Миров (германски:Mirow) —град во округотМекленбуршка Езерска Област, во сојузната покраинаМекленбург-Западна Померанија,Германија. Градот претставува административно седиште наопштинската заедницаМала Мекленбуршка Езерска Област.
Името на градот потекнува од словенскиот збор „мир“. Името било извлечено од „вила мирове“, што означува место на мирот.
Миров се наоѓа во средишниот дел наМекленбуршката Езерска Област (Mecklenburgische Seenplatte) на јужниот брег на истоименото езеро, кое е поврзано соМириц и соХафел преку систем на езера, реки и канали. Постојат уште неколку езера на територијата на градот. Селата Димиц, Флет, Гранцов, Печ и Штарзов биле припоени кон градот во 2004 и сега се дел од него.
Во 1227,Редот на Св. Јован основал бург на брегот на езерото Миров откако војводата Борвин Втори им дал земја тука; во горниот лев дел на грбот на градот сè уште е прикажан крстот на Редот на Св. Јован. Во 1701, градот станува дел од војводствотоМекленбург-Штрелиц. Во 1919 добил градски права. Миров е родно место наШарлота фон Мекленбург-Штрелиц, сопруга наЏорџ III.
Барокниот дворец, во изградба од 1749 до 1760, бил проектиран од Кристоф Јулиус Леве. Познат е по неговата балска сала и Црвениот салон со свилени завеси во кинески стил. Во англискиот парк на дворецот е погребан последниот голем војвода на Мекленбург-Штрелиц, кој умрел во 1918. Гробот на големиот војвода се наоѓа во готската црква на Св. Јован, која била повторно изградена по нејзиното целосно уништување во 1945.[2]
Барокниот замок Миров, на остров во рамки на истоименото езеро
Мост кој ги поврзува островот на замокот и островот на љубовта
Куќи на Мировското Езеро
Филцско Езеро