Медисон Ел Бир (англ.Madison Elle Beer; родена на 5 март 1999 година)[3] ― американска пејачка и текстописец. Taa добила значителна медиумска покриеност откакоЏастин Бибер објавил врска до една од нејзините преработени песни што таа ги објавувала наYouTube. Првиот сингл „Melodies“ го издала во 2013 година.
Во 2018 година, Бир го објавила нејзиното прво ЕР,As She Pleases. Од него произлегле сингловите „Dead“ и „Home with You“. Следната година, Бир потпишала договор соEpic Records и во 2021 година го објавила нејзиниот прв студиски албум,Life Support. Албумот бил поддржан од неколку синглови, меѓу кои бил и „Selfish“, сертифициран со златен тираж одRIAA.[4][5]
Вториот студиски албум од Бир,Silence Between Songs, бил објавен во септември 2023 година. На 66-тото годишно доделување на Греми-наградите албумот бил предложен за „Најдобар албум со сараунд-звук“.
Покрај нејзината соло-пејачка кариера, Бир го позајмила гласот на виртуелниот лик Евелин одвиртуелната група K/DA во видеоигратаЛига на легенди. Како член на групата, таа ги издала сингловите „Pop/Stars“ (2018) и „More“ (2020); сингловите успеале да се пласираат на топ-листите во неколку земји. Таа, исто така, глумела во телевизиските серии:Тодрик (2015) иРуполовата дрег трка (2020) и во филмотLouder Than Words (2013).
Медисон Ел Бир е родена на 5 март 1999 година во Џерихо, Њујорк, во еврејско семејство. Бир се појавила на насловната страница од магазинотChild откако на четиригодишна возраст победила на натпревар за моделирање.[6] Кога имала околу шест или седум години, била сексуално злоставувана од некој кој често бил покрај неа.[7] Нејзините родители се развеле кога таа имала седум години.[8] Таа ја прославила нејзинатабат-мицва во 2012 година.[9][10]
Во 2016 година, Бир во интервју за YouNow разговарала за нејзината сексуалност и рекла: „Јас не сум лезбијка, но со сигурност сакам девојки“ и дека во минатото била заљубена во жена.[12] Во пренос во живона TikTok во март 2020 година, изјавила дека ебисексуалка.[13][14]
Бир била во врска со Џек Гилински (член на американското рап-дуо Jack & Jack) од 2015 до 2017 година.[15] По раскинувањето со Гилински, таа имала кратка врска со Бруклин Бекам[16] (син наДејвид иВикторија Бекам). Таа била во нестабилна врска со Зак Бија од крајот на 2017 година до почетокот на 2019 година.[17]
Бир имала проблеми со менталното здравје и изјавила дека за тоа придонеле социјалните мрежи и интернетот. Таа била подложна на самоповредување и ѝ било дијагностицираногранично растројство на личноста (БПД).[18] Кога Бир имала 15 години, на интернет протекле видеа каде таа била гола. Инцидентот, за кој рекла дека ја потсетил на сексуалното злоставување што го доживеала како дете, придонел да заболи одпосттрауматско стресно растројство (ПТСН) и двапати се обидела да се самоубие.[7][19]