Маргарет Мери Емили Ен Хира (родена на 19 ноември 1961 година),[1] позната какоМег Рајан — американска глумица, режисерка и продуцент. По неколку мали улоги во филмови и серии, таа станала вистинска филмска ѕвезда во 1989 година, кога се појавила во филмотКога Хари ја запозна Сали. Следните 15 години, таа играла главни улоги во неколку романтични комедии, од коиБессони во Сиетл (1993),Француски бакнеж (1995г.),Зависни од љубов (1997),Градот на ангелите (1998),Те чека мејл (1998), иКејт и Леополд (2001). Сите овие филмови заедно достигнале заработка од над 870 милиони долари ширум светот. Во 1995 година,Ричард Корлис од неделното списаниеТајм ја нарекол „душата на романтичните комедии“.[2]
Рајан е родена воФерфилд, Конектикат.[3] Нејзината мајка, Сузан Џордан (родена Рајан) била поранешна глумица и професорка по англиски јазик, а нејзиниот татко, Хари Хира, професор по математика. И двајцата нејзини родители растеле и живееле во Ферфилд. Мајка и на Рајан се појавила во една телевизиска реклама, а подоцна кратко работела како помошник на режисерите кои одбирале улоги преку кастинзи во Њујорк. Таа ја храбрела и ја поддржувала својата ќерка во нејзините намери да студира глума. Рајан има две сестри, Дана и Ани, и еден брат, музичарот Ендрју Хира, член на музичката групаБили Пилгрим. Нејзините родители се развеле во 1976 година, кога таа имала 15 години.[4]
Таа завршила во основното училиште „Св.Пио“ во Ферфилд, каде мајка и и предавала во шесто одделение. Рајан е израсната како католик. Во Католичката црква во Ферфилд, и е доделено и средното име Ен. Средно училиште Рајан завршила во училиштето „Бетел“ во 1979 година. Своите студии таа ги продолжила најпрво на Универзитетот во Конектикат, а потоа на Њујоршкиот Универзитет, каде студирала новинарство. Во текот на нејзиното студирање, таа се појавила во неколку телевизиски реклами, за да заработи пари. Рајан ги напуштила студиите, еден семестар пред завршувањето, а како причина го навела успехот кој го постигнала како глумица.[5][6]
По нејзиното појавување во филмотБогати и славни, Рајан ја игра улогата наБетси Стјуарт во дневната телевизиска серијаКако што се врти светот, која се емитувала од 1982 до 1984 година. Во овој период, таа се појавила и во реклама заБургер Кинг. Потоа, следеле неколку мали улоги, вклучувајќи гиАмитивил 3 Д иВетената земја. Во 1986 година, таа се појавила во познатиот филмТоп Ган, каде ja играла улогатa на Керол Бредшо, сопруга на Ник Бредшо (кој го глуми глумецотЕнтони Едвардс). Рајан глуми и во филмовитеВнатрешен простор заедно со нејзиниот иден сопругДенис Квејд,Смртна чаша и воПрезидио.
Првиот филм во кој таа е во главната улога, и кој станал апсолутен хит еКога Хари ја запозна Сали (1989г.), кој ја споил со човекот кој е првенец за комедии,Били Кристал. Незаборавното претставување на Сали Олбрајт (кое и донело номинација заЗлатен глобус), вклучува и сцена во која таа руча со ликот на Били Кристал во „Кац Деликатесен“ воМенхетн, и во кое тие покажуваат колку е лесно да се изглумиоргазам.
Следни нејзини улоги се во биографијатаДорс, кој постигнал големи успеси, иВовед кон бакнеж. Во 1993 година, е објавена романтичната комедијаБессони во Сиетл, која несомнено достигнала големи успеси, и која за вторпат ја соединува Рајан со глумецотТом Хенкс. Нивната претходна соработка е во филмотЏо против вулканот, како главни улоги, но тој немал особени успеси. Следно, тие по третпат соработуваат во филмотТе чека мејл.
Во почетокот на 1994 година, Рајан одлучила да прифати неколку улоги кои ќе бидат нешто поразлично од дотогашните романтични ликови по кои таа станала позната.[2] Во филмот наЛуис Мандоки,Жената која ја сакав (1994г.), во кој глуми заедно со глумецотЕнди Гарсија, таа има улога на алкохоличар. Како филмот, така и нејзината изведба, биле добро прифатени од критичарите.[7] Еден од критичарите за филмот рекол дека е „првокласно дело, во кое се нагласуваат извонредните изведби и доброто сценарио“.[8] Овој филм постигнал големи успеси, и само во САД достигнал заработка од околу 50 милиони долари.[9] Истата година, Рајан се појавува во романтичната комедијаКоефициент на интелигенција наФред Шеписи, заедно со глумецотТим Робинс. Филмот раскажува приказна за еден механичар и една кандидатка за докторат на Универзитетот Принстон, кои се заљубуваат благодарение на вујкото на девојката,Алберт Ајнштајн (кој го глумиВолтер Матау). Иако, во филмот се позајмени некои ликови од вистинскиот живот (како Ајнштајн), приказната и приказот на ликовите се измислени.
Некои од филмовите во кои глумела Рајан во 1990-тите години, станале хитови не само воЈужна Америка, туку и ширум светот. Во 1994 година, Рајан била прогласена за Жена на годината од здружението „Хасти Пудинг“, а списаниетоПипл ја оценило како една од 50-те најубави луѓе во светот. Во 1995 година, критичарот Ричард Корлис ја нарекол „душата на романтичните комедии“. Истата година, таа се појавува во романтичната комедија наЛоренс Касдан,Француски бакнеж, наспротиКевин Клајн. Во 1995 година, Рајан ја добила и Кристалната награда „Жените во филмот“. (Оваа награда се доделува на извонредните жени кои преку нивната издржливост и успешноста во работата, помогнале да се прошири улогата на жените низ историјата на уметноста.)[10]
Во 1997 година, Рајан го позајмила гласот за анимираниот филмАнастасија, кој добил многу позитивни критики и постигнал големи успеси. Следната година, Рајан се појавува во два филма.Градот на ангелите добил многу позитивни коментари и станал огромен финансиски успех заработувајќи речиси 200 милиони долари ширум светот.Те чека мејл е филм во кој Рајан повторно соработува со Хенкс, и кој и донел трета номинација заЗлатен глобус. Филмот достигнал заработка и преку 250 милиони долари ширум светот.
Првиот филм од 2000 година, во кој глумела Рајан еСпушти ја слушалката, во режија наДајен Китон, во кој се раскажува за три сестри кои се поврзуваат поради претстојната смрт на нивниот далечен, ладен и намќорлив татко. Во овој филм кој е адаптација на романот на Делија Ефрон од 1995 година, исто така глумат иДајен Китон,Лиса Кудроу иВолтер Матау. Филмот добил лоши критики, а неговата заработка која првично била 60 милиони долари, а се намалила за 9 милиони долари поради отплаќањето на буџетот, достигнала речиси 51 милион долари.[11]
Истата година, Рајан се појавува во трилерот на Тејлор ХакфордДоказ за живот, наспротиРасел Кроу. Во филмот таа глуми узбезумена жена, чиј маж инженер е киднапиран (улогата ја играДејвид Морс), а таа се потпира на еден снаодлив експерт за справување со меѓународните разбојници. Иако критичарите биле рамнодушни за финансискиот успех на овој филм кој заработил околу 63 милиони долари ширум светот, аферата на Рајан и Кроу била тоа за кое на широко се пишувало низ весниците.[12]Стивен Холден, филмски критичар воЊујорк Тајмс напишал дека според него, филмот и не е некој голем успех, и дека глумците не се поврзале доволно добро.[13]
Рајан во септември 2006
Една година подоцна, Рајан повторно се навраќа на романтичните комедии, овојпат соКејт и Леополд заедно соХју Џекмен. Ова е приказна за војвода кој патува низ времето воЊујорк, од 1876 година па досега, и се заљубува во успешен истражувач на пазарот во современ Њујорк. Овој филм во режија наЏејмс Менголд добил мешани, но повеќе позитивни критики, а Лејел Лоенстајн од списаниетоВарајети го сумирала како „шармантна и интересна приказна“. Со заработка од 70 милиони долари, овој филм за Рајан најверојатно ќе остане филм со најголема заработка во кој некогаш глумела за оваа деценија.[14]
Во 2003 година, Рајан глуми во нешто поразлично од нејзините вообичаени улоги, и се појавува во еротскиот трилерВо кадар наЏејн Кампион, покрајМарк Рафало иЏенифер Џејсон Ли. Најпрво, во главната улога требало да се појави копродуценткатаНикол Кидман, но по петгодишниот нејзин развој, таа се повлекла, оставајќи и ја улогата на Рајан, која за првпат во нејзината кариера, се појавува гола, во прилично долга и јасно прикажана љубовна сцена. Иако појавувањето на Рајан, а воопшто и целиот филм, го привлекле вниманието на медиумите, тој не успеал да ги привлече позитивните коментари на критичарите, и достигнал заработка од само 23 милиони долари низ кината.[15]
Во октомври 2003 година, додека престојувала воВелика Британија за премиерата на овој нејзин еротски филм, таа имала еден контроверзен настап во британското шоу „Паркинсон“.[16] Истиот начин на претставување, таа го искористува и во следниот нејзин филмПлавуша помеѓу јажињата (2004г.) во режија на Чарлс С. Датон. Овој филм е спорт/драма за една американка Џеки Кален, која е менаџер на боксерите, и која е првата жена која постигнала некаков успех во спортот, и нејзината разнишана врска со штитеникот Лутер Шо. Филмот достигнал помалку од 6 милиони долари на просторите на САД, и бил остро нападнат од критичарите, најмногу поради тоа што е доста сличен со другите боксерски филмови, како на пример серијалотРоки.
По тригодишна пауза, во 2007 година, Рајан се враќа на филмското платно со филмот на Џон КасданВо земјата на жените, кој таа го опишува како „нешто слично на „Дипломец“ само со болеста рак“.[17] Заедно соКристен Стјуарт иОлимпија Дукакис, во овој филм Рајан игра улога на мајка и жена која се соочува со рак на дојката, и која особено се поврзува со најмладиот внук на нејзиниот комшија, кој го глумиАдам Броди. Филмот добил и позитивни и негативни коментари од критичарите,[18] а заработката изнесувала околу 17,5 милиони долари ширум светот.[19] Рајан добила многу пофалби за нејзината изведба во овој филм, а Кенет Туран воЛос Анџелес Тајмс напишала дека ова е најдобрата изведба на Рајан што досега е видена низ нејзините филмови.[20]
Првиот филм на Рајан од 2008 година, е сатиричната комедијаДоговорот, филм кој се заснова на истоимениот роман од 1991 година на Питер Лефкурт, кој раскажува заХоливуд. Филмот е во режија на Стивен Шатер, и е снимен воКејптаун и други места воЈужна Африка. Светската премиера на овој филм била на Санденс филмскиот фестивал во 2008 година. Филмот добил мешани, но повеќе негативни коментари, и не успеал да го привлече интересот кај филмските студија, и добил издавање директно на ДВД, во јануари 2009 година.[21] Во неговата критика во списаниетоВарајети, Питер Дебруџ напишал: „Ликовите во филмот делува како да ги прават сите смеи, но јавноста нема на што да обрне внимание, освен на флертувањето на несоодветно споените главни улогиВилијам Џ. Мејси иМег Рајан – за кои тешко може да се каже дека се совршен спој за постигнување на големи успеси“.[22] Филмот на Џорџ Гало,Новиот дечко на мајка ми, во кој глуми Рајан, а кој е сниман есента во 2006 година, исто така преминал директно на ДВД издание во 2008 година. Овде исто се појавуваат иКолин Хенкс,Селма Блер иАнтонио Бандерас, а филмот добил претежно негативни критики. Дејвид Нусер воРил Филм напишал дека„филмот е целосна катастрофа, започнувајќи речиси и од првиот кадар“.[23]
Последниот филм на Рајан од 2008 година, еЖените, римејк на истоименото дело од 1939 година. Жените во филмот ги глуматАнет Бенинг,Дебра Месинг иЏејда Пинкет Смит.[24] Филмот е напишан, и режиран од Дајен Инглиш, а раскажува приказна за група жени од џетсетот наМенхетн, чиј основен интерес е непотребното озборување. Рајан глуми богата жена, чиј сопруг ја изневерува со една продавачка, која ја глумиЕва Мендез. По неговото издавање,Жените се здобил со катастрофални реакции од критичарите, а Ричард Шикел одТајм рекол дека ова е најужасниот филм кој некогаш го имал гледано.[25] Сепак, филмот достигнал големи финансиски успеси, и за Рајан ова бил најуспешниот филм послеКејт и Леополд од 2001 година, со заработка од 50 милиони долари ширум светот.[26]
Во 2009 година, Рајан глуми во комедијатаSerious Moonlight заедно соКристен Бел иЏастин Лонг. Филмот е во режија на глумицата Шерил Хајнс, а се заснова на сценарио кое го напишала починатата писателкаАдриен Шели, која била убиена една година пред снимањето на филмот. Во него, Рајан глуми моќен адвокат, која дознава дека нејзиниот маж (кој го глумиТимоти Хатон) сака да ја напушти заради нивниот проблематичен брак, а таа решава да го спречи така што го држи заробен во бањата.[27] Филмот добил ограничено издавање, само во Јужна Америка, и достигнал заработка помалку од 150 илјади долари ширум светот.[28] Критичките реакции за филмот биле претежно мешани, но повеќе негативни, а Рајан била остро критикувана за нејзината ужасна изведба. Истата година, Рајан гостувала во седмата сезона наСкротете го вашиот ентузијазам.
Во октомври 2010 година, и била доделена улога во драматаЖивотите на светците заедно соКет Денингс,Кевин Зеџерс иЏон Литгоу. Оваа драма, слична наФатална несреќа, ги спојува животите на група луѓе одЛос Анџелес, кои се справуваат со грешките од минатото.[29] Во април 2011 година, било објавено дека во следниот филмВо внатрешноста на убавината (En. Into The Beautiful), таа за првпат ќе се појави како режисер.[30][31] Во мај 2011 година, и била доделена улога воПомина долго време (En. Long Time Gone), филмска адаптација на романот на Ејприл Стивенс „Ангелу, ангелу“. Снимањето требало да започне есента, истата година.[32]
На Денот на вљубените во 1991 година, после соработката во два филма, Рајан се омажила за глумецотДенис Квејд. Таа прифатила да се омажи со него веднаш по неговото соочување со зависноста од кокаин. Квејд и Рајан имаат едно дете,Џек Квејд, роден на 24 април 1992 година.[33] Во 2000 година, таа била поврзувана соРасел Кроу на снимањето на филмотДоказ за живот. Рајан и Квејд се разделиле, а нивниот развод конечно бил дефиниран на 16 јули 2001 година. Во септември 2008 година, Рајан изјавила дека долго време додека биле во брак, Квејд ја изневерувал.[34]
Во јануари 2006 година, Рајан посвоила 14 месечно девојче од Кина, Дејзи Тру.[35][36]
Од јануари 2011 година, таа е во врска со американскиот рок пејачЏон Меленкамп, кој во декември 2010 година објавил дека по 18 години брак, се разведува од својата сопругаЕлејн Ирвин Меленкамп.[37]
Рајан ја поддржуваДемократската партија на САД, особено иницијативите и програмите за заштита на околината.[38][39] Во 2003 година, таа ја поддржува кампањата наВесли Кларк за претседател на Америка.[40] Во 2004 година, за претседателските избори таа го поддржалаЏон Кери.[41]
12Corliss, Jaqueline; Savaino (22 мај 1995).„Star Lite, Star Bright“.Time. Архивирано одизворникот на 2009-09-29. Посетено на2010-10-02.Укажано повеќе од еден|first1= и|first= (help)
↑„Educating Meg“.People. August 2, 1993. Архивирано одизворникот на 2016-09-04. Посетено наNovember 26, 2010.
↑"Meg Ryan"Архивирано на 23декември 2011г..Yahoo! Movies. Retrieved 26 ноември 2010.