Кога Нова Шпанија извојувала независност од Шпанија било одлучено новата држава да биде именувана по нејзиниот главен градГрад Мексико, којшто бил основан во 1524 година на местото наМексико-Теночтитлан, некогашниот главен град на Ацтеките. Името потекнува од јазикотнахуати, меѓутоа неговото значење не е познато.
Ацтеките го користеле терминотАнахуак за да ја означат територијата којшто им припаѓала; се мисли на царството како целина, вклучувајќи ги и луѓето од племињата. Како таков, овој термин бил предложен за име на новата држава пред прогласувањето на неговата независност, како на пример во,Конгресот на Анахуанците, другото име заКонгресот на Чилипачинго[27].
ВсушностМексико билнахуатски термин за средишниот дел од територијата наЦарството на Ацтеките. Имено, терминот се однесувал наМексиканската Долина,мексиканците и соседните територии коишто по прогласувањето на независноста одНова Шпанија станалеМексиканска држава. Се смета дека овој термин етопоним за долината којашто настанала од примарниот етноним за Ацтечката тројна алијанса, или пак обратно. Исто така постои мислење дека името потекнува одMextli, тајното име на богот на војната и патронот на Ацтеките,Huitzilopochtli, со што значењето на името Мексико е следното ’Место на коешто живеат Мештлите’[28].
Постои хипитеза која ни укажува на тоа дека зборот Мексико потекнува од зборот ‘mētztli’ (месечина), xictli (‘папок’,’центар’ и ‘син’), и наставката –co(место), со што го добиваме следното значење’Место во центарот на месечината’ или ‘Место во центарот на езерото Месечина’ (се мисли наезерото Текскоко[29]). Систем на меѓусебно поврзани езера, во коишто Текскоко бил во центарот и имал форма на зајак( Ацтеките сметале дека месечината е во форма на зајак. Теночтитлан се наоѓал во центарот(или папокот) на езерото(или зајакот/месечината)[29]. Сепак постојат и многу други хипотези според кои името потекнува од Mectli, божицата намагијата.
Името на градот-држава бил транслитериран на шпанскиот јазик како México со фонетската вредност на X на средновековен шпански јазик, т.т. собезвучен посталвеоларен фрикатив/∫/. Тој звучи исто како извучниот посталвеоларен фрикатив/z/, претставен со j, создаден собезвучниот веларен фрикатив/x/ во текот на шеснаесеттиот век. Ова довело до употреба на варијантата Méjico во многу публикации на шпански јазик, најповеќе во Шпанија, додека пак во Мексико и во другите шпански подрачја Мексико го спелувале со X (México).Во последните неколку годиниШпанската Кралска Академија, којашто го регулирашпанскиот јазик, утврди дека и двете варијанти се прифатливи во шпанскиот јазик, но сепак повеќе се препорачуваупотребата на México[30]. Повеќето публикации во шпанските подрачја се прпдржуваат на новата норма, иако во одредени случаи се користи алтернативната варијанта со ј (Méjico)[31]. Во англискиот јазик буквата x во México ја претставува согласната група/ks/.
Официјалното име на државата се менувало заедно соформата на нивната Влада. Во периодот од 1821- 1823 година и 1863-1867 година државата била позната какоМексиканска Империја (Imperio Mexicano). Сите три федерални устави(1824, 1857 и 1917 година и сегашниот устав) го употребувале името Обединети Мексикански Држави[32] (Estados Unidos Mexicanos)[33]. Терминот Република Мексико бил употребуван во Уставното право во 1836 година[34].
Најраните човечки остатоци во Мексико се делови одкамени алатки пронајдени околу логорските огништа во Мексиканската Долина и радиојаглерод кој датира од пред 21.000 годинап.н.е[35]. Пред околу 9.000 години, древните мештани почнале да садатжитни култури и ја започнале ‘земјоделската револуција’. Со текот на годините се развиле многу културно богатицивилизации. Помеѓу 1.800 и 300 години п.н.е., многу од претколумоовските мезоамеирнакси цивилизации како што се:Олмеците,Теотиваканците,Маите,Запотеците,Толтеците иАцтеките, ја развиле својата култура околу 4.000 години пред нивниот прв контакт со Европејците.
На овие цивилизации им се препишуваат многу откритија како што се: архитектура (пирамидални храмови), математика, астрономија, медицина и теологија. Ацтеките биле познати по тоа што гижртвувале луѓето за да ги задоволат боговите[36]. Во екот на својот развојТеотиваканите имале едни од најголемитепирамидални изградби воПреткокумбовската Мезоамерика а бројот на нивната популација изнесувал повеќе од 150.000 луѓе[37]. Според направените проценки, популацијата пред Шпанското освојување изнесувала помеѓу 6 до 25 милиони луѓе[38][39].
За време на Шпанската окупација, Теотиваканите не биле окупирани долго време иако нивното место на живеење било многу добро познато[се бара извор]. Популацијата наАцтечкото Царство и нивните претходници била сместена кајезерото Текскоко, коешто се наоѓа воМексиканската Долина и каде што бил основан островскиот градТеночтитлан во 1325 година.
ПретседателотБенито Хуарез, се спротивставил на Француската окупација, распаѓањето на Империјата, повторно ја воспоставил Републиката и ja објавил поделбата на Црквата и Државата.
Тексас успешно се изборил за својата независност и се соединил со Обединетите Нации.Расправијата околу границата[ ја предизвикалаАмериканско-мексиканската војна, којашто започнала во 1846 година и траела цели две години. Војната завршила соДоговорот Гвадалупе-Идалго, со кој Мексико бил приморан да отстапи половина од неговата територија на Обединетите Нации, вклучувајќи гиКалифорнија иНово Мексико. Во 1854 година имало една помала размена на делови од територијата на јужнаАризона иНово Мексико (Sale of La Mesilla).Војната на кастите воЈакатан, Востанието наМаите коешто започнало во 1847 година[43] било едно од најуспешните модерни револти на Северноамериканските Индијанци[44]. Маиските бунтовници ја одржале својата независност дури до 1930 година[се бара извор].
Територијална еволуција на Мексико.
Незадоволството од враќањето на Санта Ана довело до либералниот ‘Планот на Ајутла’ со што бил означен почетокот на една нова ера позната како Реформата (La Reforma). Веднаш по Реформата бил изработеннов Устав во 1857 година со кој била создаденасекуларистичка држава, федерализмот бил воспотавен како форма на владеење, и многу други слободи. Откако конзервативците одбиле да го признаат Уставот, започналаВојната на реформите во 1858 година, во којашто и двете страни си имале свои сопствени Влади. Војната завршила со победа на Либералите, предводени од претседателотБенито Хуарез. Во 1860 година Мексико било под воена окупација на Франција, којшто го формирашеВтората Мексиканска Империја под власта нахабсбуршкиот надвојвода Фердинанд Максимилијан одАвстрија со поддршка од Романокатоличкото свештенство и конзервативците, коишто подоцна ја сменија својата политика и им се придружија на либералите. Максимилијан подоцна се предал, бил суден и погубен на 19 јуни 1867 година.
Дијаз се откажал од својата функција во 1911 година а на неговото место дошол Маедиро кој билотфрлен од народот и по две години бил убиен во државниот удар кој го предводел генералот на конзервативцитеВикторијано Хуерта. Овој настан повторно ја предизвикал Граѓанската Војна.Франциско Вилја иЕмилијано Запата формирале свои воени сили а како трета сила се појавила уставната армија предводена од страна наВенустијано Каранза. Тој конечно и ставил крај на војната и направил огромни измени во Уставот донесен во 1857 година вклучувајќи во него исполнување на социјалните права и побарувачки на револуционерите. На тој начин тој го создал таканаречениотУстав од 1917 година. Според направените проценки се смета дека во војната биле убиени 900.000 од 15 милиони граѓани во 1910 година[45][46].
Каранза бил убиен во 1920 година. Неговиот наследник бил револуционерниот херојАлваро Обрегон, којшто пак подоцна бил наследен одПлутарх Елијас Калес. Обрегон бил реизбран во 1928 година меѓутоа бил убиен пред повторно да ја презеде власта. Во 1929 година, Калес ја основалНародната револуционерна партија (PNR), којашто подоцна била преименувана во Институционално-револуционерна партија(PRI). Со создавањето на партијата започнал период којшто е познат какоМаксимато а завршил со доаѓањето на функција наЛазаро Карденас. Карденас вовел многу економски и социјални реформи. Меѓу најзначајните реформи е ‘присвојувањето’(забраната на извоз) нанафтената индустрија на 18 март 1938 година коешто предизвикало дипломатска криза со државите чииштограѓани ги загубиле своите бизниси со радикалните мерки на Карденас.
Во периодот помеѓу 1940 и 1980 година, Мексико постигнал значаен економски раст, којшто историчарите го нарекуваат ‘Мексиканско чудо’[47]. Економијата продолжила да напредува додекасоцијалната нееднаквост останала како фактор на незадоволство. Исто така, Институционално-револуционерната партија станувала сè повеќе и повеќе авторитативна па дури и тиранска[48]. (видиМасакрот во Тлателолко[49] 1068 година, се тврди дека биле убиени помеѓу 30-800 протестанти)[50].
Изборните реформи и високите цени на нафтата следеле заедно со воспоставувањето на новата администрација наЛуис Ечеверија[51][52]. Лошото раководење со приходите довело доинфлација а потоа и воекономска криза во 1982 година. Истата година, заедно сонафтата вртоглаво се зголемувале и каматните стапки, а Владата доцнела со отплаќање на својотдолг.Претседателот Мигел де ла Мадрид прибегнал кон девалвација на валутата којашто резултирала со инфлација.
Првата неправилност во владеењето се појавила во 1980 година на монополистичката позиција на RPI.Ернесто Руфо Апел бил избран за гувернер воДолна Калифорнија. Во 1988 година,изборната измама го спречила кандидатот на левицатаКарденас Солорзано да победи на државните претседателски избори, препуштајќи му го претседателството наКарлос Салинас де Гортари а тоа предизвикало масивни протести во Град Мексико[53].
Во декември 1994 година, месец по победата на Салинас надЕрнесто Зедилјо,мексиканската економија била пред колапс. По брза интервенција одобрена од тогашниот американскипретседател Бил Клинтон и огромни макроекономски реформи коишто ги започнал претседателот Зедилјо, економијата набрзина закрепнала со раст од дури 7% до крајот на 1999 година[54].
На претседателските избори во 2012 г., Калдерон ја губи власта и, на1 декември2012 на негово место застануваЕнрике Пења Нјето од Институционално-револуционерната партија (PRI).
Обединетите Мексикански Држави сефедерација чие владеење епретставничко,демократско ирепубликанско засновано на врвен систем според Уставот од 1917 година, Во Мексико постојат три нивоа на Влади, тоа се: Федералната Унија, државните влади и општинските влади. Според Уставот, сите држави во федерацијата мораат да имаат репоубликанска форма на владеење составена: извршна власт, претставена со гувернер со свој кабинет, законодавна власт составена од еднодомен конгрес и судската власт, во којашто спаѓа државниот Врховен суд за правда. Исто така, тие имаат и свои граѓански и судски кодови.
Дводомениот конгрес на Унијата, составен одСенатот иДомот на пратениците, го уредувафедералното право, има право да објави војна, наметнува такси, го одобрува државниот буџет и меѓународните договори, и ги ратификува дипломатските функции[56]. Местата во федералното и државното законодавство се избираат со систем напаралелно гласање коешто вклучува мнозинство ипропорционална застапеност[57]. Домот на пратениците на Конгресот на Унијата е составен од 300 пратеници избирани со мнозинство и 200 пратеници изберени по пат на пропорционална застапеност созатворени партиски листи[58]. Државата е поделена на 5 изборни изборни единици[59]. Сенатот е составен од 128 сенатори: 64 сенатори, по два за секоја држава и два за Федералниот округ, изберени од мнозинството; 32 сенатори назначени од мнозинството или веќе избраните сенатори (по еден за секоја држава и по еден на Федералниот округ), и 32 сенатори кои се назначени по пат на пропорционална застапеност со затворени партиски листи за коишто државата ја одобрува единствената изборна единица[58].
Судската власт му припаѓа наВрховниот суд за правда, составен од единаесет судии назначени од Претседателот по одобрение од Сенатот, којшто ги спроведува правата и судските случаи во федералните надлежности. Други институции коишто му припаѓаат на судството се Изборната Комисија, Академските, Унитарините и Окружните комисии, и Советот за федерално судство[61].
Мексикански оружени сили се:Мексиканската Армија( којашто ја вклучува иМексиканските воздухопловни сили), иМексиканската морнарица. Мексиканските оружени сили одрживаат значителна инфраструктура, вклучувајќи можности за дизајн, пребарување, тестирање на оружја, возила, воздухопловтсво, поморски бродови, системи за одбрана и електроника[86][87], воена индустрија што произведува центри за таквите системи, модерни поморски бродоградилишта коишто изработуваат воени бродови и модерни проектилски технологии[88].
Во последните неколку години, Мексико ги подобри својата технологија, воените команди и информатичките структури. Отиде чекор напред во производството на свое оружје[89], проектили[87], воздухопловство[90], возила, тешка артилерија, електроника,[86], одбранбени систени, наоружување[86], воена индустриска опрема и наоружани поморски бродови[91]. По 1990 година, кога војската учествуваше вовојната на дрогата, се зголеми важноста за воздушното набљудување,воздухопловството,хеликоптерите, дигиталните технологии[86], модерна опрема за здравствена нега и брз транспорт на трупите[92].
Мексико е способен да произведува јадрени оружја, но ја ограничи таа можност со потпишувањето наДоговорот од Тлателолко во 1968 година кога даде заклетва дека јадрената технологија ќе ја користи само во мировни цели[93]. Во 1970 година Националниот институт за јадрено истражување на Мексико успешно ги преработи оружјата коишто содржат ураниум[94]Предлошка:Failed verification којшто се користи во производство на јадреното оружје но во април 2010 година Мексико се сложи да го предаде преработениот ураниум наОбединетите Нации[95][96].
Секоја држава има свој устав,конгрес, и судство. Нивните државјани го избираатгувернерот преку избори. Тој има 6-годишен мандат, додека претставниците на нивните поединечни унилатерални државни конгреси имаат 3-годишен мандат[99].
Федералниот округ е посебна политичка управа којашто целосно и припаѓа на федерацијата а не на некоја од државите на федерацијата, и како таква има ограничена локална власт а поголема федеративна власт[100].
Државите се поделени наопштини. Тие се најмалите административни политички заедници на државата предводени одградоначалник или претседател на општината (Presidente municipal), изберен од неговите сограѓани со просто мнозинство[101].
Мексико се наоѓа во јужниот дел на Северна Америка[се бара извор]. Речиси целата територија на Мексико лежи наСеверноамериканската плоча, а со еден мал дел од Мексико се простира на полуостровотДолна Калифорнија воТихиот Океан иКокоската Плоча. Некои географи ја вклучуваат и територијата источно одИстимус од Теуантепек (околу 12%) во територијата на Средна Америка[102]. Геополитички гледано, Мексико се смета за дел од Северна Америка, заедно со Канада и Обединетите Нации[103].
На север Мексико дели територија од 3.141км (1.952 милји) сограницата со Обединетите држави. Течението на реката Рио Браво дел Норте (позната какоРио Гранде) ја дефинира границата соСиудад Хуарез источно од Мексиканскиот Залив. Низа природни и вештачки маркери ја скицираат границата на Обединетите Нации со Мексико западно од Сиудад Хуарез кон Тихиот Океан. На југот, Мексико дели територија од 871км (541 милји) на границата со Гватемала и 251 км на границата со Белиз.
Северниот Повратник државата ја дели на умерена и тропска зона. Деловите кои се наоѓаат северно од 24-тата паралела делови во текот на зима имаат посвежа температура. Додека пак деловите јужно од паралелата имаат постојана просечна температура во текот на годината која се менува само во повисоките делови од државата. Според тоа, Мексико има една од најразноврсните климатски системи во светот.
Областите јужно од 24-тата паралела со повиска надморска висина до 1.000m (3.281 стапки)(јужните делови од крајбрежните рамници меѓу кои иполуостровот Јакатан) имаат умерена температура помеѓу 24- 28˚C (75,2 – 82,4˚F). Температурите остануваат високи во текот на целата година. Разликата помеѓу летната и зимската температура изнесува само 5˚C ( 9˚F). Двете Мексикански крајбрежја, освен јужниот брег на Заливот Кампече и северниот дел на полуостровот Долна Калифорнија, се изложени наурагани во текот на летото и есента. Исто така, областите со пониска надморска висина кои лежат северно од 24-тата паралела се топли и влажни во текот на летото а имаат прилично посвежи температури во текот на зимата( 20- 24˚C или 68- 75,2˚F).
Поголемите градови на Мексико се наоѓаат во Мексиканската долина или во соседните долини со надморкса висина над 2.000m(6.562 стапки). Во овие предели температурата во текот на годината се движи помеѓу (16- 18˚C или 60,8- 64,4˚F) и посвежи вечерни температури низ целата година.
Во голем дел од Мексико, особено на северот, преовладува сува клима со повремени дождови додека во тропските низини на југот им припаѓа повеќе од 2.000mm (78,7инчи) од годишните атмосферски врнежи. На пример, многу градови на северот, меѓу кои и:Монтереј,Ермосилјо иМексикали имаат температури до 40˚C (104˚F) или пак над 40˚C во летниот период.ВоСонорската пустина температурата се искачува дури до 50˚C (122˚F) па и повеќе. Северниот дел на Мексико се одликува со голем број пустини.
Мексико е една од 18-те држави во светот со огромнабиоразновидност. Со повеќе од 200.000 различни видови, Мексико е дом на околу 10-12% од светската биоразновидност[105]. Мексико се наоѓа на првото место по разновидноста навлекачите со 707 вида, на второ место по разновидноста на цицачите со 438 вида, на четврто место по разновидноста наводоземците со 290 вида, и исто така на четврто место по разновидноста на флората со 26.000 вида[106]. Мексико се смета за втора држава во светот по бројот наекосистемите и на четврто место по разновидноста на видовите[107]. Приближно 2.500 видови во Мексико се заштитени со закон[107].
Во 2002 година, Мексико беше на второ место по уништување на шумите, веднаш по Бразил[108]. Владата презеде иницијатива во доцните 1990-ти години да ја зголеми свеста кај луѓето и интересот за нивната држава и ценетата биоразновидност преку Државната комисија за знаење и употреба на биоразновидноста (Comisiόn Nacional para el Conocimiento y Uso de la Biodiversidad).
Во Мексико околу 170.000km2 (65.637 милји) се сметаат за ‘Заштитени природни области’. Тука се вбројуваат 34 резервни биосфери (непроменети екосистеми), 64 национални паркови, 4 природни споменици (вечно заштитени поради нивната естетска, научна и историска вредност), 26 заштитени области со флора и фауна, 4 области за заштита на природни извори (конзервација на почва, хидролошки басени и шуми) и 17резервати(зони богати со најразлични видови)[105].
Мексикo се наоѓа на13-тото место според номиналниот БДП и на11-тото место споредпаритетот на куповната моќ. Просечниот годичен пораст на БДП-то во периодот од 1995-2002 година бил 5,1%[52]. Странските долгови се намалиле на помалку од 20% со БДП[52]. Од 2000-2004 година, сиромаштијата забележала намалување од 24,2% на 17,6% во урбаните делови во државата и од 42% на 27,9% во руралните области[109]. Од 1990-тите години па наваму сè повеќе се зголемува присуството на средната класа[110]. Според глобалната банкарска групацијаГолдман Сакс, до 2050-тата година Мексико ќе се најде на петтото место во списокот на врвните економии во светот[111].
По извештајот на Обединетите Нации направен во 2008 година просечниот приход во типичните урбани области изнесувал $26,654, што изнесува многу повеќе од напредните нации како што сеЈужна Кореја илиТајван, додека просечниот приход во руралните средини (се однесува на средини оддалечени и само неколку милји) изнесувал само $8,403, број што се споредува со земјите во развој како што сеРусија илиТурција[112]. Дневните минимални плати ги утврдува правото по зони: $57,46мексикански пезоси($4,52USD), во Зона А(Долна Калифорнија,Федералниот округ, Мексико и поголемите градови), $55,84мексикански пезоси($39USD) во Зона Б (Сонора,Нов Леон,Тамаулипас,Веркруз иХалиско), и $54,47мексикански пезоси($4,29USD) во Зона В(сите останати држави)[113].
Во 2006 година, трговијата со Обединетите Нации и Канада изнесуваше скоро 50% од вкупниот извоз на Мексико и 45% од вкупниот увоз[2]. Во првите три декади, Обединетите Нации имале $46,0 милијардитрговски дефицит од Мексико[114]. Во август 2010 година Мексико ја надмина Франција и се најде на деветтото место на списокот на должниците на Обединетите Нации[115]. Комерцијалната и финанскиската зависност од Обединетите Нации е загрижувачка[116]. Во 2004 година, платените износи на мексиканските граѓани коишто работеле во Обединетите нации придонеле речиси 0,2% на мексиканското БДП[117] а тоа е еднакво на $20милијарди. Ваквиот приход на државата е сместен на десеттото место во списокот на приходи во Мексико веднаш по извозот на нафта, индустриските извози, домашни производи, електроника,тешка индустрија, автомобили, изградби, прехранбени производи, банкарски и финански услуги[118]. Според централната банка на Мексико, платениот износ во 2008 година изнесувал $25 милијарди[119].
Мексико е најголемиот произведувач на автомобили којшто неодамна ги надмина Канада и Обединетите Нации[120]. Индустријата произведува сложени технички делови и спроведува истражувачки и развојни активности[121]. ‘Големата тројка’(General Motors,Ford иChrysler) постојат уште од 1930-тата година додека Volkswagen и Nissan започнале со работа во 1960-тите години[122]. Само воПуебла постојат 70 места во коишто се произведуваат делови за Volkswagen[121]. Помали компании со помало производство сеDINA S.A., којашто произведува автобуси за речиси половина држава[123], и новата компанијаMastretta којашто ги произведува спортските автомобилиMastretta MXT[124].
Според Светската Банка, извозот на високата технологија во 2008 година изнесувал дури 17% од вкупниот извоз на Мексико[125]. Исто така, компаниитеMD Helicopters иBombardier произведуваат хеликоптери и трговски млазни авиони во Мексико[126][127].
Голем процент од Американските брендирани домашни апарати всушност потекнуваат од Мексико но се продаваат под локалните бренд имиња[128]. Во 2008 година, еден од секои четири апарати продадени во Америка бил со мексиканско потекло.
Исто така, во 2010 година на списокот наForbes Global 2000 се најдоа дури 86 компании. Со тоа Мексико е првата и единствената држава од Латинска Америка којашто е вклучена во Светскиот владин обврзнички индекс (World Government Bond Index) или WGBI, во којшто се наоѓаат само најсилните светски економии[129][130].
Што се однесува на радиодифузната индустрија, најглавни телевизиски медиуми сеTelevisa, најголемата шпанска медиска компанија во сите шпански говорни подрачја[131], иTV Azteca.
Мексико се наоѓа на 23-тото место на списокот на туристички земји и на првото место од државите од Латинска Америка[132]. Најголем број туристи доаѓаат од Обединетите Нации и Канада.Исто така, голем број туристи доаѓаат и од Европа и Азија, а помал број туристи доаѓаат од Латино-Американските држави[133]. Во 2008 година, споредИндексот на патувачка и туристичка конкурентност Мексико го зазеде 5-тото место меѓу државите од Латинска Америка, а на 9-тото место во рамките наАмерика[134].
Гвадалахара,Халиско, е вториот најголем град по големина на популацијата во Републиката. Таа е домаќин на најпознатите мексикански традиции како што се:текилата,маријачите и коњаниците или мексиканските каубојци. Нејзината сличност со западноевропските држави измешана со модерна архитектура ја прави Гвадалахара уште поатрактивна за туристите. Заедно со Град Мексико и туристичките одредишта (Канкун,Акапулко, итн.), Гвадалахара е една од најпосетените градови во Мексико. Исто така и културниот живот во Гвадалахара е една од нејзините одлики. Тука спаѓаат големиот број музеи, уметнички галерии и театри кое се едни од главните атракции на градот.
Монтереј е основан при крајот на 16 век. Центарот на градот е најстароградскиот дел во градот и е опкружен со модерни соседства. Тука се наоѓаат најпознатите музеи во градот а и во целата држава, а тоа се: Музејот на мексиканската историја (The Museo de historia Mexicana), Музејот за современа уметност Монтереј (MARCO- Monterrey Museum of Contemporary Art), Метрополитскиот Музеј во Монтереј и Музејот на владината палата (Palacio de Gobierno). Популарно туристичко место е патеката покрај коритото на рекатаСанта Лусија, којашто го поврзувапаркот Фундидора соМакроплаза, којшто е еден од најголемите плоштади во светот.
Pemex (Petrόleos Mexicanos), е државна компанија за истражување, екстракција, транспорт и маркетинг на сурова нафта и природен гас, како и рафинирање и дистибуција на нафтени производи и петрохемикалии, и е една од најголемите компании според годишните приходи. Таа заработува $86 милиони годишно[135][136][137]. Тоа Мексико го сместува на шестото место во списокот на најголеми произведувачи на нафтата, којшто извезува 3,7 милиони барели дневно[138]. Во 1980 година, извозот на нафта изнесувал 61,6% од вкупниот извоз на државата, а во 2000 година изнесувал само 7,3%[121].
Огромниот сончев потенцијал се проценува на 5k Wh/m2 дневно коешто одговара на 5 кратно генерирање на електричната енергија[140]. Моментално во Мексико постојат повеќе од 1 милион метри квадратнисончеви термални плочи[141], додека пак во 2005 година имало 115.000 метри квадратнисончеви фотогалвани[141]. Се очекува бројот на сончевите термални плочи да достигне 1,8 милиони метри квадратни до 2012 година[142].
Мрежната бетонирана сообраќајна лента се протегала на 116.803км (72.577 милји) во 2005-тата година, 10.474км (6.508 милји) од лентата биле автопатишта со повеќеколовозни ленти[143], од коишто на повеќето од нив се наплаќало(постоеленаплатни рампи). Но, и покрај тоа, потребите на граѓаните не биле соодветно задоволени[144]. Поголемиот дел од домашниот транспорт биле автобуси кои патувале на долги релации[145].
Мексико беше една од првите држави од Латинска Амрика којашто започна со развојот[144] на своите железнички станици чијашто мрежа покрива 30.952км (19.233 милји)[145].Секретаријатот за транспорт и комуникации моменталноПредлошка:When ја гради најбрзата железничка лента која ќе ги поврзуваГрад Мексико иГвадалахара, Халиско[146][147]. Возот којшто ќе патува 300км/ч[148], ќе им овозможи на патниците да стигнат од Град Мексико во Гвадалахара за само 2 часа[148]. Предвидено е проектот да чини 240 милионипезоси, или 24 милијардидолари[146]. Проектот ќе го финансира Мексиканската Влада и локалниот приватен сектор вклучувајќи го и најбогатиот човек на светот, мексиканскиот тајкунКарлос Слим[149]. Владата наЈакатан исто така гради една ленти на локацијатаКозумел-Мерида иЧичен Ица-Канкун[150].
Во 1999 година, Мексико поседувал 1.806 аеродроми, од кои 233 биле со бетонирани писти, а 35 од нив превезувале 97% од луѓето[145].Меѓународниот аеродром во Град Мексико е сè уште најголемиот аеродром во Мексико и се наоѓа на 44-тото место[151] според големината во споредба со останатите аеродроми во светот и превезува 21милиони патници годишно[152].
Со телекомуникациската индустрија во Мексико доминира Телмекс( Teléfonos de Mexico), којашто се приватизираше во 1990 година. До 2006 година Телмекс ги распространи своите оператори во Колумбија, Перу, Чиле, Аргентина, Бразил, Уругвај и Обединетите Нации.Освен Телмекс, во Мексико постојат и телефонските операториАкстел иМакском. Порадиправописот на Мексико, приклучувањето на телефонски услуги во планинските делови е многу скапо, и бројот на телефонски линии по жител е многу мал во споредба со другите Латино Американски држави. Како и да е, 82% од мексиканците кои имаат над 14 години поседуваат мобилен телефон. Мобилната телефонија овозможува пристап во сите области и има пониска цена. Мобилната телефонија е дупло пораспространета од фиксната телефонија, со дури 63 милиони линии[153].Владата ја регулира телекомуникациската индустрија прекуКофетел(Comisίon Federal de Telecomunicationes).
Мексиканскиот сателитски систем е домашен и оперира со 120 станици на планетата. Постојат исто така и рапространети радио микробранови и значителна употреба на оптички влакна и коаксијални кабли[153]. Со мексиканските сателити управуваSatmex( Satélites Mexicanos), тоа е приватна компанија, водечка компанија во Латинска Америка којашто им служи и на Северна и Јужна Америка[154]. Овозможува емитирање, телефон и телекомуникација на 37 држави воАмерика, од Канада доАргентина. Со помош на партнерствата на Satmex обезбедува подобра врска со Услугите за обезбедување интернет и Услугите за дигитално емитување[155].Satmex има свој сопствен сателит дизајниран и направен во Мексико.
Мексико пополека станува еден од најголемите произведувачи на комуникациската технологија. Во 2008 година Мексико има произведено повеќе од 130 милиони мобилни телефони со што застана на третото место во списокот на најголемите производители и исто така во 2008 година Мексико ги надмина Кина, Јужна Кореја и Тајван и застана на водечката позиција во производството на современите мобилни телефони smartphones.
Употребата на радиото, телевизијата и интернетот преовладува во Мексико[145]. Постојат приближно 1.410 радио станици и 236 телевизиски станици (вклучувајќи ги и репетиторите)[153]. Најпопуларните телевизии во индустријата сеTelevisa (најголемата шпанска медиска компанија распостранета низ сите држави со шпанско говорно подрачје)[156] иTV Azteca.
Државниот автономен универзитет на Мексико (Universidad Nacional Autόnoma de México-UNAM) бил официјално основан во 1910 година[158]. Овој универзитет е еден од најважните институти за високо образование во Мексико[159]. UNAM обезбедува првокласно образование во науката, медицината и инженерство[160]. Во првата половина на 20 век биле основани многу научни институти и нови институти за високо образование, како што еПолитехничкиот државен институт (основан во 1936 година)[161]. Поголем дел од новите истражувачки институти биле основани во рамките на UNAM. Дванаесет институти биле интегрирани во UNAM од 1929 до 1973 година[162]. Во 1959 година,Мексиканската Академија за науки била создадена за да ги координира научните напори помеѓу универзитетските професори.
Во 1985-тата годинаРодолфо Нера Вела станал првиот мексиканец којшто стапнал во вселената како дел одSTS-61-B мисијата[163]. Во 1995 година, мексиканскиот хемичарМарио Х. Молина ја поделиНобеловата награда за хемија заедно соПол Ј. Круцен иФ. Шервуд Роланд за хемиските испитувања во атмосферата, поточно кажано за формирањето и уништувањето на озонот[164]. Молина, којшто е поранешен студент на UNAM, е првиот мексиканец добитник на Нобеловата награда за наука[165].
Во последните години, најголемиот проект во Мексико е изградбата на Огромниот милиметарски телескоп (Gran Telescopio Millimétrico, GMT), најголемиот и најчувствителниот телескоп во светот[166]. Микроскопот е дизајниран за наблудување на областите во вселената покриени со ѕвездена прашина.
Голем процент од американските брендирани апарати за домаќинство всушност потекнуваат од Мексико но се продаваат под локалните брендирани имиња[129][130]. Поточно во 2008 година еден од четири продадени апарати за домаќинство биле со мексиканско потекло[128]. Според проценката на Светска Банка, приозводството на висока технологија претставувало 22% од вкупниот годишен БДП во 2000 година во Мексико[167]. Од 1990-тите години па наваму Мексико произведува модерни автомобили на странските компании (претежно BMW и Mercedes-Benz), и за домашните корпорации, како што еMastretta[168].
Според студијата наКарнеги осигурувањето, Мексико се наоѓа меѓу земјите во развој коишто бргу се приспособуваат на странските технологии а сето тоа се должи на образовните достигнувања и инфраструктурата[169].
Врз основа на податоците со коишто управуваScopus, библиографски податоци за наука. Шпанскиот порталSCImago го сместува Мексико на 18-тото место по бројот на научните достигнувања(со 82.792 научни публикации), и на 34-тото место споредh-index. И двете позиции биле одредени во перидот од 1992-6 година.
Електронската индустрија во Мексико вртоглаво се зголеми во последната декада. Во 2007 година Мексико ја надмина Јужна Кореја и стана вториот по ред производител на телевизори, додека пак во 2008 година ја надмина Кина, Јужна Кореја и Тајван и стана најголемиот производител на smartphones во светот. Дури половина милион (451.000) студенти се запишуваат во програмата за електронско инженерство[170] со додатни 90.000 студенти коишто дипломираат во програмата за електронско и техничко инженерство секоја година со што Мексико има половина милион (580.000) ИТ професионалци вработени во 2007 година[171]. Во 2005-тата година, според Светската Банка, производството на висока технологија претставувало дури 19,6% од мексиканската економија. Исто така, Мексико располага со голем бројОригинални произведувачи на електроника (ODMs) иОригинално производтсво на опрема (OEMs), компании коишто произведуваат или дизајнираат производи наменети за други држави, на пример за Lanix, најголемиот производителPlaystation 3 заSony[172].
На неодамна спроведениот попис на населението[173] во 2010 година во Мексико беше избројано население од 112.322.757 државјани, со што Мексико стана најгусто населената држава со шпанско говорно подрачје во светот[174].
Во Мексико преовладува шареноликоста во етнички поглед. Културата на староседелците и европските доселеници е споена во еден единствен национален културен идентитет[175]. Всушност, мексиканскиот национален идентитет се заснова на европската култура заедно со примеси од културата на староседелците. Процесот на формирање на мексиканската култура е попознат како местизахе (mestizaje), алудирајќи на измешаното биолошко потекло на повеќето мексиканци[176]. Мексиканските политичари и реформаториХосе Васконселос Калдерон иМануел Гамио имаат голема заслуга за создавањето на мексиканскиот национален идентитет според концептот на местизахе[177][178]. Терминотместизахе (mestizaje) се користи често во литературата кога се објаснува за мексиканскиот социјален идентитет и е од огромно значење за социо-културните, економските, расистичките и биолошките културни компоненти и поради тоа се избегнува употребата на овој термин во пописот на населението во Мексико[144][179]. Околу 60% од населението се изјасниле дека имаат мешано потекло, 30% се староседелците и 10% од нив се изјасниле како белци во пописот на населението во Мексико во 1921 година[176].Во 2004-тата година, Мексиканската влада го основаше Националниот институт за геномска медицина (National Institute of Genomic Medicine) којшто го отпочнал Мексиканскиот проект за геномска разновидност. Во мај 2009 година Институтот објави еден извештај за најголемото геномско проучување за 300 местоци во мексиканското население. Во извештајот се наведува дека повеќе од 80% од населението се местоци и дека пропорциите од Европејците и староседелците се речиси исти[180]. Во проучувањето презентирано одАмериканското општество за човековата генетика покажа дека (врз основа на гени), во просек местизо мексиканците се 58,96% Европејци, 31,05% ‘Азијци’, и 10,03% Африканци. Во Сонора се покажа најголемото присуство на европската култура (70,63%) а во Гереро се покажа најмалиот придонес со 51,98% каде што е забележана највисока присутност на азиската култура (37,17%). Африканското присуство варира од 7,8% во Сонора до 11,13% во Веракрус. Околу 80% од мексиканското население припаѓа на местиците (т.е.дел од населението е измешано)[181].
Категоријата ‘староседелци’ можеме да ја дефинираме како луѓе според лингвистички критериум вклучувајќи ги во оваа група само луѓето коишто зборуваат еден од62 древни јазици, или пак луѓе коишто сметаат дека нивните предци живееле тука, без разлика на тоа дали го зборуваат јазикот на нивните предци или не. СпоредНационалната Комисија за развој на локалните народи во Мексико во 2005 година во Мексико живееле 10,1 милиони староседелци а тоа е 9,8% од населението[182].
Понекогаш зборот ‘mestizo’ се употребува за луѓе со мешана локална и европска крв. Ваквата употреба не соодветствува со мексиканската социјална реалност според којашто само староседелците можат да се нарекуваат местици и покрај тоа што го одбиваат своето генетско наследство и не зборуваат на нивниот јазик[183], додека пак луѓето коишто имаат мал процент локално наследство ќе се сметаат за староседелци само поради тоа што тие го зборуваат нивниот јазик или пак се идентификуваат себеси во културното наследство на староседелците[184].
Мексико е најголемиот извор наимигранти во Обединетите Нации. Речиси 9% од населението родено во Мексико сега живее во Обединетите Нации. Во 2006 година[185], 28,3 милиони американци се изјасниле дека имаат мексиканско потекло. Во Пописот на населението 2000 година, мнозинството од 47,3% одмексиканските американци се изјасниле како ‘белци’; другите се изјасниле дека и припаѓаат на ‘некоја друга раса’ и се декларирале како местици(европски/ индиски) со 45,5% од мнозинството[186].
Исто така, Мексико е дом на голем број американски граѓани (бројката е проценета на 1 милион во 1999 година)[187]. Аргентинската заедница се смета за втора по големина во Мексико со околу 30.000 и 150.000 аргентински државјани[188][189]. Во Мексико има и големалибанска заедница, којашто брои 400.000 членови[190]. Во октомври 2008 година, мексиканците се договориле да ги депортирааткубанците преку својата држава и ги носеле во Обединетите Нации[191]. Голем број американски мигранти коишто ја преминуваат западната граница на Гватемала и одат во Мексико, владата ги депортира секоја година[192]. Мал број илегални имигранти доаѓаат во Мексико одЕквадор,Куба,Кина,Јужна Африка иПакистан[193].
Во Мексико нема уставенслужбен јазик[194]. Тука живее најголемото население со шпанско говорно подрачје во светот. Речиси третина од шпанците чиј мајчин јазик е шпански живеат во Мексико[174].
Приближно 5,4% од населението зборува на локалниот мексикански јазик а 1,2% не зборуваат на шпански јазик[195]. Староседелците ги добиваат јавните услуги и документите на нивниот мајчин јазик[196].Националната Комисија за развој на локалните народи го признава јазикот наКикапу, којшто потекнува од Обединтетите Нации[197], и јазикот нагватемалските индијанци[198].
Освен овие имигрантски групи, во Мексико живеат и 80.000менонити со германскиот јазик како мајчин јазик[199].
Со број од 92.924.489 католици[200], Мексико стана втора држава со најголема Католичка Заедница во светот, веднаш послеБразил[201]. 47% од нив постојано присуствуваат на неделните миси[202]. Сите мексикански градови и села секоја годинапразнуваат за денот на локалнитесветци заштитници[се бара извор]. Тие го празнуваат денот наДевица Гвадалупе, светецот-заштитник на Мексико го слават на 12 декември секоја година и се смета за еден од најрелигиозните празници во нивната држава[се бара извор].
На Пописот на населението во 2010 година беа избројани 314.932 приврзаници наМормонската Црква[200], и покрај тврдењата на Црквата во 2009 година дека во Мексико има повеќе од еден милион регистрирани членови[203]. 25% од регистираните членови присуствуваат на неделната причест иако овој број варира постојано[204].
Присуството наевреите во Мексико датира уште од 1521 година, кога Ернан Кортес ги освоил Ацтеките. Според Пописот на населението од 2010 година, во Мексико живеат 67.476 евреи[200]. Само мал дел од популацијата на Мексико му припаѓа наисламот. Нив ги има најповеќе воТореон, Коауила, и воСан Кристобал де лас Касас во областаЧијапас[205][206] каде што живеат дури 300 муслимани. Исто така на пописот 18.185 мексиканци се изјасниле дека им припаѓаат наИсточните религии[200], поточно набудистичката религија.
Метрополските области во Мексико традиционално се дефинирани како група општини коишто соработуваат меѓусебно а особено околу главниот град[207]. Во 2004 година, заедничките сили на Националниот совет на населението (National Population Council),Националниот институт за статистика и географија (National Institute of Statistic and Geography) и Министерството за социјален развој (SEDESOL) ги дефинираа метрополските области[207]:
група од две или повеќе општини во коишто живее население од најмалку 50.000 жители и се наоѓаат во урбани области. Тие се простираат преку границата на општината и е под директно влијание на други подоминантни урбани области коишто имаат висок степен на социјална и економска интеграција или пак се од големо значење за урбаната политика и администрација; или
единствена општина во која населението има најмалку еден милион жители (и не ги преминува границите на својата општина); или
град со население од најмалку 250.000 жители коешто формираконурбација со други градови во Обединетите Нации.
Мексиканската култрура ја одразува комплексноста наисторијата на државата помешана со предхиспанските цивилизации ишпанската култура, наследена по 300-годишната шпанска колонизација на Мексико. Исто така, во мексиканската култура има многу ‘примеси’ од културните елементи на Обединетите Нации.
Во Порфириската ера (el Porfiriato), последниот квартал на 19 век и почетокот на 20 век, бил забележен напредок во економијата и мирот во државата. По четири декади поминати без војна, во Мексико почнала да се развива филозофијата и уметноста, коишто ги промовирал самиот претседател Дијаз. Оттогаш па наваму посебно се истакнува периодот наМексиканската револуција, мексиканскиот културен идентитет се формирал во периодот на местиците, односно на староседелците (Индијанците). Мексико е дом на многу различни етнички групи коишто заедно го формираат мексиканскиот народ.Хосе Васконселос во неговото дело ‘Космичка раса’ (La Raza Cόsmica-1925 година) ја дефинира мексиканската култура како мешавина од разни раси не само биолошки туку и културни[208]. Возвишувањето на местиците било револуционерната идеја која строго се противела на создавањето на една чиста супериорна раса распространета во Европа во тоа време.
Литературата во Мексико ги влече своите корени од староседелците од Мезоамерика. Најпознатиот предхиспански поет еNetzahualcoyotl. Модерната мексиканска литература била под големо влијание на шпанската колонизација воМезоамерика. Поетите коишто се издвојувале во колонијалниот период сеХуан Луис де Аларкон иСестра Хуана Инес де ла Круз.
Инспириран од големиот број етнички групи во Мексико,Хосе Васконселос во неговиот труд ‘Космичка раса’(1925 година) го дефинира Мексико како мешавина од разни раси, не само биолошки туку и културни[208].
Мезоамериканската архитектура е особено забележителна по пирамидите коишто освен во Древниот Египет можат да се сретната и тука. ВоШпанската колонијална архитектура преовладува контрастот од едноставна и цврста градба и барокната декорација извезувана во Шпанија. Во Мексико, како центар на Нова Шпанија, се наоѓаат градби конструирани во овој стил.
Двете најголеми телевизиски мрежи во Мексико се Телевиса (Televisa) и ТВ Ацтека (TV Azteca).Televisa е воедно и најголемиот производител на содржини со шпанскиот јазик во светот и најголемата телевизиска мрежа со шпанско говорно подрачје[210].Grupo Multimedios е уште еден медиски конгломерат чиишто медиски обраќања се одвиваат на шпански јазик и се емитува низ Мексико, Шпанија и Обединетите Нации.Сапуниците( telenovelas) се преведени на многу јазици и се гледани насекаде низ светот со имиња како што се:Вероника Кастро, Лусија Мендез, Лучеро иТалија.
Мексиканското општество ужива разновидна колекција музчки жанрови, со што ја истакнува разноликоста на мексиканската култура. Во традиционалната музика спаѓаат маријачите(Mariachi), банда (Banda), нортењо (Norteno), ранчера (Ranchera) и коридос (Corridos), но мексиканците ја слушаат и современата музика какопоп, рок музика итн. и на англиски и на шпански јазик. Во Мексико се наоѓа и најголемата медиска индустрија во Латинска Америка, од којашто се излезени популарните мексикански уметници кои се познати и во Централна и Северна Америка и во делови од Европа, особено во Шпанија. Најпопуларните мексикански пејачи сеТалија, Луис Мигел, Алехандро Фернандес, Хулиета Венегас иПаолина Рубио. Пејачи на традиционална музика во Мексико се:Лила Даунс, Сузана Харп, Харамар, Хеорхина Менесес иАлехандра Роблес. Популарни групи сеКафе Такуба, Молотов иМана. Од почетокот на 2000 година започна ширењето намексиканскиот рок и на домашна и на меѓународна сцена.
Според Националниот систем за музика, постојат помеѓу 120 и 140 младински оркестри здружени со оваа федерална агенција од сите федерални држави. Некои од државите, со помош од државните агенции задолжени за култура и уметност – Министерства, Секретаријати, Институти или пак Совети за култура, а во некои од државите и Секретаријатите за образование или Државните универзитети ги спонзорираат активностите наСимфонискиот оркестар или Филхармонискиот оркестар и им овозможуваат на граѓаните пристап на оваа уметност во полето накласичната музика. Не постои информација во јавноста за тоа колку професионални оркестри има во државата (се смета дека има околу 40 оркестри од различни калибри). Мексико е центарот на случувањата од овој тип, тој угостува околу 12 професионални оркестри спонзорирани од разни агенции како што се Националниот инситут за современа уметност, Секретаријатот за култура на федералниот округ, Националниот универзитет, Националниот политехнички институт, Политичката делегација (Coyoacán).
Мексиканската кујна е позната по своите силни и разновидни вкусови, разнобојно декорирање, и многубројни зачини. Поголем дел од мексиканската кујна е заснована на преткокумбовската традиција, заедно со традицијата на Ацтеките и Маите, и комбинирана со кулинарските трендови на шпанските колонисти.
Мексиканската храна се разликува во различни области, поради локалната клима и географките и етничките разлики помеѓу жителите коишто биле под влијание на шпанците долго време па поради тоа тие имале големо влијание и врз кујната на мексиканците. Северот на Мексико е познат по производство наговедско икозјо месо и намесо од ној. Поточно тие се познати по јадењата приготвени сомесо, а особено е познатговедската шницла.
Кујната во Централно Мексико е под влијанија од другите делови на државата, но и има свои автентични јадења, како што се:скарата, позоле (вид мексиканска супа),менудо (говедска супа),тамалес (тестенина), икарнитас (со свинско месо).
Cabrito con Tamales
Југоистокот на Мексико е познат пак по своитезачини ипилешки јадења. Тука преовладува карипското влијание. Морската храна особено се приготвува во државите кои граничат со Тихиот Океан или пак соМексиканскиот Залив. Овие делови се познати по своите рибни специјалитети à la veracruzana.
Со текот на времето и други кујни станаа популарни во Мексико, прифаќајќи некои делови од мексиканската кујна. На пример, суши во Мексико често се прави со сос одманго илитамаринд (тропско овошје), или пак се служи со сос од соја илути пиперки, понекогаш во комбинација сооцет,хабанеро иличадени пиперки.
Најпознатите меѓународно признаени јадења од Мексико сечоколада, такоси, кесадиља (палачинка со сирење),енчилада (тортиља од сирење, месо, зеленчук, морска храна итн.),бурито,тамалес, исос. Регионалните јадења се сосот, месо со пиперчиња и чалупа од регионотПуебла, козјо месо и мачача одМонтереј, свинско месо одЈокатан, јадење со тортиња, сирење, грашок,авокадо, свинско месо одОахака, како и скара, чилаквилес, миланези, и многу други јадења.
The Estadio Azteca (Ацтечкиот стадион) е официјалниот домашен стадион намексиканската фудбалска репрезентација.Бејзбол стадионот во Монтереј, домашен стадион на Monterrey Sultans.
Најполуларниот спорт во Мексико е фудбалот. Се верува дека фудбалот бил измислен во Мексико, поточно го измислилекорнишките рудари кон крајот на 19 век. Околу 1902 година започнало играњето фудбал коешто било под големо британско влијание[213][214]. Најдобрите фудбалски клубови во Мексико сеГвадалахара со 11 првенства,Америка со 10 иТолука со 9[215]. Првиот фудбалер кој се појавил во првите пет светски купови[се бара извор] билАнтонио Карбахал, аУго Санчес прогласен за најдобар фудбалер од Фудбалската асоцијација на Северна и Средна Америка и Карибите (CONCACAF) на 20 век со одобрување од Меѓународната федерација за фудбалската историја и статистика (IFFHS)[се бара извор].
Бејзболот традиционално бил многу попопуларен од фудбалот во некои области[се бара извор]. Мексиканската професионална лига е нареченаМексиканска бејзбол лига. Иако нивниот тим не е силен како тимот на Обединетите Нации, Карипските држави и Јапониј, Мексико сепак има освоено неколку меѓународни титули[се бара извор]. Од Мексико потекнуваат и неколку бејзбол играчи кои играат вонајдобрите светски лиги, најпознатиот мексиканец е фрлачотФернандо Валенсуела кој игра во Доџерси[се бара извор].
Борбата на бикови е популарен спорт во државата. Скоро сите градови одржуваат вакви борби.Плаза Мексико е најголемиот ринг во светот, тој се наоѓа воГрад Мексико и може да собере околу 55.000 гледачи. Професионална слободна борба (илиLucha libre) е привлекува најголема маса гледачи со помош на назионалните промоции одAAA,LLL,CMLL и други.
Откако здравствената заштита на Мексико навлезе во транзицискиот период, постојат показатели дека стапките на смртност се идентични со стапките на високо развиените држави како Германија и Јапонија[216]. Иако сите мексиканци треба да добиваат медицинска нега од државата, сепак 50,3 милиони мексиканци немале здравствено осигурување до 2002 година[217]. Се прават напори да се зголеми бројот на луѓе со здравствено осигурување додека пак сегашната администрација има намера да оствариуниверзално здравствено осигурување до 2011 година[218][219].
Здравената инфраструктура на Мексико е високо рангирана во повеќето делови од државата, особено во поголемите градови[220][221]. Но, во помалите заедници сè уште недостига опрема за напредни медицински процедури па пациентите се принудени да патуваат од овие рурални средини до најблиските урбани области за да добијат специјализирана едицинска нега[144].
Здравствените обуки најчесто се добиваат на државните универзитети со професионални специјализации или со стажирање. Некои од државните универзитети во Мексико како што еУниверзитетот во Гвадалахара, има потпишано договор со Обединетите нации за да прима и да обучува американски студенти по медицина. Трошоците во приватните установи и препишување лекови во Мексико се на пониски за разлика од економските партнери од Северна Америка[220].
Мексико ја има најстарата образовна традиција во светот од Царството наАцтеките коишто ги имаат првите записи. Во Мексико образованието е задолжително за сите граѓани[223]. Ацтечкиот систем го уништиле шпанците коишто го замениле со еден вид европски образовен систем[223].
Мексико има најголем процент во однос студент- научни кадри во светот и тоа со 26 студенти на еден професор, тука се вклучени учениците одпредучилишна возраст довисоко образование[224]. Според Организацијата за економска соработка и развој (OCED), мексиканските студенти споредени со студентите од триесетте најразвиени држави. Мексиканските студенти се наоѓаат на четврто место по решавање на проблеми, трети по наука и технологија и осми по математика[225]. Во 2004 година, писменоста на младите под 14 години изнесувала 97%[226] и 91% од луѓето на 15 години[227], со што Мексико било ставено на 24-тото место во свестки рамки споредУНЕСКО[228].
Државната безбедност се спроведува преку три владини нивоа, од коишто секој си има свои права и одговорности. Локалниот и државниот полициски оддел се одговорни за спроведување на законот, додекаМексиканската федерална полиција има свои посебни одговорности. Сите поднесуваат извештај на Секретаријатот за државна безбедност (Secretarίa de Seguridad Publica). Кабинетот на Министерот за правда еизвршната власт задолжена за спроведување истрага и поведување постапка против криминал на федерално ниво, како на пример: незаконска трговија со дрога и оружјеref>" An Inside Look at Mexican Guns and Arms Trafficking," by Barnard R. Thompson, MexiData.info, May 31, 2010 | url=http://mexidata.info/id2684.htmlАрхивирано на 20март 2015г.</ref>, шпионажа и ограбување банки[231]. Кабинетот на Министерот за правда раководи со агенција за спречување и истрага на криминал а тоа еФедералната инвестигациска агенција (Agencia Federal de Investigation, AFI)[232].
Додека Владата ја истакнува важноста за правата на луѓето на сите нејзини граѓани[144], постојат сериозни злоупотреби на власта во одредени локални и сиромашни урбани соседства[144]. Националната Комисиј за човекови права прави напори да влијае врз ваквите случувања но безуспешно бидејќи службениците ги отфрлаат ваквите тужби[233]. Според законот, на сите граѓани треба да им биде обезбедено фер судење и човечки третман, но како и да е, системот е оптоварен и преплавен со сериозни проблеми[144].
И покрај напорите на властите во борба против криминалот и измамата, некои мексиканци имаат свои доверливи луѓе во полицијата или во судскиот систем и затоа само мал дел од граѓаните пријавуваат криминал[144]. Во 2008 година, претседателот Калдерон предложи реформи во судството коишто беа прифатени од Конгресот на Унијата. Со овие реформи беа воведени усни (орални) судења, претпоставка за невиност на обвинетите, локалната полиција да спроведува истрага а потоа и специјалните полициски единици, и уште неколку други измени за забрзување на судењата[234].
Околу 12 луѓе стануваат жртви на најразличен криминал од 1.000 луѓе во Мексико со што Мексико се наоѓа на 39-тото место во спроведеното истражување во 60 држави[235]. Во 2009 година, бројот на убиставата изнесувал во просек од 10-14 жртви на 100.000 население, светскиот просек на убиствата е 10,9 жртви на 100.000 луѓе[236].Најголемата грижа на Мексико се незаконската трговија со дрога и зависноста од истата[237].
Приоритетот на сегашниот претседател Фелипе Калдерон е сведување на нула на незаконската трговија со дрога. Во еден многу контроверзен филм, калдерон поставува војни службеници во градовите во коишто владеат картелите со дрога. Додека овој филм го критикуваат опозициската партија и Националната комисија за човекови права,Бирото за меѓународни наркотици и спроведување на законот го поздравува овој подвиг на Калдерон по добивањето на ‘неочекуваните резултати’...’со’ многу голем успех[238]. Од отпочнувањето на проектот на Калдерон против картелите во 2006 година биле убиени повеќе од 28.000’ криминалци’[239][240]. Од вкупниот број жртви само 4% се невини луѓе[241], најчесто случајни минувачи или луѓе кои се нашле сред престрелка, 90% се криминалците а 6% се војници или полициски службеници[241]. Во октомври 2007 година, претседателот Калдерон и претседателот на Обединетите нацииЏорџ В. Буш го најавија историскиот план за соработка на двете држави за спроведување на законот наречен План Мексико (илиMérida Initiative)[242].
Мексико како тема во уметноста и во популарната музика
↑The General Law of Linguistic Rights for the Indigenous Peoples recognizes all Amerindian minority languages, along with Spanish, as national languages and equally valid only in territories where spoken. The government recognizes 62 indigenous languages, and more variants which are mutually unintelligible.Comisión Nacional para el Desarrollo de los Pueblos Indígenas. CDI. MéxicoАрхивирано на 1мај 2011г.
↑Paweł Bożyk (2006).Globalization and the Transformation of Foreign Economic Policy. Newly Industrialized Countries. Ashgate Publishing, Ltd. стр.164.ISBN0-75-464638-6.
↑Mauro F. Guillén (2003).The Limits of Convergence. Multinationals, Ideology, and Organized Labor. Princeton University Press. стр.126 (Table 5.1).ISBN0-69-111633-4.
↑David Waugh (3rd edition 2000).Geography, An Integrated Approach. Manufacturing industries (chapter 19), World development (chapter 22). Nelson Thornes Ltd. стр.563, 576–579, 633, and 640.ISBN0-17-444706-X.Проверете ги датумските вредности во:|year= (help)
↑N. Gregory Mankiw (4th Edition 2007).Principles of Economics. Mason, Ohio: Thomson/South-Western.ISBN0-32-422472-9.Проверете ги датумските вредности во:|year= (help)
↑„Articles 50 to 79“.Political Constitution of the United Mexican States. Congress of the Union of the United Mexican States. Архивирано одизворникот на 2016-07-22. Посетено на2007-10-03.
↑(шпански)„Third Title, First Chapter, About Electoral systems“(PDF).Código Federal de Instituciones y Procedimientos Electorales (Federal Code of Electoral Institutions and Procedures). Congress of the Union of the United Mexican States. 1990-08-15. Архивирано одизворникот(PDF) на 2017-10-10. Посетено на2007-10-03.
12(шпански)„Third Title, First Chapter, About Electoral systems, Article 11-1“(PDF).Código Federal de Instituciones y Procedimientos Electorales (Federal Code of Electoral Institutions and Procedures). Congress of the Union of the United Mexican States. 1990-08-15. Архивирано одизворникот(PDF) на 2017-10-10. Посетено на2007-10-03.
↑(шпански)„Fourth Title, Second Chapter, About coalitions, Article 59-1“(PDF).Código Federal de Instituciones y Procedimientos Electorales (Federal Code of Electoral Institutions and Procedures). Congress of the Union of the United Mexican States. 1990-08-15. Архивирано одизворникот(PDF) на 2017-10-10. Посетено на2007-10-03.
↑„Articles 80 to 93“.Political Constitution of the United Mexican States. Congress of the Union of the United Mexican States. Архивирано одизворникот на 2016-07-22. Посетено на2007-10-03.
↑„Articles 90 to 107“.Political Constitution of the United Mexican States. Congress of the Union of the United Mexican States. Архивирано одизворникот на 2016-07-22. Посетено на2007-10-03.
↑Предлошка:Sp icon Internal Rules of the Ministry of Foreign Affairs (August 10, 2001).„Article 2, Section 1“. Ministry of Foreign Affairs. Архивирано од изворникот на 2008-06-11. Посетено наMarch 28, 2009.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
↑„Article 116“.Political Constitution of the United Mexican States. Congress of the Union of the United Mexican States. Архивирано одизворникот на 2016-07-22. Посетено на2007-10-07.
↑„Article 112“.Political Constitution of the United Mexican States. Congress of the Union of the United Mexican States. Архивирано одизворникот на 2016-07-22. Посетено на2007-10-07.
↑„Article 115“.Political Constitution of the United Mexican States. Congress of the Union of the United Mexican States. Архивирано одизворникот на 2016-07-22. Посетено на2007-10-07.
123Gereffi, G; Martínez, M (September 30, 2004). Crandall, R; Paz, G; Roett, R (уред.).Mexico's Democracy at Work: Political and Economic Dynamics. Mexico's Economic Transformation under NAFTA. Lynne Reiner Publishers.ISBN1588263002.
↑Cintas, Pedro (2004). „The Road to Chemical Names and Eponyms: Discovery, Priority, and Credit“.Angewandte Chemie International Edition.43 (44): 5890.doi:10.1002/anie.200330074.ISSN1433-7851.PMID15376297.
↑[себарастраница]Unravelling unidentified γ-ray sources with the large millimeter telescope, Alberto Carramiñana and the LMT-GTM collaboration, inThe Multi-Messenger Approach to High-Energy Gamma-Ray Sources, Josep M. Paredes, Olaf Reimer, and Diego F. Torres, eds., Springer Netherlands, 2007.ISBN 978-1-4020-6117-2.
↑Report. Ddp-ext.worldbank.org. Посетено на 2010-08-14.
↑[Silva-Zolezzi I, Hidalgo-Miranda A, Estrada-Gil J, Fernandez-Lopez JC, Uribe-Figueroa L, Contreras A, Balam-Ortiz E, del Bosque-Plata L, Velazquez Fernandez D, Lara C, Goya R, Hernandez-Lemus E, Davila C, Barrientos E, March S, Jimenez-Sanchez G. Analysis of genomic diversity in Mexican Mestizo populations to develop genomic medicine in Mexico. Proc Natl Acad Sci U S A. 2009 May 26;106(21):8611-6.]
↑„Síntesis de Resultados“(PDF). Comisión Nacional para el Desarrollo de los Pueblos Indígenas. 2006. Архивирано одизворникот(PDF) на 2016-03-04. Посетено на2010-12-22.
↑„Church attendance“.Study of worldwide rates of religiosity. University of Michigan. 1997. Архивирано одизворникот на 2011-10-25. Посетено на2007-01-03.
↑„Mexico, Country profile“. The Church of Jesus Christ of the Latter-Days Saints Newsroom.Архивирано од изворникот 2010-08-25. Посетено на2011-03-04.
↑Ludlow, Daniel H. (1994).Encyclopedia of Mormonism. стр.4:1527.ISBN0875799248.
12Vasconcelos, José; Didier T. Jaén (translator) (1997).La Raza Cósmica (The Cosmic Race). The Johns Hopkins University Press. стр.160.ISBN0-8018-5655-8.
↑„About CONCACAF“. The Confederation of North, Central American and Caribbean Association Football (CONCACAF).Архивирано од изворникот 2007-10-06. Посетено на2007-10-07.
↑„Introduction“. Federacion Mexicana de Futbol. Архивирано одизворникот на 2018-10-11. Посетено на2011-05-28.
↑„Recruiter's scoreboard Highlights“(PDF).The Wall Street Journal/Harris Interactive survey of corporate recruiters on business schools. The Wall Street Journal. Посетено на2007-10-04.