Лесото (сото:Lesotho) или офиц.Кралство Лесото (Muso oa Lesotho) — независна земја воЈужна Африка и воедно е енклава бидејќи е целосно опкружена соЈужноафриканската Република. Големината на Лесото е околу30.000км2, со население од околу 1.800.000. Главен град на кралството еМасеру. Таа е најјужната независна држава во светот која не излегува наморе. Лесото е член наОбединетите нации. ИметоЛесото потекнува од националниот јазик сесото и значи „земјата на луѓе кои зборуваат Сесото“. Околу 40% од населението живее под границата на сиромаштија со $ 1.25 на ден.
Областа позната како Лесото датира дури од пред 40.000 години. Во моментов Лесото (тогаш нареченБасутоленд) се појавил како единствен систем до на управување под раководство на највисокиот началникМошешое I во1822. Под негово раководство Басутоленд се приклучил кон останатите племиња во регионот за борба противИмперијата Зулу во периодот од1818 -1828. Во периодот од1868 до1966 година, територијата била под британски протекторат удвоен од територијата на Јужноафриканската република. На4 октомври1966 година била прогласена независноста на земјата. Притоа, била воведена повторно традиционалнатамонархија. Во следните години бил воведен еднопартиски систем, а по ова за првпат во земјата во1993 година се одржале слободни избори. Кон крајот на 90-тите од минатиот век, економската ситуација во земјата се влошила, кое довело до големи протести и по изборите во1998 година, каде биле уништени важни објекти од престолнината. Немирите биле спречени од страна наЈАР иБоцвана. Од тогаш, економската и политичката ситуација во земјата се стабилкизирала.
Лесото покрива 30.355 квадратни километри. Таа е единствената независна држава во светот, што лежи целосно над 1.400 метри надморска височина.Најниската точка во државата е 1.400 метри. Над 80% од земјата лежи над 1.800 метри надморска височина. Лесото е независна и граничи со само една држава-Јужноафриканска Република.
Поради својата височина, Лесото е поладен во текот на годината за разлика од останатите околни региони. Дожд во Лесото има преку летните периоди. Масеру и околните низини често достигнуваат 30°C во летниот период.
Уставното уредување на Лесото еуставна монархија. Премиерот, Пакалита Ватуила Мосисили, е шеф на владата. Кралот има церемонијална улога, тој повеќе не поседува никакви извршната права и е забрането активно да учествува во политички иницијативи.
Конгресот за демократија на Лесото (КДЛ) го контролира мнозинството во Националното собрание со 62 места. Конвенцијата сите Басото (КСБ), партија формирана непосредно пред изборите под раководство на поранешниот министер за надворешни работи Том Табане, е главната опозициска партија во државата.
Економијата на Лесото се заснова надијаманти и државата извезува во целиот свет. Покрај дијамантите, Лесото има производство на земјоделски и сточарски производи. Лесото има извоз наволна,мохер,облека иобувки. Еден од производствените погони на Levi's се наоѓа токму во Лесото. Покрај географската интегрираност на Лесото воЈАР и економски двете држави се интегрирани. Голем дел од семејствата во Лесото работаат во ЈАР, претежно какорудари. Сепак, 50% од населението својата егзистенција ја стекнува преку земјоделството и сточарството. Поради тоа, половина од приходот на Лесото доаѓа токму одземјоделството.
Главни природни ресурси на Лесото се дијамантите и водата. Валутата на Лесото елоти (множина малоти). Главни трговски партнери на Лесото се ЈАР,Германија,Велика Британија иИрска.
Лесото има население од околу 1.881 милиони жители, според пописот од2006 година. Од вкупното население на Лесото, 25% живее во урбаните и 75 проценти во руралните средини. Сепак, се проценува дека годишниот пораст на урбаната популација е за 3,5%. Густина на населението е пониска во планините. И покрај тоа што мнозинството од населението - 60,2%, се наоѓа помеѓу 15 и 64 години, Лесото има значителна младата популација која брои околу 34,8% од вкупната бројка на население. Годишна стапка на раст на населението е 0,116%.
Етно-лингвистичката структура се состои речиси целосно од народотБасото народ. Главниот јазик во државата есото (сесото), кој е и првиот службен административен јазик. Покрај сесото,службен јазик е ианглискиот.
Христијанството е доминантна религија во Лесото.[4] 90% од населението на Лесото сехристијани.Католиците, најголемата верска група, сочинуваат околу 45% од населението.Евангелистите сочинуваат 26% од населението и англиканците и други христијански групи ги сочинуваат дополнителни 19%. Останатите 10% се припадници на останати религии.
Традиционалниот музички инструмент на Лесото се нарекувалеколило и е еден вид на флејта и го користат деца. Покрај овој, се користи исетоло-толо, инструмент кој го користат мажите и се свири со уста. Жените свират натомо. Традиционалниот начин на градење на куќи се нарекуварондавел.
Уставот на Лесото бил усвоен на 2 април 1993 година. Со уставот државата била дефинирана како уставна монархија, со парламент кои го сочинуваат два дома. На изборите за парламент право на глас имаат сите граѓани постари од 18 години. Исто така утврдена е и поделбата на власт, а и судството е независно. Со уставот се гарантирани основните човекови права, правото на говор, правото на печат, верската слобода, правото на приватност и на заштита на приватната сопственост.
Премиерот на Лесото, во моментовТом Табане, е претседател на владата и на кабинетот и ја има извршната власт во земјата. Премиерот не се бира директно на избори, каков што е случајот во многу држави. Според одредбите во уставот, претседателот на победничката партија на изборите автоматски го добива местото на премиер на државата. Во периодот помеѓу 1986 и 1993, должноста на премиер ја обавувале претседателите на војните совети, додека војната власт управувала со државата.
Кралот на Лесото, моментално Летси Трети од 7 февруари 1996, има само одредени овалстувања, а според уставот му е забранета секаква активна улога во политичкиот живот. Монархијата е наследна, но понекогаш е можно и советот на племенските поглавари по одредени традиционални закони да утврди кој ќе го наследи умрениот монарх.
Судската власт во Лесото се заснова, како и воЈужноафриканската Република, на мешовита форма помеѓу обичното право и англо-холандското право. Со уставот е гарантирано независно судство и целосно одвојување од политиката. Највисока судска институција е врховниот суд, чиј претседател е предложен од кралот. Исто така во државата постојат и локални судови и традиционални судови.