Мајк Олдфилд (Мајкл Гордон Олдфилд, Michael Gordon Oldfield) е надалеку познат по неговиот потресувачки албум,Тубулар Белс (Tubular Bells. Цевасти ѕвона, Еолски ѕвона), од 1973 г. успешен албум кој исто така финансиски ја обезбеди музичката издавачка куќаВирџин (Virgin) наРичард Бренсон. Неговата музичка кариера се протега во повеќе од 3 декади, опфаќајќи широк распон на стилови, со различен успех. СпоредГибралтар Енциклопедијата на Прогресивниот Рок (Gibraltar Encyclopedia of Progressive Rock) неговиот стил е наречен Олдфилд Прогресив (Oldfield Progressive).[1]
Пред да ја започне својата соло кариера, Мајк формира бенд со својата сестраСали Олдфилд, нареченThe Sallyangie а подоцна свири бас соKevin Ayers and the Whole World, покрајКевин Ајерс,Дејвид Бедфорд и саксофонистотЛол Коксхил. Во тоа време Ајерс му позајмува на Олдфилд повеќеканален снимач на касети, и со помош на него Олдфилд ги зачувува идеите кои подоцна ќе израснат воТубуларни Ѕвона, албум кој некогаш имал називBreakfast in Bed (Појадок во Кревет).
Тубуларни Ѕвона се смета за првиот рок албум кој вклучува елементи од класични композиции, особено употребата на повторување со субтилни варијации на темата, како на минималистичките композитори какоФилип Глас,Стив Рајх иЛаМонте Јанг, и покрај тоа што овие влијанија се филтрирани низ рок сензибилитетот. Олдфилд исто така тврди дека е инспириран од набљудувањето на Кевин Ајерс, дека нема ништо лошо во повторувањето ако има нешто вредно за повторување.
Олдфилд има проблеми при наоѓањето на издавачка куќа за својата музика. Рано го сретнува Ричард Бренсон кој е во раните фази на подигањето наВирџин Рекордс, но по многу одбивања, Бренсон се согласува да го дистрибуира албумот како прв албум на Вирџин, и му дозволува на Олдфилд да го заврши албумот во неговото студио, Manor Recording studio. Олдфилд потпишува договор за 10 албуми, договор кој ќе има влијание во неговата подоцнежна кариера. Успешноста на албумот стартува кога Џон Пил го пушта целосниот албум во неговата радио емисија, а дел од музиката е вклучена во филмотThe Exorcist.[2]
Олдфилдовите следни неколку албуми го следат теркот наТубуларните Ѕвона.Hergest Ridge е потекстурирано дело, но со сѐ уште присутни контрасни делови. Всушност, ова дело е дело бр. 1 во В. Британија во 1974 пред неговиот претходник, но на долгата патека не беше прифатено ниту слично толку добро какоТубуларните Ѕвона. Оркестарска верзија одТубуларни Ѕвона беше оркестрирана одДејвид Бедфорд и издадена.
Ommadawn е издаден во 1975, и се смета од многу обожаватели на Олдфилд за негов најдобар албум. Во него вклучува Целтички и Африкански музички влијанија, асистиран од членот наThe Chieftain,Педи Молонеј, и од протераната Африканска ритмичка група,Јабула.
По издавањето на овој албум, Олдфилд ги дава сите три албуми на ремиксување воквадрофонски формат, соHerdgest Ridge кој е особено сменет на овој начин и е издаден во кутија, заедно со уште еднодолгометражно издание нареченоCollaborations (Соработки) кое сочинува песни кои Олдфилд ги има снимено заедно со Дејвид Бедфорд,Лесли Пенинг како снимач иКрис Катлер како тапанар. Во изборот се наоѓаат иPortsmouth иIn Dulci Jubilo..[3]
Мајк Олдфилд зема пауза од снимањето музика и оди на Ексеџезис (Exеgesis) терапијата. Пред овој стадиум Олдфилд е многу повлечен и има само еднаш настапувано пред публика, со Тубуларни Ѕвона, а го има изведено првиот дел од истата композиција за емисијата „Секонд Хаус (Second House)“ наБиБиСи (BBC). По оваа контроверзна терапија неговиот карактер се менува, добивајќи самодоверба, па некогаш дури и до точката на ароганција.
Во 1978 тој го снима најамбициозниот албум до сега,Incantations (Рецитали), кој носи силни минималистички влијанија, и ја вклучуваМеди Прајор како вокал,Џабула тапанарите и цел жичен оркестар. Со ова ја проследува неговата прва тура низ Европа, комплетирана со 50 член бенд. Самата тура е во загуба, но албумот кој ја документира турата,Exposed (Откриен) е доволно успешен да ги надополни загубите.
До овој момент, неговиот „стил“ сè повеќе се оддалечува од популарната музика во тој период. Но тој го менува својот пристап со тоа што почнува да пишува музика која е повеќе „поп“ по природа, и исто така, музика која е прикладна за мал бенд. ПоExposed турата тој интензивно продолжува да оди на турнеи, префинувајќи го својот настап и реформирајќи го бендот до 6 члена (во времето кога го промовираQE2 ).Во овој период тој го модифицира својот договор за да му се овозможат повеќе права од успехот на неговата музика, што го продолжува договорот на 13 место 10 албуми..[4]
Во 1979 го издава албумотPlatinum (издаден со различен список на песни какоAirborne (Во лет)), првиот албум снимен воСАД и содржеше аранжмани одNorth Star (Северна Ѕвезда) наФилип Глес, покрај неговата вообичаена странична инструменталка, иI got rhythm (Добив ритам) одЏорџ Гершвин, испеана одВенди Робертс. Првите изданија на албумот ја содржат песнатаSally која потоа е извадена на барање на Ричард Бренсон и е заменета соInto Wonderland (Во земјата на чудата) испеана од Венди Робертс. Во некои понатамошни компакт-дискови, таа сѐ уште го држи иметоSally.
QE2 (Queen Elizabeth II,Кралицата Елизабета 2), наречен по бродот а не по името на кралицата во тоа време, е издаден во 1980 г., и во себе содржи тапанарски точки одФил Колинс и, исто така, првото појавување наМеги Рајли на своите албуми. Ова е исто така првиот албум кој нема странични инструменталки, со најголематаТаурус 1 која трае 10 минути.
Во 1982 г. го издаваFive Miles Out (Пет милји надвор од курсот) во кој внесува долга инструменталка,Таурус 2, и уште две композиции со неговата група за турнеи,Family Man (Семеен човек) испеана од Меги Рајли и 13 минутнатаOrabidoo.Карл Палмер ги свири тапаните наMount Teidе (Планината Теиде). Меги Рајли и Олдфилд заедно пеат на главната песна, која е инспирирана од за малку трагичната авионска несреќа која ќе му се случела, и поради неговиот интерес да научи да лета во тоа време.
Како многу други музичари од тоа време, Олдфилд го употребуваFairlight CMIсинтисајзерот, кој имал напредни секвенцерски и семплувачки способности за тоа време, и значајно го вклучува во своите следни албуми. ВоCrises (Кризи) се вклучени вокали одЏон Андерсон, пејачот наYes,Роџер Чепмен, и, уште еднаш, Меги Рајли во песнатаMoonlight Shadow (Сенка од месечевата светлост), која станува најдобрата посебна песна на Олдфилд, стигнувајќи до четвртото место на списокот на Велика Британија. Насловната инструменталка, која е долга колку цела една страна на плочата, и која ја искористува темата одТубуларни Ѕвона, за да означи десет годишнина од неговиот дебитантски албум. Истата година, Олдфилд ја пушта во етерCrime of Passion (Злосторството на Страста), како самостојна посебна песна на која пееБери Палмер.[5]