декаАјше султан била негова единствена утеха до самиот крај на седумнаесетгодишното владеење на Мурат. Можно е дека Мурат да имал само една придружничка до доаѓањето на втората, или пак имал повеќе но издвоил само две какоХасеки[24].
Рукије султан (починала 1696, погребана во мавзолејот наАхмед I воСината џамија воИстанбул),[25] се оженила во 1663 година со Шејтан Диврикли Ибрахим-паша за прв пат, потоа во 1693 година по втор пат со Ѓурџу Мехмед-паша.[26]
Гласини кружеле дека на неговата смртна постела, Мурат IV наредил погубување на неговиот ментало болен братИбрахим (владеел 1640-48), што би значело крај на отоманската линија. Сепак, наредбата не била спроведена[31].
Кога Мурат починал во 1640 година,Отоманското Царство се наоѓало во поволна политичка ситуација: мирот во внатрешноста бил скоро целосно воспоставен, надворешните закани биле сопрени, а односите со големите западни сили биле воспоставени. Во глобала, владеењето на Мурат овозможило повтоно обновување на престижот и моќта на царството[17].
Roemer, H. R. (1986). „The Safavid Period“.The Cambridge History of Iran: The Timurid and Safavid Periods.VI. Cambridge: Cambridge University Press. стр.189–350.ISBN0521200946.
↑Artan, Tülay (2008). „Questions of Ottoman Identity and Architectural History“. Во Arnold, Dana; и др. (уред.).Rethinking Architectural Historiography. London: Routledge. стр.85–109,page 98.ISBN978-0-415-36082-1.
1234Hafiz Hueseyin Ayvansaray-i (2000).The Garden of the Mosques: Hafiz Hüseyin Al-Ayvansarayî's Guide to the Muslim Monuments of Ottoman Istanbul. Brill. стр.10, 25.ISBN978-9-004-11242-1.
123Mustafa Çağatay Uluçay (2011).Padişahların kadınları ve kızları. Ankara, Ötüken. стр.80–90.
↑Murphey, Rhoads (January 1, 2007).Studies on Ottoman Society and Culture, 16th-18th Centuries. Ashgate Publishing Company. стр.214.ISBN978-0-7546-5931-0.
↑Ayvansarayı̂, Hafız Hüseyin; Sâtı, Ali; Besîm, Süleyman (2001).Hadı̂katü'l-cevâmiʻ: İstanbul câmileri ve diğer dı̂nı̂-sivil miʻmârı̂ yapılar. İşaret. стр.46.ISBN978-9-753-50118-7.İsmihân Sultân bint-i Murâd Hân-ı Râbi'
↑Kal'a, Ahmet; Tabakoğlu, Ahmet (1999).İstanbul su külliyâtı: Vakıf su defterleri: İlmühaber 4 (1856–1928). İstanbul Araştırmaları Merkezi. стр.76–7.ISBN978-9-758-21504-1.merhume İsmi- hân Kaya Sultân tâbe serâhâ
↑Selcuk Aksin Somel,Historical Dictionary of the Ottoman Empire, 2003, p.201
↑Barber, Noel (1973).The Sultans. New York: Simon and Schuster. стр.87.