Мартиник (француски:Martinique,француски изговор:[maʁtinik]) е француска прекуморска островска територија во источниот дел наКарипско Море, околу 450 км североисточно од брегот наЈужна Америка. Со копнена површина од 1128 km2|0 и вкупен број на население од 349,925 жители според пописот од јануари 2024.[2] Припаѓа на групатаПриветрени Острови и се протега северно одСанта Луција, југоисточно одГолеми Антили, северозападно одБарбадос, и јужно одДоминика.Како и другите прекуморски окрузи, Мартиник е еден од 18 прекуморски региони на Франција и интегрален дел на Француската Република. Како дел од Франција, Мартиник е делЕвропската Унија и негова валута ееврото.службен јазик ефранцускиот но населението исто така зборува и наантилско-креолски јазик (мартиничко-креолски јазик).[4]
Кристофер Колумбо стигнал на островот на 15 јуни 1502, после 21 ден патување по океанот. Останал 3 дена.[5]
Островот тогаш се нарекувал "Жуанакера-Матинино". Според историчарот Сидни Дани, островот бил нарекуван "Јуанакера" наКарибите, со значење "островот на игуаните".[се бара извор]
Кога пристигнал Колумбо во 1502, островот го нарекол Мартиника, бидејќи го здогледале на денот кога се празнува Св. Мартиник и под влијание на соседниот островДоминика[6]
Сен-Пјер. Пред целосното уништување на Сен-Пјер во 1902 одвулканска ерупција, тој бил најзначајниот културно-економски центар на Мартиник, познат како „Париз на Карибите".
На островот отпрвин живеелеАраваките, а потоаКарибите. Карибите од копното мигрирале на островот околу 1201 година, според карбонското датирање на артефактите. Тие потоа биле раселени, уништени и асимилирани од народотТаинци, кој се населил на островот во 1490.[7]
На Мартиник стигналКолумбо во 1493, но Шпанија имала мал интерес за оваа територија.
На 15 септември 1635,Пјер Белен Дезнамбук, француски гувернер на островот Сеент Китс, пристигнал на пристаништето Сен-Пјер на Мартиник со 150 француски доселеници. Деснамбук го побарал Мартиник за францускиот кралЛуј XIII и за Француската "Компанија за Островите на Америка" (француски: Compagnie des Îles de l'Amérique), и ја основал првата европска населба во Фор Сен-Пјер (денешен Сен Пјер). Тој умрел во 1636, оставајќи го Мартиник и компанијата на неговиот внукЖак Диел ди Парке, кој во 1637, станал гувернер на островот.
Во 1636, домородното население се дигнало против доселениците за да гипротера од островот. Французите успешно се одбранилеод нападот и ги натерале да се повлечат во источниот дел на островот, на полуостровот Каравел. Кога домородците повторно нападнале во 1658, гувернерот шарл Уе ди Пети Пре им објавилвојна. Многумина биле убиени а тие што преживеале биле заробени и протерани од островот. Некои побегнале на Доминика или на островот Сент Винсент, каде Французите се согласиле да не ги напаѓаат ниту гонат.
Бидејќи имало неколкумина католички свештеници на Француските Антили, многу од првите доселеници билехугеноти со поголема верска слобода од онаа на копното во Франција. Иако указите од кралотЛуј XIV постојано доаѓале на островите за да се задуши еретичкотопротестантство, властите на островот ги игнорирале сè до Указот за Ревокација наЛуј XIV во 1685.
Од септември 1686 до почетокот на 1688, Француската Круна го користеле Мартиник за да ги протераат тука хугенотите кои одбивале да го крифатат католицизмот. Над 1,000 хугеноти биле транспортирани на Мартиникво тој период,најчесто на бродови со мизерни услови кои придонесувале многумина да умрат уште при патувањето. Оние што ќе преживееле биле ангажирани да работат на плантажи.
Бидејќи многумина од поседниците на плантажи на Мартиник и самите биле хугеното кои страдале од одредбите на Указот за Ревокација, почнале да прават заговори да заминат од Мартиник заедно со другите пристигнати протестанти. Многумина биле потикнати од католиците на тој чекор кои одвај чекале да си заминат кривоверците за да им ги земат плантажите за себе. До 1888 речиси целопротестантско население од Мартиник побегнало во Британските американски колонии. Оваа кралска политика го намалила населението на Мартиник и ја уназадила колонизацијата на островот за неколку децении а воедно придонела островите да бидат поподложни на британската окупација во следните неколку векови.[8]
Под гувернерот на Антилите,Шарл де Курбон, Мартиник служел како пристаниште за француските пирати, меѓу кои и капетанот Крепо, Етјен де Монтабан и Матурин Демарежан.[9] Подоцна пиратот Бартоломеј Робертс истакнувал црнопиратско знаме со два черепа над назнаките "ABH" ("A Barbadian's Head") и "AMH" ("A Martinican's Head") врз кои стои пират со меч, откако гувернерите на овие два острова испратиле бродови да го уапсат Робертс.[10]
Битката кај Мартиник помеѓу британската и француската флота во 1779 година
Мартиник бил неколкупати окупиран од страна на Британците, вклучително еднаш за време на седумгодишната војна и двапати за време наНаполеоновите војни. Со исклучок на периодот од 1802-1809 година, по потпишувањето на Амјенскиот договор,Велика Британија го контролирала островот поголемиот дел од времето од 1794-1815, кога бил вратен на Франција по завршувањето на Наполеоновите војни.[11] Оттогаш Мартиник е во сопственост на Франција.
Откако цените на шеќерот се намалиле во раните 1800-ти, поседниците на плантажи го загубиле политичкото влијание. Во 1848 година,Виктор Шелшер ја убедил француската влада да стави крај на ропството во Француските Западни Инди.[11]
На 8 мај 1902 година, вулканотПеле избувнал и целосно го уништил Сен Пјер, убивајќи 30.000 луѓе. Поради ерупцијата, бегалците од Мартиник пристигнале во чамци до јужните села наДоминика. На Мартиник, единствениот преживеан во градот Сен Пјер, Огист Кипарис, бил спасен од дебелите ѕидови на неговата затворска ќелија.[12] Набргу потоа престолнината била префрлена воФор де Франс каде е до денес.[11]
За време на Втората светска војна, владата на Виши го контролирала Мартиник и Гвадалуп. Германските U-бродови го користеле островот за снабдување со гориво за време наБитката кај Карибите. Во 1942 година, 182 бродови биле потопени во Карибите, 45 во 1943 и 5 во 1944 година. Слободните француски сили го презеле островот на Денот на Бастилја, 14 јули 1943 година, кога адмиралот Роберт побегнал.[13]
Во 1946, Француското Народно Собрание едногласно донело одлука да се трансформира колонијата во Прекуморски департман на Франција. Во 1974, станал само департман.[11]
Во 2009, Францускиот Генерален Карипски Штрајк покажал длабоки етнички и класни тензии на Мартиник.[14]
Заедно соГваделуп,Реинион,Мајот иФранцуска Гвајана, Мартиник е една од прекуморските региони на Франција. Тој воедно е и најоддалечениот регион на Европската унија. Жителите на Мартиник се француски државјани со сите политички и законски права. Мартиник испраќа четири пратеници во француското Национално Собрание и двајца сенатори во францускиот Сенат.
На 24 јануари 2010 година, за време на референдумот, 68,4% од жителите на Мартиник гласале за премин во "единствена (една) заедница" во рамките на член 73 од францускиот Устав.
Мартиник е поделен на окрузи, 34општини, and 45 кантони . Четирите окрузи на островот се следниве:
Форт-де-Франс е единствената префектура на Мартиник. Таа ја зазема централна зона на островот. Вклучува четири општини и шеснаесет кантони. Во 2013 година населението изнесувало 161.021. Освен престолнината, ги вклучува и општините Сен-Жозеф и Шелшер.
Трините е една од трите потпрефектури на островот и го зазема североисточниот регион. Има десет општини и единаесет кантони. Во 2013 година населението било 81.475. Трините ги содржи заедниците на Трините, Ајупа-Бујон, Бас Поант, Гро Морн, Лорен, Макуба, Маригот Робер и Сен Мари.
Марен, втората потпрефектура на Мартиник, го сочинува јужниот дел на островот и е составен од дванаесет комуни и тринаесет кантони. Во 2013 година населението било 119.653. Префектурата ги вклучува заедниците на Марен, Лез Анс д'Арлет, Дијаман, Дико, Франсоа, Ривер-Пилот, Ривер-Сале, Сент Ана, Света Луција, Сент Еспри, Ле Троа Исле и Воклен .
Сен Пјер е третата потпрефектура на островот. Се состои од осум комуни и пет кантони, кои лежат во северозападниот дел на Мартиник. Во 2013 година населението било 23,402. Освен Сен Пјер, неговите заедници се Карбе, Каз-Пилот-Белфонтен, Морн-Руж и Прешер.
Вкупната површина на Мартиник е 1.100 квадратни километри. Мартиник е трет по големина остров воМали Антили по Тринидад иГваделуп. Се протега 70км во должина и 30 км ширина. Највисока точка е вулканот Пеле на 1.397 метри надморска височина.
Салин, песочна плажа на јужниот дел на островот
Островот по потекло е вулкански и лежи по раседот на подвлекување, каде Јужноамериканската Плоча лизга под Карипската Плоча.[15] Мартиник има осум различни центри на вулканска активност. Најстарите карпи се андезитични лава датирани пред околу 24 милиони години, измешани со толеитична магма која содржи железо и магнезиум. Пеле, најдраматичната одлика на островот, се формирал пред 400.000 години.[16] Пеле еруптирал во 1792, 1851 и двапати во 1902.[17] Ерупцијата од 8 мај 1902 година, го уништила Сен Пјер и убила 28.000 луѓе за 2 минути додека онаа од 30 август 1902 година предизвикало речиси 1.100 смртни случаи.[18]
Атлантскиот, или "приветрениот" брег на Мартиник е тежок за пловидба на бродови. Комбинацијата на крајбрежните карпи, плитки корални гребени и проливите и силните ветришта ја прават областа значително опасна зона за морски сообраќај. Полуостровот Каравела јасно го одделува северниот дел на Атлантскиот и Јужноатлантскиот брег.
Карибите, или "заветрениот" брег на Мартиник е многу поповолен за морски сообраќај. .
Северот на островот е планински. Се одликува со четири збира вулкани и планини: Питон Конил на крајниот север, кој се издига во Доминиканскиот канал, Пеле, активен вулкан, Јаков и Питон ди Карбе, ансамбл од пет изумренивулкани покриени со дождовни шуми во заливотФор де Франс со 1.196 м. Вулканската пепел на Пеле создала сиви и црни песочни плажи на север.
Јужниот дел е полесно прооден, иако сепак има некои импресивни географски одлики. Поради тоа што е полесно да се патува и поради многуте плажи и капацитети за храна во овој регион, најголем дел од туристичкиот сообраќај се одвива во јужниот дел на островот.
Северниот крај на островот зафаќа поголем дел од врнежите и е силно пошумен, со видови како што се бамбус, махагон, розово дрво и скакулци. Југот е посув и доминира савана, вклучувајќи кактуси, копаиба балсам и багремот.
Анол гуштери и змиите Мартинички ботропс се специфични видови на островот.Мунгосите (Herpestes auropunctatus), воведени во 1800-тите за контрола на змиите, станале и закана за околината[19] бидејќи ловат и јајца од птици од што исчезнале многу локални видови на птици, како Мартиничкиот трепетник (Cinclocerthia gutturalis), белоградиот трепетник и сл.
Населението на островот изнесува 385,551 според пописот од 2013. Се проценува дека 260,000 Мартиниканци и живеат на копното воФранција, најчесто во Парискиот регион.
Населението на Мартиник е главно од африканско потекло генерално помешано со француско, америдско (Кариби), индо-мартиникиско (потомците на имигрантите од 19 век од Индија), либанско или кинеско население. Мартиник има мала сириско-либанска заедница, мала, но растечка кинеска заедница, и заедницатаБеке, потомци на првите француски и шпански доселеници, кои сè уште доминираат во делови од земјоделскиот и трговскиот сектор во економијата. Белците вкупно претставуваат 5% од населението на Мартиник.
Популацијата Беке (која изнесува околу 1% од населението на Мартиник,[20] од кои повеќето имаат аристократско потекло по раѓање или по купување на титулата) обично живеат во куќи на атлантското крајбрежје на островот (најчесто во областа Франсоа - Кап Ест).
Службениот јазик ефранцускиот, кој го зборува речиси цело население. Покрај тоа, повеќето жители умеат да зборуваат и мартиникански креолски, форма на антилско-креолски тесно поврзана со говорот на соседните англиски острови на Света Луција иДоминика. Мартиниканскиот креолски се заснова на францускиот, на карипските и африканските јазици со елементи на англиски, шпански и португалски.
Како округ на Франција, културата на Мартиник ги спојува француските и карипските влијанија. Градот Сен Пјер (уништен од вулканска ерупција на планинатаПеле), често се нарекувал "Париз на Малите Антили".
Денес, Мартиник има повисок животен стандард отколку повеќето други карипски земји. Француски производи се лесно достапни, од моделите Шанел до порцелан од Лимож. Учењето во метрополите (континентална Франција, особено во Париз) е честа појава кај младите луѓе.
Мартиник има хибридна кујна, мешајќи елементи од африкански, француски, индијански и индиски индиски потконтинентални традиции. Едно од најпознатите јадења еКоломбо, пилешко со кари, месо или риба со зеленчук, зачинет со карактеристичнамасала од тамилско потекло, со тамаринд и честопати вино, кокосово млеко,маниока и рум. Традицијата десерти и колачи од Мартиник вклучува ананас, рум и широк спектар на локални состојки.
Мартиник има голема популарна музичка индустрија, која се здобила со меѓународна слава по успехот назук музиката во доцниот 20 век. Популарноста на зук музиката била особено интензивна во Франција, каде жанрот станал важен симбол на идентитетот за Мартиник и Гваделуп.[21] Потеклото на стилот зук се наоѓа во народната музика на Мартиник иГвадeлуп.. Исто така има забележително влијание на карипската калипсо традиција и хаитската компа.
Во 2003 година, Мартиник имал вкупен БДП од 5,496 милијарди евра. Во 2000 година БДП по глава на жител бил14.283 евра. Во таа година услугите сочинувале 82,2% од БДП, додека индустријата претставувала 8,6% а земјоделството 3,5%. Во 2002 година, островот извезувал стоки од вредност од 26 милиони евра, првенствено овошје, пијалаци и рафинирани нафтени производи. Увезол стоки во вредност од 486 милиони евра, вклучувајќи возила, мебел, сурова нафта (користени во рафинеријата на островот).[22]
Историски, економијата на Мартиник се потпирала на земјоделството, но до почетокот на 21 век овој сектор значително се намалил. Производството на шеќер е намалено, при што најголемиот дел одшеќерната трска сега се користи за производство на рум. Извозот на банани се зголемува, најчесто во континентална Франција. Најголемиот дел од барањата за месо, зеленчук и жито мора да бидат увезени. Ова придонесува за хроничен трговски дефицит кој бара големи годишни трансфери на помош од копното Франција.
Сите стоки што влегуваат во Мартиник се наплаќаат со променлива "морнарска такса" која може да достигне 30% од вредноста на товарот и обезбедува 40% од вкупниот приход на островот. Дополнително, владата плаќа "годишен надоместок" од 1-2,5% и данок на додадена вредност од 2,2-8,5%.[22]
Туризмот станал поважен од земјоделскиот извоз како извор на приход. Во 2000 година, островот примил 500.000 туристи, а туристичката индустрија вработила 7% од вкупната работна сила. Околу 16% од вкупните бизниси на островот (околу 6.000 компании) обезбедуваат туристички услуги.[22]
Главниот и единствен аеродром на Мартиник со комерцијални летови е Меѓународниот Аеродром Еме Сезер. Служи за летови до и од Европа, Карибите, Венецуела, САД и Канада.
Фор де Франс е најголемото пристаниште. Островот има редовна фери линија до Гваделуп, Доминика, Света Луција.
↑Gasser, Jacques (1992–1993).„De la mer des Antilles à l'océan Indien (From the Caribbean Sea to the Indian Ocean)“.Bulletin du Cercle généalogique de Bourbon (Bulletin of the Bourbon Genealogical Circle). 38-41. Посетено на31 August 2017. French language original, as reprinted inLe Diable Volant: Une histoire de la flibuste: de la mer des Antilles à l'océan Indien (1688-1700) / ('The Flying Devil: A History of the Filibusters: From the Antilles to the Indian Ocean (1688-1700)').