Movatterモバイル変換


[0]ホーム

URL:


Прејди на содржината
ВикипедијаСлободна енциклопедија
Пребарај

Мал пескар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мал пескар
Научна класификација
Царство:Животни
Колено:Хордови
Класа:Птици
Ред:Бекасови
Семејство:Блатарки
Род:Charadrius
Вид:Мал пескар
Научен назив
Charadrius dubius
Scopoli, 1786

Проблеми со пуштањето?Помош.
Charadrius dubius Јајце

Малиот пескар илималиот свиркач (научCharadrius dubius) е мала блатарка која живее во отворени области со чакал во близина на слатки води, вклучувајќи и јами со чакал, острови и крајбрежја на реките воЕвропа и западнаАзија. Оваа птица ја има и воМакедонија.

Опис

[уреди |уреди извор]

Возрасните птици имаат сивокафеав грб и крилја, бел стомак, бели гради со една црна линија како ѓерданче. Имаат црна капа, челото им е бело и црна маска околу очите обрабена со бело. Клунот им е краток и темен. Нозете се месо боја, а прстите се поврзани со ципа.

Се разликува од малку поголемиотсреден пескар во бојата на нозете, нијансите на главата и присуството на јасниот жолт прстен околу очите.

Живеалиште и поведение

[уреди |уреди извор]

Малиот пескар живее во близина на слатки води, крај реки, езера, во чакалести предели. Зимно времесе селат во Африка.Гнездото го сместуваат на земја, поточно во чакалот, со малку или без растенија. Обата родитела се менуваат приинкубацијата.Се хранат пасејќи во мочурливата земја, обично јадејќи тоа што можат да го видат. Јадатинсекти ицрви.

Малиот пескар е еден од видовите на кои се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските водни птици-преселници.

Наводи

[уреди |уреди извор]
  1. BirdLife International (2012).Charadrius dubius.IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на16 July 2012.

Надворешни врски

[уреди |уреди извор]
Мал пескар“ на Ризницата ?
Charadrius dubius“ на Викивидовите ?
Нормативна контрола
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Мал_пескар&oldid=5090131
Категории:
Скриени категории:

[8]ページ先頭

©2009-2025 Movatter.jp