Movatterモバイル変換


[0]ホーム

URL:


Прејди на содржината
ВикипедијаСлободна енциклопедија
Пребарај

МИГА

Од Википедија — слободната енциклопедија

Мултилатерлана агенција за гарантирање на инвестоциите илиМИГА — меѓународна организација за поддршка на странскитеинвестиции, основана како дел одСветската банка.

Историјат

[уреди |уреди извор]

На иницијатива на претседателот на Светската банка, претставена на годишниот состанок во 1981 година, Светската банка подготвила нацрт на Конвенцијата за основање на Мултилатералната агенција за гарантирање на инвестициите, со цел да се поттикне движење од економскиоткапитал до земјите во развој со издавање нагаранции од некомерцијалниризици поврзани соинвестициите. На 11 октомври 1985 година, Годишното собрание на Светската банка го одобрило текстот на Конвенцијата и го испратило за потпис од земјите-членки заинтересирани за МИГА.

Активности

[уреди |уреди извор]

МИГА издава гаранции за комерцијалниризици, како што се: пренос на валути, експропријација, прекршување на договорот, воени и социјални немири итн. МИГА има 141 зчленки, а нејзиното седиште е воВашингтон. Земјите-членки се поделени во две категории: првата категорија ги вклучува развиените земји (21 земји), а во втората категорија се распоредени другите земји (земјите во развој). Најголем бројакции имаат САД 20 519 (20,5 % од вкупниот капитал), паЈапонија со 5 095 акции,Германија со 5 071 акцииВелика Британија иФранција имаат околу 4 860 акции, итн. Некои од областите кои ги покрива МИГА на глобалниот пазар наосигурување на инвестициите се:[1][2]

  • да го зголеми капацитетот на другите јавни и приватни агенции за осигурување одполитички ризик преку коосигурување иреосигурување;
  • врши инвестициско осигурување во други земји, полиси за осигурување од страна на агенциите или владината политика исклучени од програмата;
  • давање услуги на инвеститори кои немаат пристап до официјални агенции за осигурување од политички ризик.

Наводи

[уреди |уреди извор]
  1. Официјално мрежно место на МИГА (пристапено 19.02.2019)
  2. Алекса Милојевић,Основи економије, Економски факултет, Српско Сарајево, 2002, стр. 9.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=МИГА&oldid=4497421
Категории:

[8]ページ先頭

©2009-2025 Movatter.jp