Луј XIV (роден на5 септември1638 водворецот Сен Жермен ан Ле - починал на1 септември1715 воВерсај) бил крал на Франција одБурбонската династија и крал наНавара. Тој бил син на кралотЛуј XIII иАна Австриска. Станал крал на14 мај1643, на само 4 години. Во негово име како регент владеела неговата мајка, Ана, која власта ја пренела во рацете накардиналотЖил Мазарен. По смртта на Мазарен, во 1661, Луј XIV ја презел контролата над владата. Владеењето на Луј XIV, познат и како „крал-сонце“ и „Луј Велики“ траело 72 години. Тоа е најдолгото владеење во историјата на Европа. Успеал да ја зголеми моќта и влијанието на Франција воЕвропа. Војувал во три големи војни (Француско-холандската војна,Војната на големата алијанса иВојната за шпанското наследство) и две помали (Деволуционата војна иВојната за повторно соединување). |