Марс напаѓа! —американски филм од1996 година наТим Бартон, пожанр —црна комедија инаучна фантастика.
Филмот е комбинација на „евтинарија“ со буџет како за блокбастер, изобилувајќи со специјални ефекти. Саундтракот е наДени Елфман.
Филмот доби различни критики од американски критичари, но беше попопуларен воЕвропа.
Марсовци доаѓаат на планетата Земја и претстедателот на САД бара мирни односи меѓу нив и човечките суштества. Но, марсовците тоа го игнорираат и ја напаѓаат планетата со пиштоли на ласерски зраци. При нападите, може да се види како некои марсовци „си играат“ со некои светски познати споменици, како планинатаРашмор иАјфеловата кула. Луѓето се во паника, и еден од главните личности оди да ја спаси баба му, а при тоа открива начин како да ги уништи вонземјаните, а тоа е свирејќи песна насловена "Indian Love Call" одСлим Витман. Од таа песна, на марсовците им експлодира мозокот. Планетата е спасена, но во голем дел уништена.
Крај на информациите поврзани со дејствието и/или расплетот.
|
---|
| 1980-ти | |
---|
| 1990-ти | |
---|
| 2000-ти | |
---|
| 2010-ти | |
---|
|