Мебел —збирен поим за подвижни предмети кои го поддржуваат човечкото тело (мебел за седење икревети), служат за остава или држат предмети на хоризонтални површини над земја. Мебелот за остава (кој често користи врати, фиоки и полици) се користи за чување на помали предмети, како:облека,алат,книги и домашни добра.
Мебелот може да биде уметничкидизајниран, при што се смета за дел оддекоративната уметност. Покрај функционалната улога на мебелот, тој може да игра исимболичка или религиозна улога. Домашниот мебел, заедно со другатапокуќнина какочасовниците иосветлувањето дава удобност во просторот. Мебелот може да биде направен од најразлични материјали како метал, пластика или дрво.
Занаетот кој се занимава со изработкa на мебел се нарекува столарство.
Арт нуво архитектурата и внатрешниот дизајн го избегнувал естетскиот историзам наВикторијанското доба. Иако овие дизајнери одбрале и „модернизирале“ некоирококо елементи, како текстури со пламен и школки, наместо викторијанскиот историски засниван реализам, движењето арт нуво се залагало за употреба на високостилизирани мотиви од природата како извор на инспирација и го прошириле „природниот“ репертоар додавајќи алги, треви и инсекти. Се употребувале соодветно огрански форми, криви линии, осоебно цветни и растителни, и ним слични.
Движењето за применета уметност (англиски:Arts and Crafts movement) за првпат се јавило во средината наXIX век воБританија, со дизајнерите какоЏон Раскин иВилијам Морис. Движењето го ужива врвот на популарноста во последните декади од векот во Британија како и воСАД. Нивната идеологија се залагала за улогата на изработувачот, и осврнување кон средновековните и готски стилови наспроти тогашните еклектичнивикторијански дизајни.
Движењетоар деко се каратеризира со употреба на материјали какоалуминиум,не'рѓосувачки челик, лак, обложено дрво, ајкулина кожа и зебрина кожа. Исто така тука се употребувале смели скалести или цик-цак дезени, далекусежни криви линии (за разлика од кривулестите линии на стилот арт нуво),шевронски шари и зрачен мотив. Некои од овие мотиви биле сеприсутни — на пример зрачниот мотив се употребувал во најразлични контексти како кајладилници, аудиториуми икубето наКрајслеровата зграда.