Личен сојуз означува комбинација во која две различнидржави се управувани од истиотмонарх, додека нивните граници, закони и интереси остануваат раздвоени.[1] Личниот сојуз не треба да се меша софедерацијата, која во меѓународното право настапува како единствена држава.
Личните сојузи може да настанат од различни причини, од принцеза која е омажена за крал на друга земја, па потоа го наследува престолот во својата земја, поради што нивното дете ги наследува обете круни, па сѐ до анектирање на едно кралство од друго, каде монархот се прогласува за крал на двете земји.
Бидејќи претседателите нарепубликите се бираат на избори од гласачите во своите земји, личниот сојуз е феномен кој се однесува само на монархиите. Со опаѓањето на бројот на монархиите во 20. век, личните сојузи стануваат сѐ поретки. Денес најзначаен пример на личен сојуз еКомонвелтот, кајшто британскиот монарх е истовремено и крал на повеќето членки на Комонвелтот, претставен во тие земји преку Генерален гувернер.[2][3]